Како да извадиш корумпирани кртови што ти ја ископале бавчата?

Што по големото чистење? Ќе може ли Америка да создаде систем што ќе ја оправда фразата „имам сон“, имам „американски сон“? А имаме ли систем за кој се фалевме дека сме го имале, ама сме го немале? Имаме ли вредности што сакаме да ги извезуваме во светот? Затоа што тој корумпиран систем што сега Трамп го вади како кртови од под бавча е само мал дел од целата мегаконструкција. Дали сега со промените во САД, а тоа ќе бидат и глобални промени во кои ќе има вечна борба меѓу „доброто и злото“, ќе се смени нешто крупно во врска со слободата на мислење, изразување, пишување. Дали, дали???

Големото американско чистење е во тек. Од час во час, од ден на ден само слушаме и ќе слушаме шокантни работи за тоа колку Америка била заглавена во корупција. Некаде наидов на податок дека на список за социјална помош имале повеќе корисници отколку што има жители. Над 300 милиони корисници на социјална помош?! Ете ти корупција. Некојси наш ПИОМ, ама изразен во милијарди долари. Ние сме ситна боранија, ние сме уште на милиончиња. Како американски школарец за мене е тоа голем шок, затоа што за време на моите студиски престои во таа земја добивав информации дека општеството има речиси нулта корупција. Не било така. И Америка била инфицирана. Па, луѓе сме, сите сакаме да лапнеме екстра пари. Имаме слабости. Парите зборуваат. Парите можеле да купат сѐ. Кај нас „парите се отепувачка“ (беа), но се сменивме (на полошо).
Можеби администрацијата на Доналд Трамп многу работи ќе доведе во ред, а како почнал, има големи шанси да успее. Што по големото чистење? Ќе може ли Америка да создаде систем што ќе ја оправда фразата „имам сон“, имам „американски сон“? А имаме ли систем за кој се фалевме дека сме го имале, ама сме го немале? Имаме ли вредности што сакаме да ги извезуваме во светот? Затоа што тој корумпиран систем што сега Трамп го вади како кртови од под бавча е само мал дел од целата мегаконструкција. И тој е распространет ганглиски, мрежно, шпионски, поткупливо насекаде низ светот. Го има и кај нас. Ееееј, не да го има, не остана ни бавча ни нива ни простор каде што нашите кртови не ископале не дупки, туку јами. Ние едноставно како држава, нација, па и општество, пропаднавме во тие јами.
Е, сега многу е интересно што Америка нам ни состави црни листи, санкционира поединци, добро нафатирани поединци. Ќе има ли Америка сопствени црни листи? Многу ме интересира. Ме интересира од причини што лично сум се нашол на црна листа за мој изразен став во новинарски текст.

Тоа беше во септември 2015 година, кога со указ тогашниот претседател на Украина со декрет ме прогласи за непожелна личност, која не смее да оди во Украина во период од една година. Моето име стана познато глобално, а не сум добил ни Нобелова, ни Пулицерова ни награда М.Х. Јасмин. Не. Зошто? Затоа што сум имал свој став за случувањата во Украина, особено за тогашниот референдум на Крим. Дали сега со промените во САД, а тоа ќе бидат и глобални промени во кои ќе има вечна борба меѓу „доброто и злото“, ќе се смени нешто крупно во врска со слободата на мислење, изразување, пишување. Дали, дали??? Затоа што во Македонија, а и во многу земји во светот настрадаа новинари и поединци поради искажана мисла. За став. Некои беа ликвидирани. Не размислувам за свет во кој владеат идеални услови и соодноси, не, размислувам за враќање на духот на слободата, на принципите, на почитување на различностите, посебностите, законите.
Можеме ли ние да ја развиваме идејата за суверена Македонија ако ја немаме потребната слобода? Слобода не само да искажуваме свој став туку и слобода да истражуваме без да имаме бирократски пречки. Ќе ни треба пристап до сите релевантни информации. Но да заклучиме – нема суверенитет без слобода! Поинаку тоа би било глумење. Симулакрум.
Ние сме, значи, пред тежок испит. Кога го зборувам ова се сеќавам на зборовите на еден професор од Универзитетот во Остин, Тексас, неговото име е Роберт Јенсен, кој на предавањето рече дека „во Америка последната истражувачка сторија била таа со аферата ’Вотергејт’“. Ако тоа се однесува за Америка, па каде сме ние? Ние сега треба да сме низ лавиринтите на дупките кртовски, таму треба да ги бараме фактите и нив да ги извадиме на светлина. Одговорите секогаш можат да се најдат во минатото, кое поради дистанцата понекогаш може да се нарече и историја.
Еве еден предизвик и мислам дека би требало брзо да дојдеме до одговорот. И мораме, оти времето пак ќе нѐ прегази, а во 21 век, во ерата кога влегуваме во манипулации со вештачката интелегенција, мораме да го запечатиме нашиот суверенитет.

Предизвикот се вика дали Вашингтон ќе санкционира поединци за изречен став против Преспанската спогодба? Дали? Извршната наредба на Џо Бајден е во сила и таа вели дека кој ќе зборува против таа спогодба, ќе оди на црна листа. Ќе ја повлечат ли, ќе ја укинат ли или можеби ќе ја сменат? Нашиот дебел аргумент е дека таа спогодба е дело на подземниот свет, креирана е во кртовските дупки и како таква мора да се извади на дневно светло, иако знаеме дека кртовите на светлина се слепи. Па, и правдата е слепа!

Предизвикот се вика дали Вашингтон ќе санкционира поединци за изречен став против Преспанската спогодба? Дали? Извршната наредба на Џо Бајден е во сила и таа вели дека кој ќе зборува против таа спогодба, ќе оди на црна листа. Ќе ја повлечат ли, ќе ја укинат ли или можеби ќе ја сменат? Нашиот дебел аргумент е дека таа спогодба е дело на подземниот свет, креирана е во кртовските дупки и како таква мора да се извади на дневно светло, иако знаеме дека кртовите на светлина се слепи. Па, и правдата е слепа! Ако еден либерален систем успеал од УС АИД (американска агенција за меѓународен развој) да направи УС АИДС, што е скратеница за сида, и глобално инфицирал, па и во Македонија, тогаш ние имаме и повеќе од морално право да застанеме во одбрана на самите себе и како нација и како држава и како општество. И како индивидуи. Сега во време на длабоко чистење на длабоката држава во Америка е идеално време за чистење и кај нас. Вадењето на ножевите во Обвинителството, што ќе рече ќе раскажуваат тие што ќе преживеат, е индикатор дека нешто се случува во тој правец. А Обвинителството е и тоа како замешано во корумпирањето за да помине Преспанската спогодба. „Кој било договор постигнат на коруптивен начин веднаш се поништува“, се потенцира во Виенската конвенција за договорно право. И тоа е само еден основ таа да исчезне како факт и обврска. Тие што велат и ќе се пењават и во иднина, затоа што лапале, лапале бре како да е крај на светот, дека мора да ја почитуваме таа лабораториска спогодба, која важи за вјек и вјеков, не се во право и тие само поддржуваат висока корупција. Секогаш постои точка од која има враќање, постојат нови можности, нови патишта на соработка. Сега е идеалниот момент да се искористи тоа. А, дојдовме до точка да ги менуваме учебниците, под присила, да ја менуваме историјата под диктат, да ги учиме децата дека тие не се наши деца оти врската на нашата и нивната посеверена држава некој ја пресекол, да печатиме книги со самофинансирање затоа што мора да се користи таа „северна“. Ете, тука некаде е нашата борба за слобода. Па, голем е залогот и вреди да се бориме. Се вика Македонија. Наша Македонија, каква што ние си ја сакаме, ние си ја замислуваме.