Да бидеме свои на своето, да ја зачуваме политичката независност и да дејствуваме по свои убедувања за да ги реализираме националните интереси, политики и внатрешни реформи. Тоа го налага силната волја на народот изразена на референдумот за независност на 8 септември 1991 година. Таа волја беше искрена и обединувачка и доведе до остварување на вековниот сон
Во време на големи геополитички превирања и предизвици, здружување во нови блокови и меѓудржавни сојузништва, како и на општа поларизација во општеството на глобално ниво, ние „да бидеме свои на своето. Да бидеме широко отворени кон светот, како целосно независен, рамноправен и творечки субјект“. Овие зборови „да бидеме свои на своето“ на првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров не се дел од пораката што тој ја испрати до многубројните насобрани граѓани на скопскиот плоштад по објавувањето на резултатите од успешно спроведениот референдум за осамостојување на државата, во далечната 1991 година, туку се искажани неколку месеци порано, но се еднакво важни за правецот што Македонија треба да го заземе во денешно време.
Способноста за приспособување на новата геополитичка реалност ќе одредува судбини на држави и народи, при што малите држави ќе бидат ставени пред избор кон кого да се приклонат, но Македонија не треба да биде нечиј вазал, ниту сателит во орбитата на големите сили. Да бидеме свои на своето, да ја зачуваме политичката независност и да дејствуваме по свои убедувања за да ги реализираме националните интереси, политики и внатрешни реформи. Тоа го налага силната волја на народот изразена на референдумот за независност на 8 септември 1991 година. Таа волја беше искрена и обединувачка и доведе до остварување на вековниот сон.
Тогашното расположение во историскиот миг го опиша авторот на плакатот за референдумот од 1991 година, универзитетскиот професор Митко Хаџи-Пуља, во разговор за „Нова Македонија“ во пресрет на минатиот 8 Септември, велејќи „тоа беше момент кога требаше да се осамостоиме сосема и во историска смисла е многу битен за постоењето и опстанокот на македонскиот народ. Ние сите бевме свесни за тежината на моментот. И она што е клучно, сите сакавме да успее, сите сакавме да придонесеме, на некој начин да учествуваме“.
Секако дека од таа 1991 година се случија големи политички и конституциски промени во државата, низа процеси и настани што тогаш можеби беа незамисливи, но остана присутна истата желба работите да тргнат на подобро и Македонија да стане убаво место за живеење за сите. Затоа, кога при одбележувањето на Денот на независноста се навраќаме на тој историски датум и неговото значење, потребно е да ја искористиме истата енергија за справување со денешните предизвици. Обединети да се избориме за унапредување на образованието, здравството, правосудството, енергетиката, земјоделството…
Секако дека од таа 1991 година се случија големи политички и конституциски промени во државата, низа процеси и настани што тогаш можеби беа незамисливи, но остана присутна истата желба работите да тргнат на подобро и Македонија да стане убаво место за живеење за сите. Затоа, кога при одбележувањето на Денот на независноста се навраќаме на тој историски датум и неговото значење, потребно е да ја искористиме истата енергија за справување со денешните предизвици. Обединети да се избориме за унапредување на образованието, здравството, правосудството, енергетиката, земјоделството, инфраструктурата, спортот… Да изградиме функционална економија и одржливо стопанство. Да се избориме за чист воздух и за достапноста на чиста вода за пиење како основни човекови права. Сите заедно, бидејќи проблемите се заеднички, а не само на стотина луѓе што деновиве излегуваат на улиците во скопските општини Аеродром и Ново Лисиче за да протестираат против загадувањето од депонијата Вардариште. Патриотизмот не се изразува само на Денот на независноста туку секојдневно и преку определбата да не се фрлаат отпадоци на улица и на тој начин да се придонесе кон подобро утре. Да почнеме преку мали гестови, за да стигнеме до големата цел.
Со подобрување на секојдневниот живот дома полесно ќе се справиме и со силните надворешни притисоци од сите страни со кои Македонија се соочува постојано, а чија цел е да нѐ принудат да направиме големи отстапки на сопствена штета. Таквата обединетост да послужи и за надминување на партиските, националните, религиските и сите други поделби.
А замислете, во пресрет на празникот на еден портал беше објавена колумна со наслов „Не заслужуваме држава“!? Таквиот став е длабоко навредлив за сите што се избориле за денешната државност! Тој став значи предавство на својата нација и татковина и заслужува жестока осуда! Затоа што 8 Септември е празник на нацијата, народот и националностите чии заслуги и жртви за независноста на Македонија се протегаат со генерации и со векови.
Нека ни е честит празникот, нека е вековита самостојна, суверена и слободна Македонија, во која сите нејзини жители обединети ќе работат за подобро утре за сите.