Се разбира, сето тоа можело и да се избегне, или барем да се намалат штетите, ако во овој синџир на (не)одговорност постоела барем една цврста алка, едно лице или институција со способност да го разликува правото од неправото и со интегритет и храброст да му се спротивстави на очигледниот организиран грабеж на граѓаните, на клептократијата што изврши сериозен удар врз државната каса и правата и сопственоста на граѓаните. Зошто никој не го направил тоа, сега би требало сите, со име и презиме, да одговорат и да одговараат. Во спротивно, ќе се легитимира таквиот начин на однесување
Конечно некој во земјава е на добар пат да се справи со самоволието во судството, а тоа не се ниту органи за гонење, ниту самопрогласените реформатори, ниту добронамерните посредници од меѓународната заедница, ниту некакви масовни „граѓански движења“…, кои со години се расфрлуваат со големи зборови со мала употребна вредност. Станува збор за пошироката јавност помалку познатото и медиумски главно игнорираното здружение на граѓани „Но пасеран“, кое најави дека ќе бара прецизно лоцирање на одговорноста на судиите, кои, меѓу другите, им ја приредија повеќегодишната голгота на илјадници некорисници на парното греење, со крајно репресивни средства, принудувајќи ги да плаќаат за услугата што не ја добиваа. Во репресијата активно и пасивно учествуваа, законодавниот дом, владините тела и органи, судството, обвинителството, добар дел од независните експерти, невладини организации и политички партии, извршители… Сите тие постапуваа според добро осмислен план, чија крајна цел беше да се осигурат приходите на приватна компанија со заплеткани сопственички врски, нејасни односи помеѓу сродните претпријатија и воопшто, со многу неразјаснети нешта.
Како и да е, кога веќе почна да гасне надежта за успех на оваа борба на Давид со Голијат, Судот за човекови права во Стразбур, кон крајот на минатиот месец, донесе одлука дека на граѓаните што плаќале за услуга што не ја користат им се прекршени човековите права и им е нарушено правото на сопственост. По повеќегодишното талкање низ управните и судски лавиринти и протестирање во центарот на Скопје, здружението на граѓани „Но пасеран“ ја доби пресудата со која сега исклучените корисници на парното греење во Скопје, правдата ќе ја бараат и пред македонските судови, бидејќи, според здружението, сега, на секое домаќинство што го имаше овој проблем, ќе му следуваат до три илјади евра отштета од државниот буџет. Државата, значи, ќе мора да ги врати парите што отидоа во приватната компанија и да плати за „грешките“ што ги правеле поединци во нејзиното име.
Пресудата на Судот за човекови права во Стразбур е доста обемна и бара повеќе време за анализа, но основата е дека се прекршени основните граѓански права и правото за слободно уживање на приватната сопственост што автоматски ги оправдува настојувањата на оштетените да си ги заштитат своите права и да добијат морална и парична сатисфакција. Дури и ако тоа е на штета на државата. Се разбира, сето тоа можело и да се избегне, или барем да се намалат штетите, ако во овој синџир на (не)одговорност постоела барем една цврста алка, едно лице или институција со способност да го разликува правото од неправото и со интегритет и храброст да му се спротивстави на очигледниот организиран грабеж на граѓаните, на клептократијата што изврши сериозен удар врз државната каса и правата и сопственоста на граѓаните. Зошто никој не го направил тоа, сега би требало сите, со име и презиме, да одговорат и да одговараат. Во спротивно, ќе се легитимира таквиот начин на однесување.
Иако не е единствен, токму случајот со прекршувањето на правата на исклучените од парното, како целосно аполитичен, би можел да послужи како одличен повод за да се почне со прочистување на правосудството, кое некои актуелни политичари амбициозно го најавуваат како ветинг, невешто откривајќи дека притоа мислат, пред сѐ, на оние за кои сметаат дека се во служба на спротивната политичка опција, што во принцип, резултира со јалови напори. За навистина да се воспостави владеењето на правото е потребно да се исчекори од кругот на тесноградите интереси што во сегашната поставеност на работите, не е воопшто тривијална задача. За тоа е потребно лидерство способно да ја воочи шансата за промени, кое ќе може успешно да ја координира транзицијата и кое има морален авторитет да го спроведе сето тоа
Инаку, Македонија е меѓу десетте држави од кои пристигнуваат најмногу жалби до Судот на човекови права во Стразбур што доволно говори за состојбата во овдешното правосудство и генерално во државата. Со години Европскиот суд за човекови права, преку превод на своите судски одлуки ја прави достапна европската судска практика за македонските судии и обвинители. Но и покрај ваквата стручна помош од Судот во Стразбур, постои не само перцепција, туку и голем број конкретни примери дека во Македонија малку се следи, а уште помалку се применува неговата практика. Веќе подолго време се применуваат и голем број механизми за помош и едукација што значи дека проблемот не е во обуката на судиите, туку во недостигот од волја и во политички, корпоративни и други влијанија врз судството. Случајот со исклучените од парно го потврдува тоа. Но, за жал, тоа е само еден од многубројните, помалку или повеќе познати примери на продавање топла вода кога станува збор за владеењето на правото, правната сигурност на граѓаните и за правната држава, што впрочем се три различни изрази со истоветна суштина.
Иако не е единствен, токму случајот со прекршувањето на правата на исклучените од парното, како целосно аполитичен, би можел да послужи како одличен повод за да се почне со прочистување на правосудството, кое некои актуелни политичари амбициозно го најавуваат како ветинг, невешто откривајќи дека притоа мислат, пред сѐ, на оние за кои сметаат дека се во служба на спротивната политичка опција, што во принцип, резултира со јалови напори.
За навистина да се воспостави владеењето на правото е потребно да се исчекори од кругот на тесноградите интереси што во сегашната поставеност на работите, не е воопшто тривијална задача. За тоа е потребно лидерство способно да ја воочи шансата за промени, кое ќе може успешно да ја координира транзицијата и кое има морален авторитет да го спроведе сето тоа. Кај ликовите во актуелнава техничка влада некако не дојдоа до израз потребните карактеристики. Да се надеваме оти изборите, сепак, би можеле да резултираат со нешто подобро.