Македонија да стане Норвешка

Македонија сѐ уште е далеку од посакуваното ниво на кое треба да биде. Тоа секому му е јасно. Во Германија едноставно видовме што значи атомски ракомет. А како Македонија ќе се приближи некој чекор поблиску до тоа ниво? Од тука до Германија, оддалеченоста е уште голема, а чекорите премали. Победата е вредна, но пласманот слаб. Видовме млади ракометари чие време доаѓа, како што се Марко Митев, пикерот Милан Лазаревски, десното крило Ненад Костески, голманите Мартин Томовски и Марко Кизиќ, но и играчи од кои многу повеќе очекувавме
поради нивното искуство

Љубителите на спортот, а особено на ракометот, изминативе две недели можеа да уживаат гледајќи атомски ракомет, проткаен со врвни мајстории на играчките ведети како што се Никола Карабатиќ, Микаел Хансен, Недим Ремили, Јури Кнор, Матијас Гидсел, Лудовик Фабрегас, Мартим Коста, Андреас Волф… и многу други, кои често ги гледаме и како ги тресат мрежите во клубовите во кои настапуваат, а голманите, пак, со своите чудесни настапи бранат и невозможни удари.
Меѓу 24-те селекции што настапија во Германија беше и македонската предводена од селекторот Кирил Лазаров. А по што ќе го паметиме нејзиниот настап, освен по рекордната посетеност на еден меч со 53.586 гледачи на чинот на отворањето одигран на фудбалскиот стадион во Диселдорф, каде што токму црвено-жолтите играа со ракометната велесила и нов европски првак Франција. Сигурно подобар почеток не можевме ни да посакаме ако се има предвид што влеговме во ракометната историја за меч со најмногу посетители на еден натпревар (и вкупниот на целото ЕП од 1.008.660 гледачи може само да предизвикува воздишки), а згора и цела Европа нѐ гледаше. Едноставно бевме таму каде што сакавме, а како поминавме со репрезентацијата, која уште е во еден транзициски период, допрва ќе треба да се анализира од нашиот стручен штаб.
Македонските ракометари со победата над Швајцарија со 29-27, во третиот натпревар од својата група А, го освоија третото место во групата, со што и го завршија настапот на ЕП во Германија, што, пак, беше доволно да се најдеме во првиот, посилен барабан за баражот за СП. Но она што боде очи е што истото тоа ни се случува веќе третпат во низа. Втората фаза за Македонија како да е со „блиндирана“ врата.
Без разлика како ќе поминеме во претстојниот бараж со солидната репрезентација на Фарски Острови, последните настапи на ЕП и СП покажуваат дека во македонскиот ракомет треба уште многу да се работи, без разлика на очигледниот факт што ги немаме нашите поранешни ракометни ѕвезди, кои оставија траен печат на терените низ светот, кои обединуваа и секогаш ги радуваа срцата на многубројните вљубеници на македонскиот ракомет.

Но Македонија сѐ уште е далеку од посакуваното ниво на кое треба да биде. Тоа секому му е јасно. Во Германија едноставно видовме што значи атомски ракомет. А како Македонија ќе се приближи некој чекор поблиску до тоа ниво? Од тука до Германија, оддалеченоста е уште голема, а чекорите премали. Победата е вредна, но пласманот слаб. Видовме млади ракометари чие време доаѓа, како што централниот бек Марко Митев, пикерот Милан Лазаревски, десното крило Ненад Костески, голманите Мартин Томовски и Марко Кизиќ, но и играчи од кои многу повеќе очекувавме поради нивното искуство.
И толку за спортскиот аспект на првенството.
Ако ракометот го гледаме како своевидна метафора на животот, тогаш би посакале да се видиме еден ден како скандинавските држави на ракометен план.

Ако ракометот го гледаме како своевидна метафора на животот, тогаш би посакале да се видиме еден ден како скандинавските држави на ракометен план. Или уште подобро, како Норвешка. Не случајно селекторот Лазаров уште пред првенството спомна дека би сакал еден ден да бидеме како Норвешка. Земја што се одликува со одлична одговорност, посветеност и дисциплина, што резултира со импресивен БДП, не може да понуди поинаков пристап кон ракометот

Или уште подобро, како Норвешка. Не случајно селекторот Лазаров уште пред првенството спомна дека би сакал еден ден да бидеме како Норвешка. Земја што се одликува со одлична одговорност, посветеност и дисциплина, што резултира со импресивен БДП, не може да понуди поинаков пристап кон ракометот.
Токму затоа, време е и на државен план да се изроди еден вистински лидер на тимот, голгетер, кој ќе знае да „дава голови“ и со најголемите соговорници, независно од каде доаѓаат. Време е за „командант на одбраната“ што ќе знае да нѐ одбрани, да ги одбие сите напади врз она што ни е најсвето – нашиот идентитет, јазик, култура, историја…
Изборите се близу, парламентарните и претседателските. Време е за кандидатите да покажат дека имаат храброст, умеење и искуство за да одговорат на барањата на народот. Зошто и ние да не почувствуваме дека Норвешка „не е далеку“. Се разбира, ако се има добри играчи.