Црковната јавност во земјава е во дилема дали сите овие удари што ги доживува Вселенската патријаршија можат да значат таа трајно или на подолг рок да се повлече од идејата за решавање на македонската автокефалност или, пак, сево ова е само моментална состојба, која по стабилизирањето на ситуацијата ќе продолжи да се развива во посакуван правец. Дополнително се отвора прашањето дали владиците на МПЦ треба да ги зајакнат своите контакти со Вселенската патријаршија и да ги интензивираат разговорите и да притискаат за поскоро решение или, пак, да останат пасивни и да чекаат иницијативата да ја води самата патријаршија, во моментот кога таа ќе оцени дека е најполезно да се решава ова прашање
Оваа година Македонската православна црква – Охридска архиепископија ќе одбележи еден од можеби најзначајните моменти во нејзината историја, кои ја прават да биде горда на милениумскиот корен на христијанските вредности. Илјада години живот на бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“ е непроценливо сведоштво не само на монашката светлина туку е и столб на кој цврсто стои вистината за христијанската древност, која денес, за жал, се бори да биде признаена како рамноправна меѓу другите цркви, кои би сакале да го живеат она што ние и како црква и како православен народ го имаме како вековна благодат, на која денес со гордост ѝ се поклонуваме.
Оваа година многумина веруваа дека може да биде година во која покрај што ќе бидат ретки сведоци на ваквите настани, да бидат и радосни поздравувачи на македонската црковна светлина, која конечно би го осветлила православното семејство цркви. Но различниот сплет на околности, најверојатно, ќе оневозможи да засвети свеќата на препознаената македонска автокефалност во олтарот на рамноправни цркви.
Коронавирусот беше една од причините поради кои преземените активности на Вселенската патријаршија оневозможија нивно дореализирање ова лето. Но предизвикот станува уште поголем со сериозните удари што овој период Вселенската патријаршија ги претрпува од турската држава, а, за жал, потајно одобрувани и од црковна Москва. Претворањето на „Света Софија“ во џамија и серија други потези на турските власти ги променија и приоритетите на Вселенската патријаршија. Нејзината енергија, претходно насочена кон решавања на отворените прашања во православието, сега е свртена сама кон себе, за да го одбрани достоинството од оние што директно, а и индиректно, се фокусирани да го погазат и да докажат дека е дојдено времето милениумскиот центар на православието да биде некаде на друго место.
Црковната јавност во земјава е во дилема дали сите овие удари што ги доживува Вселенската патријаршија можат да значат таа трајно или на подолг рок да се повлече од идејата за решавање на македонската автокефалност или, пак, сево ова е само моментална состојба, која по стабилизирањето на ситуацијата ќе продолжи да се развива во посакуван правец.
За очекување е по ваквата состојба на турбуленции во православниот свет, брзо да дојде периодот во кој фокусот повторно ќе се врати на суштинските прашања. Вселенската патријаршија нема да се откаже тукутака од преземената иницијатива за решавање на македонското црковно прашање, но можеби оваа година ќе биде уште една година на надеж на МПЦ-ОА. Битката меѓу Москва и Фанар за превласт во православието ќе биде само дополнителен поттик на Вселенската патријаршија да остане доследна на своите иницијативи, но веројатно треба да се биде трпелив
Дополнително се отвора прашањето дали владиците на МПЦ треба да ги зајакнат своите контакти со Вселенската патријаршија и да ги интензивираат разговорите и да притискаат за поскоро решение или, пак, да останат пасивни и да чекаат иницијативата да ја води самата патријаршија, во моментот кога таа ќе оцени дека е најполезно да се реши ова прашање.
Што значи автокефална црква во православието? Зошто за МПЦ ќе значи ова признавање? Колку верниците ќе имаат директни бенефиции од оваа одлука?
За очекување е по ваквата состојба на турбуленции во православниот свет, брзо да дојде периодот во кој фокусот повторно ќе се врати на суштинските прашања. Вселенската патријаршија нема да се откаже тукутака од преземената иницијатива за решавање на македонското црковно прашање, но можеби оваа година ќе биде уште една година на надеж на МПЦ-ОА. Битката меѓу Москва и Фанар за превласт во православието ќе биде само дополнителен поттик на Вселенската патријаршија да остане доследна на своите иницијативи, но веројатно треба да се биде трпелив.
Автокефална МПЦ во православието значи отворено канонско признание за посебноста на македонскиот народ и држава. Тоа е печат што омеѓува една територија, која, според каноните на црквата, е автокефална затоа што е самостојно државно уредена и водена од владици произлезени од овој посебен народ.
На многумина им е познато дека последна црква во православието што доби томос за автокефалност минатата година беше онаа на Православната црква во Украина.
И во најтешките денови за еден народ и држава, црквата и верата секогаш биле духовниот столб на кој тие се потпирале. Така е и денес, без разлика дали искушенијата се национални, политички, здравствени, како што е моменталната пандемија, или други, луѓето надежта ја барале во црквата, спасот го гледале во верата, едноставно тогаш се вртат кон духовните вредности.
Но за да биде тој столб јак и издржлив, за да ја врати надежта на луѓето, за тие да се почувствуваат сигурно и смирено, мора и црквата, владиците и свештенството да бидат јаки, сигурни и стабилни. На народот да му ги покажат вистинскиот пат и црковната вистина.