А политиката е чудна ѕверка. Таа одамна не тежнее ниту кон моралот, ниту кон правдата, а особено не кон правичноста. Нели одамна констатиравме дека ѓаволот ја однел правдата. Треба да се биде слеп за да не се види оти политиката, не само нејзината овдешна, локална варијанта, туку и политиката воопшто, веќе подолго време тежнее кон релативизирање на одговорноста, а домашната се истакнува во тоа особено кога станува збор за криминалот и корупцијата. Таа дури и ги користи како инструмент за владеењето и управувањето и сега веќе слободно може да се зборува за државен рекет, можеби не изразен во милионски износи, но секако насочен кон постигнување некакви цели
Ерупцијата од вџашеност, гнев и разочарување, чија вжештена лава почна да се разлева паралелно со канонада од информации за најгрдата форма на криминал и корупција на највисокото ниво прво во извршната власт, а потоа и во правосудството, поточно во неговиот вештачки орган, кој на мошне аматерски начин беше всаден во системот за на сите да им одржи лекција по владеењето на правото и функционирањето на правната држава, станува сѐ подегутантна. Читајќи ги и слушајќи ги коментарите на јавните, но и на оние помалку јавни личности, зашто благодарејќи им на социјалните мрежи како сите помалку или повеќе да станаа јавни, се добива впечаток дека ова е земја на навистина наивни и невини луѓе. Но тоа, сепак, е само впечаток.
Зад повеќето од наведените реакции стојат ликови, кои по речиси ништо не се разликуваат од посочените актери во неколку последни афери, што како сапуници од најевтините продукции се надоврзуваат една врз друга со кадри на неверување и драматично исчекување. Повеќето од нив, веројатно, исто ќе се однесуваа доколку беа на местата на сите оние кокиевци, какиевци, кикиевци, ликиевци, фрикиевци… само доколку им се укажала шанса. И доколку им текнало, се разбира.
И затоа да не се залажуваме кога сосема е јасно дека многумина барем еднаш деновиве, додека се зборуваше за износи од стотици илјади па и милиони евра, помислиле: „Лелее, зошто јас не бев на нивните места!“. А зарем и тоа е некаков грев во земја во која повеќето луѓе го тегнат целиот месец со по три или четири стотини евра. И во земја во која ништо, па ни борбата против криминалот и корупцијата, не може да мрдне без партиски договор. Настрана што, исто така, голем број од расцвилените по недостижната правда и уништените идеали, воопшто не се ни трудат да ги скротат своите хедонистички нагони иако, исто како и најекспонираниот актер во последната приказна, се обидуваат да ги дополнат со евтин алтруизам и сето тоа, мошне лошо спакувано, да му го продаваат на остатокот од јавноста како некакво добротворство на елитите, независно дали се претставуваат како заштитници на социјално загрозените луѓе, лица со разни тешкотии или на кучињата. Иако во сето тоа, ако веќе сакаме да бидеме искрени, нема ниту добротворство ниту елити. Има само маса осиромашени и по разни основи обесправени луѓе и навистина премногу улични кучиња.
Читајќи ги и слушајќи ги коментарите на јавните, но и на оние помалку јавни личности, зашто благодарејќи им на социјалните мрежи како сите помалку или повеќе да станаа јавни, се добива впечаток дека ова е земја на навистина наивни и невини луѓе. Но тоа, сепак, е само впечаток. Зад повеќето од наведените реакции стојат ликови, кои по речиси ништо не се разликуваат од посочените актери во неколку последни афери, што како сапуници од најевтините продукции се надоврзуваат една врз друга со кадри на неверување и драматично исчекување
Настрана кардашијанските нагони постојано да се биде во центарот на вниманието, да се ужива во гламурот, и притоа да не се избираат средства и да се биде подготвен на секакви компромиси. И толку за моралот и за одговорноста. Останува политиката.
А политиката е чудна ѕверка. Таа одамна не тежнее ниту кон моралот, ниту кон правдата, а особено не кон правичноста. Нели одамна констатиравме дека ѓаволот ја однел правдата. Треба да се биде слеп за да не се види оти политиката, не само нејзината овдешна, локална варијанта, туку и политиката воопшто, веќе подолго време тежнее кон релативизирање на одговорноста, а домашната се истакнува во тоа особено кога станува збор за криминалот и корупцијата. Таа дури и ги користи како инструмент за владеењето и управувањето и сега веќе слободно може да се зборува за државен рекет, можеби не изразен во милионски износи, но секако насочен кон постигнување некакви цели со држење во заложништво, со диктати и уцени на разни компромитирани ликови, па дури и на цели групации. Сето тоа во изминативе години беше и сѐ уште е толку распространето и очигледно, што личи на бесконечно реално шоу низ кое поминуваат разни Кардашијанки безобразно тверкајќи пред јавноста од нивните недопирливи височини. Тоа што некоја од нив повремено ќе падне во немилост или како колатерална жртва е само дел од шоуто, исто како и оние неброени споредни ликови и статисти. кои се самозадоволуваат со божемна збунетост и исчудување.
И да не заборавам, им се извинувам на вистинските Кардашијанки.