- Македонското општество повеќе не им верува на европските политичари затоа што тие веќе ги излажа македонските граѓани дека промената на уставното име ќе биде последната отстапка. И покрај промената на името, преговорите не започнаа, а Брисел не го исполни ветувањето. Не е важно дали Бугарија или некоја друга членка стави вето, важно е дека европската бирократија не ги зела предвид сите можни варијабли. Со други зборови, Брисел е кусоглед и не може да води предвидлива стабилна политика. Денес во Македонија кон Урсула фон дер Лајен и Европската Унија се гледа со недоверба, а Брисел со неисполнување на своето ветување долгорочно ја наруши сопствената репутација во очите на македонските граѓани. Како можеме да веруваме дека ова ќе биде последното барање од Брисел и Европската Унија кога неколкупати досега нѐ излажаа!
Лагата е универзална појава што ги разголува слабостите на човечките односи и на општествата. Не случајно германските поговорки и афоризми, како што е онаа во која се вели дека „ако некој излаже еднаш, никој веќе нема да му верува, дури и ако потоа ја каже вистината“, се мудрости што ги осветлуваат суштината на лагата, нејзините последици и вредноста на вистината. Една лага ја уништува довербата во целина, а враќањето кон вистината повеќе не го враќа изгубениот кредибилитет. Во односите помеѓу луѓето, но и во односите помеѓу државите и општествата, чинот на измама може да доведе до недоверба и долгорочно нарушување на репутацијата.
Но зошто е ова важно? Урсула фон дер Лајен при нејзините средби со македонската претседателката Гордана Силјановска-Давкова, македонскиот премиер Христијан Мицкоски и претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, како да ги заборави германските мудрости за лагата. Доколку беше свесна за тоа, немаше да ни ја пренесе пораката дека уставните измени се последен услов за почеток на преговорите со Европската Унија, како и дека „топката е во нашиот двор“, односно уставните измени се последниот чекор што ја отвора вратата кон почеток на преговорите со ЕУ. Но Фон дер Лајен, намерно или не, како да заборава дека оваа порака во изминативе три децении Македонија како држава, нација и општество можеби ја слушна стопати досега.
Европската Унија и европските политичари идентично постапија непосредно пред неуспешниот референдум за промена на нашето уставно име. И тогаш ни велеа дека тоа е последниот услов, како и дека треба да покажеме политичка одговорност и да ги донесеме неопходните одлуки. Каков апсурд!
Македонското општество повеќе не им верува на европските политичари затоа што ги излажа македонските граѓани дека промената на уставното име ќе биде последната отстапка. И покрај промената на името, преговорите не започнаа, а Брисел не го исполни ветувањето. Не е важно дали Бугарија или некоја друга членка стави вето, важно е дека европската бирократија не ги зела предвид сите можни варијабли. Со други зборови, Брисел е кусоглед и не може да води предвидлива политика. Денес во Македонија кон Урсула фон дер Лајен и Европската Унија се гледа со недоверба, а Брисел со неисполнувањето на своето ветување долгорочно ја наруши сопствената репутација во очите на македонските граѓани. Како можеме да веруваме дека ова ќе биде последното барање од Брисел и Европската Унија кога неколкупати досега нѐ излажаа!
Што се однесува, пак, до искажувањето на Фон дер Лајен дека топката е кај нас, всушност отсекогаш било така. Со други зборови, одлуката за нашата судбина отсекогаш била во нашите раце. Топката кај нас не е само популарна фраза туку принцип – само преку владеење на сопствената волја, вистински реформи и национална одговорност можеме да влеземе во европската заедница со достоинство. Влегувањето во ЕУ не смее да стане замена за сопствената одговорност или краток пат кон надворешна легитимација, туку резултат на внатрешна трансформација што сами сме ја иницирале и реализирале. Досега нашиот пат кон Европската Унија беше исполнет со отстапки и разочарувања.
- Што се однесува, пак, до искажувањето на Фон дер Лајен дека топката е кај нас, всушност отсекогаш било така. Со други зборови, одлуката за нашата судбина отсекогаш била во нашите раце. Топката кај нас не е само популарна фраза туку принцип – само преку владеење на сопствената волја, вистински реформи и национална одговорност можеме да влеземе во европската заедница со достоинство. Влегувањето во ЕУ не смее да стане замена за сопствената одговорност или краток пат кон надворешна легитимација, туку резултат на внатрешна трансформација што сами сме ја иницирале и реализирале. Досега нашиот пат кон Европската Унија беше исполнет со отстапки и разочарувања. Историјата покажува дека сме биле изложени и на ветувања што не секогаш биле реализирани, па затоа оправдано е да бидеме претпазливи кога се нудат нови услови поврзани со уставни промени
Историјата покажува дека сме биле изложени и на ветувања што не секогаш биле реализирани, па затоа е оправдано да бидеме претпазливи кога се нудат нови услови поврзани со уставни промени.
Не смееме да заборавиме дека топката кај нас значи и дека ние сме тие што мора да ги постават приоритетите — правда, владеење на правото, борба против корупцијата, реформа на јавната администрација и економска стабилност. Овие промени имаат вистинска вредност само ако доаѓаат одвнатре, поттикнати од граѓаните и политичките актери, а не како резултат на надворешен притисок или размена на идентитетски елементи за брз прием. Влегувањето во ЕУ треба да биде резултат по наши сопствени одлуки и реформи, а не резултат на брзи компромиси или нови ветувања што би го повториле истиот шаблон на разочарување. Уставот не е и не треба да стане единствен критериум за прием, тој е дел од поширокиот процес на градење капацитет и доверба. Само ако предводиме со јасна визија, внатрешни реформи и реален консензус, ќе влеземе во Европа како една зрела, суверена и одговорна држава.
На крајот ќе завршиме со германската поговорка, која вели дека „искреноста е најдобрата политика“ (Ehrlich währt am längsten), односно дека честитоста не е само морален идеал туку и практична политика на одржливост. Не случајно се вели дека постепената изградба на довербата и отвореноста создава услови за стабилни врски, сигурни институции и одржлив развој, а интегритетот носи резултати што не се мерливи само на краток рок, туку обезбедуваат животен капитал што не избледува со текот на времето. Меѓутоа сето ова недостасува во односите помеѓу Македонија и Европската Унија и оттука е совршено јасно зошто се бараат дополнителни гаранции. Ова треба да му биде јасно секому, вклучувајќи ја и Урсула фон дер Лајен.