Во овој контекст не треба да го испуштиме од вид размислувањето на поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини, кој преку својот фејсбук-профил испрати многу јасна и прецизна порака: „Не е знак на храброст со кола да газиш над знамето на државата во која живееш“
Случувањата во деновите за време на одбележувањето на Денот на албанското знаме, но и во деновите што следуваа повторно ги отпретаа размислувањата за кои лажно се надевавме дека се некаде запретани и дека е конечно време да се зборува за некои други, многу поважни и во секој случај поубави работи. Но, ѓаволот ни ора ни копа, како што рекол народниот мудрец, па на сцената повторно излегоа некои стари сценарија, само сега во ново пакување. Со некои нови ликови, кои, нели, сосема случајно се најдоа во толкав број на улиците на нашите градови и кои воопшто не провоцираа и никого не навредуваа, туку, ете, им се попречиле „лошите и зли полицајци“ на патот и така, испровоцирани од постапките на полицијата, решиле да потскинат некое знаме и да го подзапалат, колку да се згреат во студената ноќ.
И бидна што бидна, полицијата иако така „безобразна и нечувствителна“, како што сакаат да ја прикажат оние на кои таа не им е по ќеф, сепак ни за момент не ја премина границата. Дури ниту кога оној полициски автомобил што го видовме на една од безбројните снимки што циркулираа во етерот беше сардисан од некои возбудени момци, па дури и од малолетни деца, кои провокативно мавтаа со знамињата и безмалку целосно го покрија.
Што да се каже повеќе. Безразумно однесување со уште понеразумно објаснување и толкување, кое никому не му оди во полза.
И нормално, откако не бидна ништо од она што некој очигледно го посакуваше, тргна лавината на партиски соопштенија, со кои се фрлаа дрвја и камења по полицијата, па се бараа(т) оставки од министри, од заменици, па дури и од некои луѓе што немаат воопшто никаква врска со случувањата во таа ноќ што е сега на тапет. Но, тоа е веќе добропознат политички фолклор на кој сме навикнати и кој набрзо ќе спласне, затоа што ќе никнат други, нови теми, погодни за партиска пресметка.
Сепак, не би требало да се прескокнат неколку особено интересни моменти во целата оваа приказна, бидејќи фрлаат малку поинакво светло. Имено, за обележување е фактот дека во јавноста се огласија еден куп свесни граѓани, пред сѐ млади, кои во своето обраќање укажуваат дека со политичко насилство, со поведенија што ја рушат државата, не се оди напред. Затоа тие апелираат да се прекине со анахроните политики, кои не водат никаде, туку да се свртиме кон реалниот живот и кон она што нѐ поврзува и кое води напред, а не она што нѐ враќа назад.
Не би сакал да му додадам ниту да му одземам ниеден збор на почитуваниот
поранешен министер, туку само би посакал сите заедно многу повеќе да ги слушаме него и другите вакви примери, отколку оние со воинствените извици што се обидуваат да се наметнат на јавната сцена. Тоа е гласот на разумот, а не оној што повикува на излегување на улица и којзнае што понатаму, или пак оној што се обидуваше безумно да го релативизира она што се случуваше, правејќи споредба со некакви провокации „од другата страна“, па се повикуваа некои духови од минатото, некакви непримерни извици на навивачки групи, што воопшто не одговара на актуелните случувања
Токму таа појава треба да се истакне, да се спомне младиот човек, кој на Фејсбук побара од своите сонародници да се преиспитаат што направиле и кој не дозволи некој да го оправдува стореното, заканувајќи им се дека ќе престане да комуницира со нив на социјалните мрежи. Се разбира, треба да се истакне и успешната фудбалерка Афродита Салихи, единствената репрезентативка со повеќе од 100 настапи во националниот дрес, која го осуди овој чин велејќи дека никој во земјата не смее да биде полн со омраза и дека мора сите да се почитуваме меѓу себе, но и да ги почитуваме законите во Македонија. Да не ги заборавиме, тука се и другите анонимни, но сепак храбри млади луѓе, кои потврдуваат дека оваа држава изнедрила поединци и групи што размислуваат сериозно и кои во општеството не го гледаат личниот интерес, туку пред сѐ заедничкото, го бараат она што нѐ поврзува, а не она што нѐ раздвојува.
Се разбира, во овој контекст не треба да го испуштиме од вид размислувањето на поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини, кој преку својот фејсбук-профил испрати многу јасна и прецизна порака: „Не е знак на храброст со кола да газиш над знамето на државата во која живееш“. Речиси истовремено, исто така на социјалните мрежи, Хајредини порача: „Невозможно е да биде во еднаква службена употреба, во обединета држава како Македонија, албанскиот јазик, кој близу 80 отсто од вкупниот број граѓани ниту го зборуваат ниту го знаат“.
Не би сакал да му додадам ниту да му одземам ниеден збор на почитуваниот поранешен министер, туку само би посакал сите заедно многу повеќе да ги слушаме него и другите вакви примери, отколку оние со воинствените извици што се обидуваат да се наметнат на јавната сцена. Тоа е гласот на разумот, а не оној што повикува на излегување на улица и којзнае што понатаму, или пак оној што се обидуваше безумно да го релативизира она што се случуваше, правејќи споредба со некакви провокации „од другата страна“, па се повикуваа некои духови од минатото, некакви непримерни извици на навивачки групи, што воопшто не одговара на актуелните случувања.
И затоа, дајте да престанеме да ги извртуваме тезите. Нема многу фајде од покажување сила по улиците и по медиумите. Дајте да се фатиме за работа, зашто ако продолжиме вака, не ни се пишува добро. Тогаш нема да нѐ нахранат и да ни обезбедат егзистенција ниту знамињата ниту воинствените извици.