Значи да расчистиме, мој и наш став е дека пожарите се еден сегмент од категоријата „тероризам“, а по редот на нештата, институциите се тие што треба да ги пронајдат инспираторите, нарачателите, организаторите и извршителите и да ги казнат соодветно за овој еколошки тероризам што се врши врз македонските граѓани. Значи уште еднаш, ова е „тероризам“ и така треба да одговараат сторителите. Ако оние што сакаа да си ја одбранат државата ги нарекоа терористи и им сместија такви пресуди, тогаш овие што намерно ја напаѓаат не може никако поинаку да се наречат
Сите ние што припаѓаме на постарата генерација икс бевме дел од еден образовен систем, кој уште од детска возраст нѐ обучуваше да препознаваме што се тоа диверзии, што се тоа внатрешни и надворешни диверзантски групи, што треба да правиме ако забележиме диверзантски активности и слично. Што сакам да кажам? Сакам да кажам едноставно дека ние не пиеме нафта за наивно да поверуваме дека шумските пожари летово, како и трите последователни пожари на депониите „Вардариште“ и „Дрисла“, како и во магацинот за електронски отпад во Трубарево, се случиле така од чиста мира и не се дел од некакво темно сценарио. Ниеден пожар не се случува без некаква посебна причина, а зад голем дел од пожарите стои човечкиот фактор, или речиси во 100 отсто од случаите човекот е подметнувач или предизвикувач со некоја своја непромислена активност.
Премиерот пред некое време порача дека зад пожарите може да стојат некои центри на моќ во земјава и надвор, опозицијата, пак, дека зад пожарите стои неспособноста на власта и институциите да се справат со ваквите закани или, со други зборови, секој си ја префрла вината еден на друг само што повеќе да се оцрнат меѓусебе, онака како што во саботата се зацрни скопското небо.
Пред некој ден погледав неколку анкети на телевизиите направени меѓу граѓаните во неколку града, при што сите анкетирани, од кои голем дел беа повозрасни луѓе, без никаква дилема кажаа дека поради одредени показатели што ги препознале се работи за – подметнати пожари! И тоа им беше генерална констатација. Значите луѓето се свесни што се случува. Клучното прашање е кој профитира од ваквите состојби? А можат многу да профитираат, да бидеме начисто.
Ако се водиме според терминологијата во познатиот Воен лексикон што како генерација икс некаде во 1980-тите години ни го дистрибуираа задолжително во училиштата, ова со пожарите би спаѓало под заглавјето „Специјална војна“, каде што терминот „тероризам“ е една од главните алатки на таквата војна. Во овој случај, поентата е во краток временски период да се предизвика серија пожари што кај граѓаните ќе предизвикаат чувство на страв, на несигурност, на паника, на загрозување на нивното здравје, односно тие да добијат чувство дека никој не ги заштитува. Сѐ е ова дел од специјално војување, да се креира незадоволство, да се искористи моментот на општ хаос, на граѓански револт и да се профитира од тоа преку наметнување хегемонија, мешање во постојните политички, економски и општествени односи, остварувања одредени цели и интереси.
Поентата на поведението или на операцијата на извршените недела е во краток временски период да се предизвика серија пожари што кај граѓаните ќе предизвикаат чувство на страв, на несигурност, на паника, на загрозување на нивното здравје, односно тие да добијат чувство дека никој не ги заштитува. Сѐ е ова дел од специјално војување, да се креира незадоволство, да се искористи моментот на општ хаос, на граѓански револт и да се профитира од тоа преку наметнување хегемонија, мешање во постојните политички, економски и општествени односи, остварувања одредени цели и интереси
Значи да расчистиме, пожарите се еден сегмент под категоријата „тероризам“, а ред е на институциите да ги пронајдат инспираторите, организаторите, нарачателите и извршителите и да ги казнат соодветно за овој еколошки тероризам што се врши врз македонските граѓани. Значи уште еднаш, ова е „тероризам“ и така треба да одговараат сторителите. Ако оние што сакаа да си ја одбранат државата ги нарекоа терористи и им сместија такви пресуди, тогаш овие што намерно ја напаѓаат не може никако поинаку да се наречат.
Премиерот во изјавата за внатрешни и надворешни центри што потпалуваат уште додаде дека веројатно ќе следуваат уште вакви диверзантски активности и веројатно така ќе биде (и додека ги пишувам овие редови ѕиркам низ прозорецот да видам да не чади од некаде). Но зошто тогаш ги имаме државата и институциите ако таа не може да ги спречи овие појави?
Прво, како држава не сме до толку сиромашни да не можат да се набават десетина софистицирани дрона, еве Турција е наш стратешки партнер и произведува квалитетни дронови, па сето тоа нека оди во предвидените трошоци за НАТО. Нека се формира една посебна единица што ќе управува со нив и ќе ја мониторира секоја педа на земјава 24 часа, исто онака како што НАТО-дроновите летаа над земјава своевремено, па да се види кој каде бил кога се појавил некој пожар. Понатаму, нека се раштрка полицијата, што во униформа, што во цивилка, нека следи необични активности, особено кај критичната инфраструктура, па да видиме дали нешто ќе се пали во иднина. Клучно е да се направи и измена на Кривичниот законик, со кој потпалувачите ќе заработуваат дебели затворски казни, наместо симболично да се казнуваат. А за фирмите што откупуваат бакар, нека стане задолжително да мора да го откупуваат заедно со изолацијата, па потоа низ технолошка постапка сами да го отстрануваат, наместо да добиваат однапред соголени жици откако некој претходно ја запалил пластиката на некоја депонија.
Следно, пред да се издаде дозвола за електронски отпад, треба сите складишта да бидат надвор од населени места, тоа да не се штали или шупи, туку метални хангари со видеонадзор и 24-часовно обезбедување. Батериите, пак, да бидат складирани во посебни депоа каде што ќе имаат пристап само овластени лица, а просторијата да биде однапред обезбедена со соодветен систем за гаснење специфичен пожар ако дојде до тоа.
Исклучително е важна и граѓанската активност. Имено, имаше еден слоган со кој нашава генерација икс растеше, а тоа беше „Сите сме одбрана и заштита“. Тоа значеше дека наша должност беше ако забележиме сомнителни активности, веднаш да пријавиме до позорникарот во нашата населба. Сега нема позорникари, но сите имаме мобилни телефони, дел и од индивидуалните куќи си поставуваат камери, така што секоја сомнителна дејност не може да не помине незабележана. Наместо да дремеме со скрстени раце и да чекаме институциите да постапуваат, треба и ние нешто да направиме како граѓани за утре да не ни се случува екотерористите да потпалуваат и да нѐ трујат. Ова е и наша борба, ова е натпартиска активност, да покажеме дека знаеме да си ја одбраниме сопствената земја и да ги разобличиме сите оние што се дрзнуваат да го загрозуваат нашето здравје само за да остварат некакви свои лукративни планови.
Се разбира, државните институции се први што треба да одговорат на овие предизвици, а партиите треба да покажат одговорност како политички субјекти наместо да се обвинуваат едни со други за да добијат некакви ситни поени додека се уништува здравјето на граѓаните.
Времето на партиски поентирања помина, се работи за здравјето и иднината на граѓаните, оти без здравје, немаме ништо.