Ако постои Господ, постои и жената како основа на светот

Во средата британскиот Врховен суд донесе пресуда објаснета на 88 страници, а судиите рекоа: „Едногласната одлука на овој суд е дека термините ’жена’ и ’пол’ во Законот за еднаквост од 2010 година се однесуваат на биолошка жена и биолошки пол“. Во пресудата се додава дека дефиницијата за жена „јасно покажува дека концептот на секс е бинарен – личноста е или жена или маж“ и дека секое друго толкување би било „некохерентно и непрактично“

Веста дојде од географска Европа, но од земја што смета дека постои Европа и Тие – значи Обединетото Кралство. И тоа веста дојде пред сам Велигден за да означи доаѓање на новото сонце. Тоа е, Енглезите знаат да изненадат, не е само Трамп, бидете уверени.
Но, за видиме до каде зацапавме, ќе раскажам една анегдота од пред десетина години. Седевме во еден скопски хотел, кој сега е празен, оти не можат да се договорат како да го распарчат, а е зграда со богата историја. Ееееј, првиот Ротари клуб во Скопје бил основан таму. Група бранители на човековите права, а меѓу нас и припадник на геј-заедницата, да речам горд припадник, нема да згрешам. Во еден момент еден пријател му предлага да формираат партија и да настапат со заедничка листа, при што треба да води сметка 30 проценти да бидат жени, така беше тогаш. Овој се расцепи од смеење. Сите останавме збунети?! А бе, не се зафркавајте, тие денес може ќе бидат 30 проценти, ама утре никој ништо не знае. Значи денес се жени, утре може да бидат нешто друго, па трето. Нема партија, нема листи. Реков дека сите зацапавме.
Во средата британскиот Врховен суд донесе пресуда објаснета на 88 страници, а судиите рекоа: „Едногласната одлука на овој суд е дека термините ’жена’ и ’пол’ во Законот за еднаквост од 2010 година се однесуваат на биолошка жена и биолошки пол“.
Во пресудата се додава дека дефиницијата за жена „јасно покажува дека концептот на секс е бинарен – личноста е или жена или маж“ и дека секое друго толкување би било „некохерентно и непрактично“.
Пишувајќи за оваа базична пресуда, „Дејли мејл“ наведува дека пресудата има широки импликации за јавните тела и бизнисите, бидејќи Комисијата за еднаквост и човекови права соопшти дека „ќе работи со темпо“ за да ги измени упатствата за работното место. Оваа пресуда ќе мора да се применува секаде, и тоа на задоволство пред сѐ на жените што сметаат дека извојувале значајна битка. Особено жените во спорот, на кои, како што самите велат, им дошло прекуглава да користат соблекувални заедно со жени со пениси. Не била подобра ниту состојбата во болниците, каде што во истополовите соби имало и самоидентификувани трансродови пациенти.

Лидерот на ториевците Кеми Баденох ја поздрави „победата за жените“, но предупреди дека лабуристите „го свиткале коленото“ на родовата идеологија. „Да се каже дека ’трансжените се жени’ всушност никогаш не било точно, а сега не е точно ниту во законот“, рече таа, додавајќи: „Ерата кога Кир Стармер ни кажуваше дека жените можат да имаат пениси заврши“.
Поранешната олимписка пливачка Шарон Дејвис ги предводеше повиците од спортистите што бараа женските спортови да бидат само за жени, велејќи: „Вратете го нашиот женски спорт, ослободен од сите мажи“.
Има навистина многу реакции за оваа пресуда, огромен број познати фаци од Островот аплаудираат, а меѓу нив и поборничката за враќањето на правата што извираат од архетипот на жената, авторката на серијалот „Хери Потер“, Џ.К. Ролинс.
Но, има и огромни негативни реакции, особено од трансџендерите, кои сега викаат дека идејата на Трамп ја окупира Европа. А, што да речеме за децениската окупација од Холивуд, а сега Нетфликс и компанија, кои знамето на ЛГБТ го ставија на секоја зграда, на секој главен лик, па почнаа и историските факти да ги бојат. Но обвинувањата за трампизмот се само делумно точни, зашто Велика Британија не е Европа, таа излезе од ЕУ и со тоа си симна еден голем товар од плеќите. Другиот дел од Европа е во таа каша, за која неодамна јавно говореше и еден хрватски пратеник во Европскиот парламент, кој откри една силна лоби-мрежа на геј-заедницата што наметнала свои правила, еден невидлив за јавноста, но суров кодекс на однесување. Практично тој зборува за геј-доминација. Никој не проговорил јавно за правата на другите?! Звучи чудно, но таков е светот денес. Во Америка пред една година некој возач бил казнет затоа што со тркалата на неговиот автомобил преминал преку знамето со виножитото, симболот на ЛГБТК… заедниците, насликано на уличниот асфалт.
И има такви примери многу, но она што пред неколку години почна како движење во Америка, сега се шири глобално. Со судски одлуки во повеќе сојузни американски држави се забрани посвојување деца во геј-браковите, со што се направи еден сериозен удар на вок-културата. А со доаѓањето на Доналд Трамп за претседател тој процес само ќе се засилува. Нема да се тепаат педерите и лезбејките по улици, како што беше пред педесетина години, но ќе се знае кој каде е, ќе си го знае секој своето место во семејството, во општеството пред законите. Ова не е тркало на среќата, туку се врти тркалото на историјата. За некого побрзо, за некого побавно, но и сега Господ го покажа своето лице преку предупредување. Оние што разбраа дека биле предупредени се враќаат на основата, тие што залутале нека им е среќен патот. Секој си го избира својот пат.

Ова не е тркало на среќата, туку се врти тркалото на историјата. За некого побрзо, за некого побавно, но и сега Господ го покажа своето лице преку предупредување. Оние што разбраа дека биле предупредени се враќаат на основата, тие што залутале нека им е среќен патот. Секој си го избира својот пат

Фасцинацијата на нашата планета е што имаме право на избор. Еве, денес имаме право на над 8 милијарди избори, колку што живи луѓе шетаат на Земјава. И уште толку соништа, идеи, надежи. Еден современ еврејски мислител на едно предавање на кампусот Дјук, во Северна Каролина, токму за ова имаше свое впечатливо предавање, при што нагласи дека „ние имаме пакт, договор со Господ кој ни го даде моралниот кодекс“. Не заборави да истакне дека е тоа еврејска заслуга, а ние Македонците можеме да кажеме, да, но не сосема точно, имаат и други нации заслуга за ширењето на тој морален концепт, кај нас втемелен во христијанството.
Одлуката на британските судии на три дена пред Велигден, кога Исус ќе стане од мртвите и ќе воскресне, е силна и мотивирачка порака не само за верниците туку и за колебливите, неверниците, тие кои Господ го гледаат како метафора, филозофска креација.
Оваа одлука е особено важна за Македонија, која еден подолг период покажува сериозна колебливост по прашањето за полот, но и генерално со верата, каде што, пак, се мешаат и политички бои. Навистина е повеќе од пародија некој денес да тврди дека вашето дете нема право да биде машко или женско, туку за тоа самото ќе одлучи кога ќе стане полнолетно. А на располагање му стојат 17 варијанти. Бидете сигурни, ова Господ не го смислил.
Со таа пресуда се потврдува дека Господ го создаде мажот, но ја создаде и жената. Жената која постојано води битки за своите права, но и за својата архетипска припадност. Тие велат дека добиле уште една важна битка. Но и отвориле врати кон нов свет каде што сонцето одново изгрева. На сите нас ни треба тоа ново сонце, таа слобода, духовна сила и енергетски баланс.