Што, всушност, се случува во ИВЗ и колку овие игри за тронот може да влијаат врз убедувањата, верските чувства и однесувањето на муслиманските верници во земјава? Дали ваквата наелектризирана состојба може да влијае и на етничката и на верската кохезија меѓу граѓаните, па дури и да се прелее и негативно да влијае на севкупните состојби и на стабилноста на државата?
Овие немирни денови за ИВЗ повторно го потврдуваат фактот на исклучителна сензитивност на верските чувства во македонското општество. Речникот што може да се слушне во оваа ситуација само укажува на тоа колку е важно религијата и политиката да останат на различни страни
Бурни времиња ја надвиснале Исламската верска заедница во државата. Турбулентните случувања во оваа верска институција се одвиваат како по сценарио, на одредени временски интервали и тоа во континуитет веќе неколку години. И секогаш добиваат интензитет темпирано во чувствителни периоди на крупни политички превирања или одлуки за државата.
Последниот случај доаѓа по пауза од неколку месеци и повторно го активира барањето за смена на поглаварот Сулејман Реџепи, но овој пат со закани за бомби што треба да откријат тежок криминал, а ги најавува Скендер Бузаку, поранешниот секретар на скопското муфтиство, кој во април тврдеше дека тој е легитимен поглавар на ИВЗ, откако наводно Сулејман Реџепи поднел оставка на функцијата. Од ИВЗ, пак, се децидни дека ова сценарио многу личи на политичкото сценарио од случајот „Рекет“.
Сценариото е со јасна цел, а тоа е превласт во втората најголема верска заедница во државата, која ги опфаќа муслиманите што живеат во земјава и се грижи за нивниот верски живот. Конкретна цел е поглаварот Сулејман Реџепи, а иницијатори за негова смена се негови поранешни соработници од скопското муфтиство. Реџепи е поглавар на ИВЗ речиси 15 години, но последните неколку години е под постојани обвинувања за неговото работење во верската институција, а за најголем скандал во јавноста многупати досега се изнесувал тој дека ИВЗ прави злоупотреба на финансиите со визите за аџиите од Македонија, кои секоја година ги посетуваат Мека и Медина.
Што, всушност, се случува во ИВЗ и колку овие игри за тронот може да влијаат врз убедувањата, верските чувства и однесувањето на муслиманските верници во земјава? Дали ваквата наелектризирана состојба може да влијае и на етничката и на верската кохезија меѓу граѓаните, па дури и да се прелее и негативно да влијае на севкупните состојби и на стабилноста на државата?
Овие немирни денови за ИВЗ повторно го потврдуваат фактот на исклучителна сензитивност на верските чувства во македонското општество. Речникот што може да се слушне во оваа ситуација само укажува на тоа колку е важно религијата и политиката да останат на различни страни. Токму во сите овие случувања се посочуваше и на вмешаност од политиката.
Јавна тајна е дека актуелната власт и раководството на ИВЗ до пред извесно време беа во „брак од интерес“? Дали политиката сега прави обид за дисциплинирање на религијата? Дали револтот кај ИВЗ е резултат на неисполнети ветувања?
Она што е важно е политиката и верските заедници да бидат на различни страни, а сите верски заедници да останат на иста страна, во духот на соживотот, меѓусебната толеранција и почитување. Зашто токму тие треба да демонстрираат капацитет дека ако некоја верска институција има отворени прашања со државата, другите да не станат заложници на тој конфликт.
Поглаварот Реџепи треба да внимава и на својот вокабулар, зашто не му е првпат да биде тема во која е оценет како верски лидер со недозволив говор. Неговиот збор има тежина, и секој го оценува. Говорот на верскиот лидер треба да биде во функција на разбирање, смиреност и трезвеност, а не како говорот на политичарот. Верските лидери треба да бидат свесни за одговорноста на јавно искажаните зборови во нивните изјави за медиумите или во нивните говори.
Очигледно е дека ИВЗ има проблеми, кои треба да ги решава внатре во своите редови, без да создава атмосфера на негативни страсти, пред сѐ, кај своите верници. ИВЗ е важна институција во државата и треба да биде столб на стабилноста, а не причина за раздор затоа што верските чувства се важен момент во едно општество. Државата мора да биде неутрален медијатор за сите верски заедници, а не слеп набљудувач на состојбите. Самиот поглавар Реџепи, муфтиите и имамите мора да изградат однос со политичарите, кој нема да биде во служба за нивни дневнопартиски интереси и својот фокус да го насочат кон она што е верска обврска кон верниците… Ако има отворени прашања со државата, тие трeба да се решаваат со дијалог, без уцени и подгревање тензии
Очигледно е дека ИВЗ има проблеми, кои треба да ги решава внатре во своите редови, без да создава атмосфера на негативни страсти, пред сѐ, кај своите верници. ИВЗ е важна институција во државата и треба да биде столб на стабилноста, а не причина за раздор затоа што верските чувства се важен момент во едно општество.
Државата мора да биде неутрален медијатор за сите верски заедници, а не слеп набљудувач на состојбите. Самиот поглавар Реџепи, муфтиите и имамите мора да изградат однос со политичарите, кој нема да биде во служба за нивни дневнопартиски интереси и својот фокус да го насочат кон она што е верска обврска кон верниците. Ако има отворени прашања со државата, тие треба да се решаваат со дијалог, без уцени и подгревање тензии.
И на крајот од денот сите треба да се фокусираме на она што е еднакво важно за секој граѓанин, без разлика на верата и етничката припадност. Да им се стави крај на поделбите и на омразата во општеството, кое е сѐ поподелено, а политичарите и верските лидери да ја напуштат реториката на омрази и поделби, зашто ова општество мора да се навикнува на еден поинаков дискурс, кој треба да се пренесе и кај партиските членови.