Охрабрувачки напредок е постигнат со тоа што парите, сепак, веќе не се носат онака бандитски, под превезот на ноќта, во црни најлонски вреќи, туку ноншалантно, како на модна писта, во брендирани чанти. Брисел, секако, ќе знае да го препознае тоа и да го вреднува, а менаџерите на оваа престижна модна куќа, која на глобално ниво вложува многу во рекламирање на своите производи, веројатно не можеле ниту да сонуваат каква бесплатна реклама ќе добијат во една мала земја на југот од Европа, која само така, божемно, се нарекува Северна
Во последниот годишен извештај на Европска комисија за напредокот на Македонија, од разбирливи причини, еден битен момент не беше забележан, но тој сигурно ќе се најде веќе во наредниот и би требало да биде оценет со највисоката можна оценка. Охрабрувачки напредок, имено, би требало да биде констатиран во делот опфатен со 36-то поглавје – иновации, креативност и естетика во криминалот и корупцијата на највисокото ниво. За потсетување, иако на многумина им е добро позната информацијата дека во торба од марката „луј витон“ бизнисменот Орце Камчев во својот дом ги пакувал парите што им се предадени на осомничените за рекет Бојан Јовановски (Боки 13) и Зоран Милески (Зоки Кичеец). Тоа се гледа на видеоснимката на италијанскиот весник „Ла верита“, а брендираната торба се споменува и во актот со кој Јавното обвинителство побара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поради основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања во истиот предмет наречен „Рекет“.
И тогаш, освен грабежот, имало уништување документи и злоупотреби на службени положби и овластувања на највисокото ниво, но настрадаа само директорката на штедилницата, Соња Николовска, која една година претходно беше форсирана како најдобра жена бизнисменка во Македонија, и некои споредни ликови и, се разбира, илјадници граѓани, од кои, според некои процени, стотина и се самоубиле, а значително опаднал и наталитетот во Битола. Министерот во тренерки, иако виден, никогаш не беше пронајден, како ни вреќите со парите. Исто како што сѐ уште не се знае ниту каде е торбата „луј витон“ што ја однел Боки Тринаесетка и кој сѐ во тренерки шетал додека траеле операциите опишани во предметот наречен „Рекет“. И тука, слободно може да се констатира дека нема никакви поместувања
И сега, тие со пократко паметење ќе се запрашаат во што е напредокот кога веќе секоја кафеанска пејачка носи „луј витон“, па барем и фалсификуван, и кога се знае дека само мал дел од производите што ги носат иницијалите ЛВ во рамките на општата популација е автентичен. Затоа, уште едно потсетување. Пред само нешто повеќе од две децении, во 1997 година, кога изби најголемата пирамидална финансиска измама во историјата на Македонија, во која биле оштетени околу 13.000 граѓани за износ од над 60 милиони евра од страна на штедилницата ТАТ, како еден од поинтересните моменти се споменуваше и тоа дека доцна во ноќта, пред инспекторите од Народна банка, а потоа и од Министерството за внатрешни работи, да упаднат во седиштето на штедилницата во Битола, некој висок владин функционер, т.н. министер во тренерки, бил виден како излегува од штедилницата со полни црни најлонски вреќи.
И тогаш, освен грабежот, имало уништување документи и злоупотреби на службени положби и овластувања на највисоко ниво, но настрадаа само директорката на штедилницата, Соња Николовска, која една година претходно беше форсирана како најдобра жена бизнисменка во Македонија, и некои споредни ликови и, се разбира, илјадници граѓани, од кои, според некои процени, стотина и се самоубиле, а значително опаднал и наталитетот во Битола. Министерот во тренерки, иако виден, никогаш не беше пронајден, како ни вреќите со парите. Исто како што сѐ уште не се знае ниту каде е торбата „луј витон“ што ја однел Боки Тринаесетка и кој сѐ во тренерки шетал додека траеле операциите опишани во предметот „Рекет“.
И тука, со немирна душа, може да се констатира дека нема никакви поместувања. Охрабрувачки напредок е постигнат со тоа што парите, сепак, веќе не се носат онака бандитски, под превезот на ноќта, во црни најлонски вреќи, туку ноншалантно, како на модна писта, во брендирани чанти. Брисел, секако, ќе знае да го препознае тоа и да го вреднува, а менаџерите на оваа престижна модна куќа, која на глобално ниво вложува многу во рекламирање на своите производи, веројатно не можеле ниту да сонуваат каква бесплатна реклама ќе добијат во една мала земја на југот од Европа, која само така, божемно, се нарекува Северна. А да не излезе на крајот дека сето ова, сепак, е само добро осмислена рекламна кампања на Луј Витон!? И дека сите се невини!?