Ет(н)ички легитимитет

Во теоријата и во практиката во демократскиот свет на политичките системи и добивањето мандат за практикување на власта не постои категорија или критериум што треба да се испочитува како – етнички легитимитет. ДУИ дури си противречи самата себеси како предводник на коалицијата „Европски фронт“ кога се залага за етнички критериуми, а истовремено и за демократска држава што перспективата ја гледа единствено во Европската Унија, каде што ниту една од членките не е уставно конципирана за освојување на власта (со избори по етнички принцип), со верификување некаков етнички легитимитет. Но тоа не ги спречува интегративците постојано да си осмислуваат некакви непоткрепени теории за преиспитување на легитимитетот на извршната власт, кој е втемелен во над 600.000 гласа од македонските граѓани на последните парламентарни избори, за партии и кандидати со различен етнички состав

При изнесување на барањата (и заканите), кои само се трупаат, забележливо е дека ДУИ постојано се однесува како разгалено дете, како државата да е нејзина сопственост и како сите други да се обврзани на потчинување на нејзините еднострани толкувања на политиката. Овие неколку реда ги напишав уште во октомври во однос на тогашните барања на ДУИ за етнички и политички легитимитет. Два и пол месеца подоцна ништо не е суштински сменето. Интегративците и натаму се држат до истата шуплива реторика, која дури и се засилува паралелно со нивното тонење во сѐ подлабоки проблеми, при соочувањето со големи корупциски скандали и со незадоволство кај нивните гласачи. Би можел пак да го објавам истиот текст, бидејќи пораката важи и денес, но не би било фер кон читателите да го прочитаат по вторпат. А можеби баш во ДУИ би требале да го прочитаат повторно?! Не би било штета.
Опозициската партија сега се обидува да наметне перцепција дека во Македонија треба да има влада со етнички легитимитет, и покрај тоа што се знае оти влада формира партијата што ќе освои најмногу гласови од сите граѓани, без разлика на нивната етничка припадност. Едноставно е. Во унитарна држава каква што е Македонија не може поинаку.
Во теоријата и во практиката во демократскиот свет на политичките системи и добивањето мандат за практикување на власта не постои категорија или критериум што треба да се испочитува како – етнички легитимитет. ДУИ дури си противречи самата себеси како предводник на коалицијата „Европски фронт“ кога се залага за етнички критериуми, а истовремено и за демократска држава што перспективата ја гледа единствено во Европската Унија, каде што ниту една од членките не е уставно конципирана за освојување на власта (со избори по етнички принцип), со верификување некаков етнички легитимитет. Но тоа не ги спречува интегративците постојано да си осмислуваат некакви непоткрепени теории за преиспитување на легитимитетот на извршната власт, кој е втемелен во над 600.000 гласа од македонските граѓани на последните парламентарни избори, за партии и кандидати со различен етнички состав.
Електоратот со гласовите за конкретна политичка програма што ја претставуваат кандидатите за функции го дава политичкиот мандат, а со тоа и политичкиот легитимитет.

ДУИ во текот на целото свое 22-годишно владеење заговараше концепт на поделби преку притисок за носење закони спротивни на Уставот, со кои де факто се воспоставуваа бинационалност и етнизација на институциите. Во полза на барањето „етничкиот легитимитет“, од страна на партијата од албанскиот блок беше користен и балансерот, кој сѐ до неговиот пад беше во директна спротивност со унитарноста на државата, попречувајќи го општествениот, економскиот и институционален напредок.
Перфидното барање „етнички легитимитет“ од страна на ДУИ има многу прост и провиден мотив. Го бараат само кога се во опозиција и кога се соочуваат со внатрепартиски превирања и скандали, како што е случај сега. А во спротивно немаат проблем ниту да бидат дел од влада составена од партија што ги загубила изборите. Каде е тука „етичкиот легитимитет“ на партијата, ако веќе зборуваме за измислени легитимитети?

Перфидното барање „етнички легитимитет“ од страна на ДУИ има многу прост и провиден мотив. Го бараат само кога се во опозиција и кога се соочуваат со внатрепартиски превирања и скандали, како што е случај сега. А во спротивно немаат проблем ниту да бидат дел од влада составена од партија што ги загубила изборите. Каде е тука „етичкиот легитимитет“ на партијата, ако веќе зборуваме за некаква форма на легитимитети?

Али Ахмети, неодамна се закануваше со „ураганот на ДУИ“ доколку дојде до промена на законот за јазиците. Единствените урагани што имаат влијание во политиката се вистинските природни непогоди, како што е чест случај во САД, каде што тајмингот на ураганот околу изборите значи дека речиси секој аспект, почнувајќи од одговорот на природната непогода, па до периодот на закрепнување, ќе биде гледан низ политичка призма. Ураганите таму влијаат на претседателската трка на очигледни и не толку очигледни начини, почнувајќи од пораките во кампањата до одзивот на изборите (а честопати и на конечниот исход), како што беше и за време на последната американска изборна кампања кога удри ураганот Хелен. Не се очекува „ураганот на ДУИ“ да биде почувствуван на македонската политичка сцена. А можеме само да се надеваме дека некој поинаков „политички ураган“ ќе ја однесе бесмислената идеја за етнички легитимитет што подалеку од земјава.