Дилемите на Бугарите за нивното етничко потекло и јазик денес се дел од главните причини зошто посегаат по македонскиот идентитет, јазик и историја: бидејќи сѐ уште немаат осознаено што се и кои се, од кај се по потекло, па сето тоа го „разјаснуваат“ крадејќи ги идентитетот, јазикот и историјата на Македонците, кои се присутни на Балканот многу векови пред да дојдат на него предците на денешните Бугари
Апсурдна е големата настојчивост на бугарските политичари и научници да го докажат „бугарскиот карактер“ на македонскиот народ и јазик, што се случува не само денес туку во континуитет повеќе од еден век. Имајќи ги предвид сите научни факти и аргументи, дури и смешни се обидите на бугарската копија да му го негира постоењето на македонскиот оригинал. Наместо да развива вистинско и заемно корисно добрососедство со Македонија, официјална Софија се обидува да го докаже недокажливото.
Обемните истражувања што ги вршел авторот на овој текст, низ научната литература за потеклото на денешниот бугарски народ и јазик, поврзано со општата теорија и пракса на идентитетот, укажуваат дека „кај Бугарите можеби постои не некаков неодреден комплекс на ниска вредност, туку своевиден македонски комплекс!“, односно „комплекс на неосознаен идентитет во однос на Македонците“.
Колку повеќе Бугарите „јуришаат“ на македонскиот идентитет, на македонскиот јазик и на македонската национална историја, толку повеќе се неуспешни нивните обиди со „македонскиот материјал“ да ги пополнат големите и длабоки „дупки“ во нивниот идентитет.
Бугарите сѐ уште немаат осознаено ниту кои се по потекло, ниту од каде дошле на Балканот. Тие се потонати во „етничко-лингвистичка магла“ и продолжуваат да талкаат, барајќи се себеси низ распаќата на историјата на Евроазија.
Колку и да се крадат од Македонците песни, обичаи, јазик и идентитетски елементи, сепак, не може сосила да се исконструира „идентитетски стокмен Бугарин“, користејќи го Македонецот како основа, ниту може Македонецот да се престори Бугарин, да се измеси како „бугарско тесто“.
Кога ќе успее некој да ги помеша водата и огнот, тогаш Македонците и Бугарите ќе станат „един народ“! Бугарскиот народ сѐ уште нема свој оформен искристализиран национален идентитет, бидејќи ферментацијата, созревањето на слоевите на националниот идентитет трае многу векови. Бугарите имаат „комплекс на неосознаен етнички и лингвистички идентитет“, големи дупки и празнини во конструкцијата на својот национален и јазичен идентитет.
Дилемите на Бугарите за нивното етничко потекло и јазик денес се дел од главните причини зошто посегаат по македонскиот идентитет, јазик и историја: бидејќи сѐ уште немаат осознаено што се и кои се, од кај се по потекло, па сето тоа го „разјаснуваат“ крадејќи ги идентитетот, јазикот и историјата на Македонците, кои се присутни на Балканот многу векови пред да дојдат на него предците на денешните Бугари. Македонците немаат потекло од иранските или од турските степи, од азиски или други простори како Прабугарите. Македонците како народ настанале пред околу три илјади години на простори илјадници километри подалеку од прапределите на бугарскиот народ. Македонците немаат турско-алтајски, ирански или други лексички слоеви во македонскиот јазик.
Вистината во врска со соодносот меѓу Бугарите и Македонците треба да се бара во целосно обратна насока: откако дошле на Балканот во следните векови од нивниот етнојазичен развој, Бугарите започнале делумно да се словенизираат, а потоа и да се македонизираат преку контактите со македонскиот етнос.
Кога ќе успее некој да ги помеша водата и огнот, тогаш Македонците и Бугарите ќе станат „един народ“! Бугарскиот народ сѐ уште нема свој оформен искристализиран национален идентитет, бидејќи ферментацијата, созревањето на слоевите на националниот идентитет трае многу векови. Бугарите имаат „комплекс на неосознаен етнички и лингвистички идентитет“, големи дупки и празнини во конструкцијата на својот национален и јазичен идентитет
Македонците влијаеле врз денешните Бугари, а не Бугарите врз Македонците! Во голема мера Бугарите се етнојазична копија на македонскиот оригинал!
Сите наведени научни истражувања од бугарски, македонски и голем број други меѓународни истражувања и научници немаат никаква цел да предизвикаат негативен поглед кон Бугарите како народ денес. Целта е сосема поинаква: да се посочи дека е бесмислено чие било негирање или омаловажување, било на сметка на едниот, било на сметка на другиот народ. Иднината на Балканот набргу ќе завлезе во етапа кога ќе се гради со многу поголема упатеност на народите меѓу себе, врз нивното заемно признавање, почитување и соработка, врз принципите на вистинското и заемно корисно добрососедство. Не може да има и ниту ќе има иднина на Балканот со одрекувањето на постоењето на македонскиот народ и на македонскиот јазик, историја и култура.
Свето Тоевски
Коментарот е извадок од поширока анализа што ќе ја објавиме во утрешното издание на „Нова Македонија“