Многу повеќе од занимавањето со тоа дали ќе се најде „достоен“ наследник за Заев, ако тоа воопшто и се покаже како потребно, разочаруваат премолчувањето, заобиколувањето, запоставувањето, релативизирањето, игнорирањето… на фактот дека во Македонија деновиве се одржани локални избори. И дека на тие избори се избрани луѓе, не од СДСМ или од ВМРО-ДПМНЕ, туку луѓе од чии одлуки и постапки, во наредните четири години, ќе зависи квалитетот на секојдневниот живот на граѓаните, и тоа без оглед на нивната имотна состојба, зашто со какво било лично богатство да располага човек, тој можеби ќе одбегне да ѝ го плати данокот на државата, но јавните услуги што ги користи, воздухот што го дише и улиците низ кои се вози, ќе мора да ги дели со сите други
Во актуелната, пред сѐ, пандемиска ситуација, во која потребата од глобализација и планетарно поврзување и вмрежување, повеќе или помалку, брутално ги потисна дури и националните интереси, регионалните и локалните проблеми на многумина веројатно им изгледаат како банални, небитни и маргинални до таа мера што веста за недостигот од квалитетна вода за пиење во заедница со десетици илјади жители никако не може да ѝ конкурира на информацијата дека сопругот или сопругата на некоја глобално експонирана јавна личност заболеле од коронавирус, но и дека тоа им е трет брак, дека последниот одмор го поминале на крстосување на јахта во некоја од егзотичните туристички дестинации, дека едно од децата им се дрогира и дека во изминатиов период биле подложени на неколку естетски корекции, на пример. Зошто тогаш би требало да бидеме изненадени од толкава преокупираност со оставката на една личност од Струмичко, која во изминативе години упорно се обидуваше, а во еден период тоа ѝ беше и овозможено, да се наметне како фактор што решава за судбината на два милиони луѓе од еден крајно несреќно историски и географски дефиниран простор. Премиерот во оставка, несудениот модел на балкански лидер и на политичар способен за решавање на меѓудржавните конфликти, нобеловец, борец против корупцијата, економски реформатор…, Зоран Заев ја доби и ја прокоцка шансата. На многумина таа воопшто не им беше ни дадена. Но многу повеќе од занимавањето со тоа дали ќе се најде „достоен“ наследник за Заев, ако тоа воопшто и се покаже како потребно, разочаруваат премолчувањето, заобиколувањето, запоставувањето, релативизирањето, игнорирањето… на фактот дека во Македонија деновиве се одржани локални избори.
И дека на тие избори се избрани луѓе, не од СДСМ или од ВМРО-ДПМНЕ, туку луѓе од чии одлуки и постапки, во наредните четири години, ќе зависи квалитетот на секојдневниот живот на граѓаните, и тоа без оглед на нивната имотна состојба, зашто со какво било лично богатство да располага човек, тој можеби ќе одбегне да ѝ го плати данокот на државата, но јавните услуги што ги користи, воздухот што го дише и улиците низ кои се вози ќе мора да ги дели со сите други.
Сѐ уште е спорно дали на изборите имало „кражба“, за која индиректно обвини и самиот премиер во недоречената оставка, бидејќи тој до вчера не ги поткрепи своите наводи за нелегално финансирање на кампањата, но сосема е сигурно дека и овие локални избори им се украдени на граѓаните од страна не само на централната власт туку и на опозицијата, која цело време инсистираше бројот на освоените градоначалнички и советнички мандати да се конвертира во пратеничките места.
Сѐ уште е спорно дали на изборите имало „кражба“, за која индиректно обвини и самиот премиер во недоречената оставка, бидејќи тој до вчера не ги поткрепи своите наводи за нелегално финансирање на кампањата, но сосема е сигурно дека и овие локални избори им се украдени на граѓаните од страна не само на централната власт туку и на опозицијата, која цело време инсистираше бројот на освоените градоначалнички и советнички мандати да се конвертира во пратеничките места.
И тоа е една од поголемите тажни вистини, кои, заедно со растечката апатија на граѓаните и сѐ поизразената пасивност на гласачите, како и со упорниот клиентелизам на интелектуалната елита во земјава и со сѐ поочигледната површност и
индиферентност на меѓународната заедница, на Македонија не ѝ дозволуваат да тргне по патот на демократизацијата и прогресот…
И тоа е една од поголемите тажни вистини, кои, заедно со растечката апатија на граѓаните и сѐ поизразената пасивност на гласачите, како и со упорниот клиентелизам на интелектуалната елита во земјава и со сѐ поочигледната површност и индиферентност на меѓународната заедница, на Македонија не ѝ дозволуваат да тргне по патот на демократизацијата и прогресот, кои, според воспоставените модели, може да започнат само со суштинска децентрализација и со цврсто воспоставување на принципот на одлучување оддолу нагоре, а не обратно, како што се практикува сега. Во меѓувреме, она што сите горенаведени актери, во нивните често и преексплицитни согледувања, забораваат или нејќат да го кажат е дека локалната самоуправа може да заживее и да функционира само доколку тоа ѝ го дозволат централната власт и нејзините органи и, секако, доколку за тоа постои развиена свест и кај граѓаните.
Од она што сосема јасно го видовме во изминативе денови, но што во помала или поголема мера се навестуваше и на неколкуте претходни локални избори, а што централната власт, раководена и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ, во меѓувреме, го практикуваше, може само да се каже дека битката за локалната демократија, засега, е загубена и дека локалните избори повторно им се украдени на граѓаните. И сѐ додека тој тренд, одоздола или одозгора, не биде запрен, низ реално согледување на можностите на локалните власти и низ создавање услови за нивното остварување, како и со нивно ослободување од сенката на централната власт и на постојано подгреваните тензии помеѓу власта и опозицијата на државно ниво, тие ќе останат отуѓени од граѓаните.