За уписи во градинка, училиште, средно школо или факултет, за вработување е потребен извод од матичната книга на родени, за впишување на адреса на живеење е потребна венчаница, за наследување е потребна умреница… Приказната е бесконечно долга и широка. Кога и да заминете во просториите на Управата за водење матични книги, ќе видите редици од граѓани што уредно си го чекаат изводот. По половина час, веќе голем дел од нив се нервозни и со документите во рацете негодуваат за погрешни податоци, а вработените ладнокрвно ги упатуваат да поднесуваат жалби, или пак да ја повторуваат целата постапка
Верувам дека кога на некој од граѓаните ќе му дојде ред да вади извод од матична книга на родените, умреница или венчаница, буквално му се стемнува пред очи, затоа што веќе сите се свесни дека постапката во ниту еден случај нема да тече мирно. Почнувам од сопствениот гнев и револт од самата помисла дека треба да дремам пред шалтери, да се објаснувам дека во минатиот извод на родени било напишано моминското презиме на мојата мајка, дека матичниот број ми го згрешиле, дека умреница за дедо ми морам да извадам јас, неговата внука, затоа што неговата сопруга и децата се починати… Тешки и долги се патиштата низ кои минуваат граѓаните што висат пред овие шалтери.
Секојдневно се поставува прашањето како може во 21 век, во толку дигитализирана ера, во која живееме и сѐ може да се заврши со еден клик на паметниот телефон, Управата за водење матични книги да е до тој степен останата во минатиот или можеби предминатиот век.
За да може еден човек да добие извод од матичната книга на родени, мора да поднесе барање во еден, да дојде по три и повеќе работни дена, а притоа во половина од случаите изводите да не се подготвени, или пак да се со погрешни податоци. И покрај тоа што на компјутерот на кој работат вработените го гледаат изводот што треба да го издадат, тие мора да ја бараат книгата во која тој е запишан, за да ги искористат податоците и истите тие да ги внесат во документот. Замислете, вадите извод за вашата прабаба или прадедо, поради денационализација. Со тој извод можете да докажете дека сте во крвно сродство и во наследна линија со починатиот, а вработените во управата мора да одат во просторијата каде што ги чуваат книгите и да ја најдат книгата во која се заверени раѓањата на децата од 1920 година и податоците да ги препишат. Зарем толку не постои начин истите тие да се скенираат и зачуваат на сервери како што тоа го прават сите современи компании? Дури и граѓаните веќе фотографиите од семејните прослави ги зачувуваат на драјв-меморијата на и-мејл адресата… Се чини дека технологијата навлезе насекаде освен во Управата за водење матични книги. Таму како да е застанато времето.
Почнувам од сопствениот гнев и револт од самата помисла дека треба да дремам пред шалтери, да се објаснувам дека во минатиот извод на родени било напишано моминското презиме на мојата мајка, дека матичниот број ми го згрешиле, дека умреница за дедо ми морам да извадам јас, неговата внука, затоа што неговата сопруга и децата се починати… Тешки и долги се патиштата низ кои минуваат граѓаните што висат пред овие шалтери
Се чини дека за нашата земја и за нашата администрација сѐ уште важи онаа народната зошто просто, кога може сложено. Што би се случило ако дојде до поплава или пожар и сите книги изгорат или едноставно се оштетат до тој степен што податоците воопшто не ќе можат да се употребат? Како тогаш ќе докажеме дека ние сме ние, дека некој починал тогаш кога починал? Тогаш ќе настане тотален хаос, со оглед на тоа што за 90 проценти од работите во државата мора да се однесе извод од матична книга на родени или умрени или, пак, венчаница. За уписи во градинка, училиште, средно школо или факултет, за вработување е потребен извод од матичната книга на родени, за впишување на адреса на живеење е потребна венчаница, за наследување е потребна умреница…
Приказната е бесконечно долга и широка. Кога и да заминете во просториите на Управата, ќе видите редици од граѓани што уредно си го чекаат изводот. По половина час, веќе голем дел од нив се нервозни и со документите во рацете негодуваат за погрешни податоци, а вработените ладнокрвно ги упатуваат да поднесуваат жалби, или пак да ја повторуваат целата постапка. Во сиот тој гнев и револт се слушаат нервозни воздишки, закани дека ќе одат да се жалат кај шефот, а има и понекој пцост. Има и такви што добро се потковани, па сѐ додека не добијат исправен документ не го напуштаат шалтерот, а вработените, сакале или не, одново го прават документот.
И сето тоа, само затоа што ништо не е дигитализирано. Кога би можеле исто како на банкомат да поднесеме за овие документи, кога изводите, венчаниците, умрениците би ги имале на такви апарати, верувам дека сите би имале помали главоболки, како што е тоа во скандинавските земји. Но ова е Македонија. Се плашам дека уште многу години ќе поминат додека да мрднеме од мртвата точка. Граѓаните ќе си истераат уште долго време на нефункционалните шалтери, дишејќи ја влагата надвисната од плафоните, добивајќи погрешни податоци, само за да добијат еден единствен извод.