Македонија и нејзините политички лидери, пак, можат да бидат спокојни, бидејќи во новонастанатата геополитичка ситуација немаат потреба за менување на својот поставен суверенистички курс посветен на заштита на националните интереси. Напротив, тој е на иста линија со изнесените ставови на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс на неодамнешната Минхенска безбедносна конференција, за слобода на говорот и за почитувањето на волјата на народот. Кога Трамп и Венс се залагаат да се слушне гласот на народот, тогаш можеби и ЕУ ќе се свести дека треба да го слушне гласот на народот во Македонија за наметнуваните уставни измени, кои претставуваат непринципиелен критериум при македонските евроинтеграции, наместо да го игнорираат како што беше случај своевремено со референдумот за името
Скептицизмот од враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа на неговите политички неистомисленици навистина беше оправдан. Се случува сето она за кое тие предупредуваа, веројатно бидејќи американскиот претседател се придржува до претходно изнесените ветувања, како што е, на пример, определбата за носење мир на Блискиот Исток и во Украина, на што работи со полна пареа, на свој начин.
Оптоварени од голема загриженост, многумина (до неодамна) гласни критичари на лидерот на САД, од милијардери па до политичари, брзо ја сменија плочата и бесрамно поитаа да му се додворуваат во обид да го одоброволат. Претседателската инаугурација беше исполнета со милијардери што не толку скриено имаа желба да издејствуваат некоја профитабилна бизнис-зделка преку доближување на Трамп. Меѓу нив е и третиот најбогат човек на денешницата Џеф Безос, кој во 2016 година гласно изрази загриженост дека тогашниот претседателски кандидат Доналд Трамп може да ја „еродира“ американската демократија, а сега беше во првиот ред на претседателската инаугурација, надевајќи се дека ќе добие наклонетост од новата администрација на Трамп за неговите бизниси.
Европските политички лидери предничеа во сервилниот тон кон американскиот претседател, особено оние што до неодамна отворено изразуваа недоверба кон него, како што беше случај со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Таквиот однос ги соголи сите слабости и поделби во ЕУ, како што забележа и британски „Гардијан“, додавајќи оти ретки се оние како унгарскиот премиер Виктор Орбан чии пофалби кон Трамп се искрени.
Во очајнички обиди за искупување, многумина сега се фаќаат за сламка, обидувајќи се со сите сили да го сменат курсот, почнувајќи од реториката, па до официјалните политики. ЕУ грчевито се бори за да остане релевантна на меѓународната политичка сцена откако беше исклучена од мировните преговори за Украина, кои Русија и САД ги водат во Ријад, Саудиска Арабија. А вонредните состаноци на дел од богатите и влијателни членки на Унијата, организирани од францускиот претседател Емануел Макрон, завршија со фијаско, без усогласен заеднички став за прашањата во однос на идната европска политика кон Украина.
Македонија и нејзините политички лидери, пак, можат да бидат спокојни, бидејќи во новонастанатата геополитичка ситуација немаат потреба од менување на својот поставен суверенистички курс посветен на заштита на националните интереси. Напротив, тој е на иста линија со изнесените ставови на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс на неодамнешната Минхенска безбедносна конференција, за слобода на говорот и за почитувањето на волјата на народот. Кога Трамп и Венс се залагаат да се слушне гласот на народот, тогаш можеби и ЕУ ќе се свести дека треба да го слушне гласот на народот во Македонија во врска со наметнуваните уставни измени што претставуваат непринципиелен критериум при македонските евроинтеграции, наместо да го игнорираат како што беше случај своевремено со референдумот за името.
Во ситуација кога се доведува во прашање одржливоста на Унијата и се истакнува неопходноста за нејзино итно преструктурирање, извесно е оти Македонија треба да ги насочи дипломатските активности во насока на продлабочување на стратегискиот договор и соработката со САД. Поволна пригода за претставување на македонските ставови во надворешната политика ќе претставува и обраќањето на премиерот Христијан Мицкоски во рамките на посетата на Вашингтон, на годишната конференција за конзервативна политичка акција што ја води американскиот потпретседател Џеј Ди Венс
Впрочем, критикувајќи ги Преспанската спогодба со Грција и Договорот за добрососедство со Бугарија, не ни беше цел попусто да противречиме и да се инаетиме, туку да ги заштитиме својот идентитет и суверенитет. Да ѝ укажеме на меѓународната заедница дека притисоците од соседите претставуваат отворен напад врз суверенитетот на Македонија и врз идентитетот на мнозинскиот народ во земјата.
Во ситуација кога се доведува во прашање одржливоста на ЕУ и се истакнува неопходноста за нејзино итно преструктурирање, извесно е оти Македонија треба да ги насочи дипломатските активности во насока на продлабочување на стратегискиот договор и соработката со САД. Поволна пригода за претставување на македонските ставови во надворешната политика ќе претставува и обраќањето на премиерот Христијан Мицкоски во рамките на посетата на Вашингтон, на годишната конференција за конзервативна политичка акција што ја води американскиот потпретседател Џеј Ди Венс.
Во новото подредување на геополитичката сцена, кога и во Европа се забележува одредено насочување кон суверенистичкиот пристап, Македонија треба да ја искористи поволната политичка клима со цел да ги реализира своите национални интереси, политики и внатрешни реформи. Можеме да пловиме без нагли маневри и да дејствуваме по сопствени убедувања. Го знаеме нашиот правец, имаме поставен курс, а другите нека се спасуваат како знаат и умеат, борејќи се да не потонат.