Токму на мудроста на зборовите на овој светски државник можеби треба да се сетиме во моментите когаподелбата и расколите земаат замав, а шевовите на различностите се набрекнати до пукање. Ами, не е ли така од осамостојувањето до денес? Не требаше ли да се потсетуваме на изреката на Черчил секој божји ден во последниве триесетина години? Или само во деновите кога јајцето стигнало таму каде што стигнало? За сите, за сите нас важи ова! А денес сѐ погласни се изјавите на македонските партии дека им е потребно „партиско окрупнување на силата во политичките блокови за борба против противникот“. Аман, бре? Обединување (блоковско-партиско) заради уште подлабоки поделби и (национален) раскол, со борба до национално истребување… Луѓе, правите ли воопшто разлика од обединување до „обединување“? Не? Добро, тогаш погледнете кон МАНУ и ќе ви се разјасни!
Секоја нација е толку силна колку што е обединета и е толку слаба колку што е поделена. Ова се зборовите на познатиот британски државник Винстон Черчил, искажани во тешки моменти, за време на Втората светска војна, кога Британија се соочувала со надвиснатата опасност од фашистичка Германија.
Токму на мудроста на зборовите на овој светски државник можеби треба да се сетиме во моментите кога поделбата и расколите земаат замав, а шевовите на различностите се набрекнати до пукање. Ами, не е ли така од осамостојувањето до денес? Не требаше ли да се потсетуваме на ова секој божји ден во последниве триесетина години? Или само деновиве кога јајцето стигнало таму каде што стигнало? За сите, за сите нас важи ова!
А сега сѐ погласни се изјавите на македонските партии дека им е потребно „партиско окрупнување на силата во политичките блокови за борба против противникот“. Аман, бре? Обединување (блоковско-партиско) заради уште подлабоки поделби и (национален) раскол, со борба до национално истребување… Луѓе, правите ли разлика од обединување до „обединување“? Не? Добро, тогаш погледнете кон МАНУ и ќе ви се разјасни!
Мало потсетување… Највисоките интелектуалци во Македонија, олицетворени во претставниците на МАНУ, одамна се огласуваат поради опасностите по нашата нација (не само за споровите со соседите туку и за суштествени прашања во однос на образованието, здравството, науката, технологијата, економијата итн.) и го осветлуваат патот кон национално обединување.
И се разбира дека тоа обединување е различно од другото обединување, иако со терминологијата се блиски, но семантички се баеги далеку.
Но, да се вратиме на изборните обединувачи. По првобитниот резултатски исход, мирната изборна атмосфера и регуларноста на изборниот процес, опозицијата и позицијата деновиве бараат уште посилно партиско окрупнување. Едноставно е. Политичко-партиската прагма бара лидерите да подзаборават на поделеноста на општеството, па оние од власта да повикаат на мобилизација и обединување на гласачите за да ги зголемат шансите на своите кандидати во вториот круг, а оние од опозицијата повикаа на здружување на политичките сили кај сите чинители што не се во власта, независно дали тие доаѓаат од левицата, десницата или центарот.
Ајде, добро, да речеме легитимно. Но да ја видеа од дрвјата – шумата? Или барем да ја ѕирнеа. Шумата (читај проблемот) е многу широка и голема. И длабока. Ако сакаме да ја задржиме државата (санираме, закрепнеме, почнеме да ја развиваме…), мора да се обединиме. Не научивме ли ништо од историјата? Или барем од старите и мудри приказни на нашите прабаби и прадедовци на тема едно гранче и снопче гранчиња што тешко се крши?
Ете, во таков дискурс треба да се анализираат повиците на МАНУ, кои се темелат на кохезивен национален карактер и национално обединување за да се стопи изразениот антагонизам меѓу чинителите на политичката сцена во Македонија во услови кога сме постојано уценувани за нашето членство во ЕУ. Таквата споредба, за жал, може да нѐ доведе до оцената дека актуелниот политички амбиент во земјава е далеку од посакуваниот за националното обединување, за кој сите, барем декларативно, се залагаат.
Во една таква ситуација вреди да се потсетиме дека идеите и предлозите за национални стратегии воопшто не се нов момент во македонската политика од независноста. И досега се обелоденети во неколку наврати вакви обиди, па дури некои од нив го виделе светлото на денот како сериозно подготвени документи… Сепак, во актуелниот политички амбиент во кој се наоѓа Македонија, особено со нерешениот спор со Бугарија, но и со блокадите и константните нови уцени од Брисел за нашето членство во Унијата, како неминовност се наметнува потребата од заедничко дејствување. Колку побрзо сфатат сите инволвирани дека и интелектуалната елита, но и политичкиот елемент во Македонија треба што погласно да дејствуваат за да се прекине поделеноста на македонското општество, толку подобро за сите.
Судбинската предодреденост на делби во нашата историја е присутна многу одамна, особено била изразена во периодот на првата половина на 20 век, но, за наша несреќа, оваа поделеност се задржала во времето, па не ѝ се имуни ниту денешните генерации.
Партиите се испокарани на дневнополитичка основа за тоа кој ќе ја освои победата на локалните избори и кој ќе има повеќе градоначалници и советници, кој ќе ја води државата, односно кој ќе ја контролира државната каса, а во сета таа мешаница некако подзабораваат да го слушнат повикот за обединување на нацијата што доаѓа од МАНУ. Повик што во себе содржи стратегиска рамка и визија на националниот развој и надминување на поделеноста во општеството по секоја основа, политичка, верска, национална, економска…
Сето ова недвосмислено ја оправдува тезата дека на Македонија ѝ треба итно национално обединување за да може да излеземе од нокдаунот и одбројувањето, кое стигна до 30 (години). На тој начин, не само што ќе го надминеме спорот со источниот сосед туку и ќе ги „забетонираме“ ставовите поврзани со нашата вековна историја и јазик, без да може некој да ги толкува како што сака.
Треба да сфатиме дека националното обединување, националното помирување и почитување на различностите се единствените вредности што можат да ни помогнат да го пребродиме овој тежок период. Се чини дека многу од денешните наши политичари не ја научија токму оваа лекција.