Политичките партии во Македонија, по правило, кога ќе ја загубат власта, упорно се обидуваат да креираат алтернативна државна и јавна политика и, колку и да е тоа во одредени ситуации неиздржано, неоправдано, па дури и погубно, ги охрабруваат своите претставници парламентарната говорница и другите јавни настапи да ги користат како двор на селска задруга, за неаргументирани тврдења и дебати, паралелно регрутирајќи експерти од широк спектар на интерес, за да обезбедат поткрепа за сите нивни изместени тврдења. Таквите веќе одамна несогледливи размери на неодговорност за изречениот јавен збор резултираа со хистерично општество, кое и на најмал поттик одговара со емоционални експлозии. Тоа особено важи за една толку болна тема каква што е Преспанскиот договор
Додека се одвиваа преговорите и постапката за промена на државното име, јавноста секојдневно беше бомбардирана со неодговорни изјави, анализи и прогнози на претставниците на политичките партии и на експертите од разни профили, кои на ниско изведбено ниво се обидуваат да ја уверат во придобивките, односно во штетноста на она што се договараше со Грција. Некои оттогаш драстично го сменија мислењето, повеќето останаа на тогашните позиции, но на сите што барем малку ги разбираат меѓународните односи досега би требало да им е јасно оти тоа е завршена работа. Без оглед на непостигнатите „придобивки“ и на неистрпените „штети“. За договорот како за „историски успех“, „историски пораз“, за некакво негово оспорување или ревизија, може да се дебатира уште само во полупијаните кафеански муабети.
Токму затоа зачудуваат обидите Преспанскиот договор да се наметне како една од главните теми во предизборната кампања, која, нели, сѐ уште не е започната, или барем надлежните не гледаат дека е започната.
Дури и најгорливиот заговорник и, според редот на нештата, автор на спогодбата со Грција, доскорашниот премиер Зоран Заев, кој од позицијата на лидер на владејачкиот СДСМ си дозволи да влезе во дебатата и одговарајќи на најавата од опозициското ВМРО-ДПМНЕ дека, доколку освои двотретинско мнозинство во парламентот, ќе се обиде да го ревидира договорот, обвини оти со тоа ќе се уништи евроатлантската перспектива на државата, таа ќе се врати со децении наназад, ќе се разбегаат странските инвеститори… Чуму целата експликација на, според многумина, најзаслужниот за постигнувањето на договорот кога, како што кажа и самиот, тоа е невозможно.
Постојат голем број други многу горливи теми, кои може и треба да се гаснат со здрава дебата, но и со конкретни акции. Опозицијата има неограничен простор за поентирање во делот на економската и социјалната политика, правосудството, екологијата… Сето тоа се подрачја запустени како градовите и селата низ земјава. Кратери од негрижа зјаат на секој чекор. Нејасно е како не ги гледа опозицијата. Објаснувањето е само едно – дека не сака да ги види, исто како што не сака да ги види ниту владејачката елита, бидејќи спротивното, за сите нив, би било ризична стратегија
Негаторскиот однос на опозицијата кон сѐ што направи владата на Заев, па и кон договорот, во принцип, е очекуван и разбирлив. Поради, најблаго речено, скромната парламентарна култура, на опозицијата сѐ уште не ѝ е јасно дека и таа е дел од политичкиот систем на земјава. И тоа не се однесува само на актуелната опозиција. Истото тоа го правеше и СДСМ додека беше на другата страна и веројатно повторно ќе го прави кога ќе стане опозиција. Политичките партии во Македонија, во правило, кога ќе ја загубат власта, упорно се обидуваат да креираат алтернативна државна и јавна политика и колку и да е во одредени ситуации тоа неиздржано, неоправдано, па дури и погубно, ги охрабруваат своите претставници парламентарната говорница и другите јавни настапи да ги користат како двор на селска задруга, за неаргументирани тврдења и дебати, паралелно регрутирајќи експерти од широк спектар на интерес за да обезбедат поткрепа за сите нивните изместени тези.
Таквите веќе одамна несогледливи размери на неодговорност за изречениот јавен збор резултираа со хистерично општество, кое и на најмал поттик одговара со емоционални експлозии. Тоа особено важи за една толку болна тема каква што е Преспанскиот договор. Тоа е темата што подразбира должна почит и внимание од сите чинители во општеството, а посебна одговорност од политичките субјекти. Во спротивно, во случај на неснаоѓање, свесни или несвесни погрешни пристапи, постои опасност од активирање различни, верувам за повеќето во земјава, непосакувани сценарија. Едноставно, треба да запре тој однос кон темата како кон стока за широка потрошувачка.
Но затоа, за жал, постојат голем број други многу горливи теми, кои може и треба да се гаснат со здрава дебата, но и со конкретни акции. Опозицијата има неограничен простор за поентирање во делот на економската и социјалната политика, правосудството, екологијата… Сето тоа се подрачја запустени како градовите и селата низ земјава. Кратери од негрижа зјаат на секој чекор. Нејасно е како не ги гледа опозицијата. Објаснувањето е само едно – дека не сака да ги види, исто како што не сака да ги види ниту владејачката елита, бидејќи спротивното, за сите нив, би било ризична стратегија. Тоа, едноставно, е работа на перцепцијата, која и за власта и за опозицијата е сосема различна од таа што ја има општата популација. И токму затоа, колку и да му изгледа некому оти ќе има длабоки спротивставувања на ставовите и жестока реторика во предизборието, уште сега е јасно дека таа всушност ќе биде усогласена и дека нема значително да отстапува од оние точки што приближно еднакво се безбедни и безболни и за власта и за опозицијата и што по ниту една основа не навлегуваат директно во нивните интереси. Како што, впрочем, беше и досега.