Настаните што се случуваат во овој период укажуваат на можноста многу наскоро прашањето за автокефалноста на МПЦ да се најде на дневниот ред за решавање во Вселенската патријаршија. Почеток можеби е најавената посета на делегација на ВП на црковен Белград. Тоа всушност е и вообичаена практика што ВП ја прави. Слично беше и во процесот за доделување на автокефалноста на Украинската православна црква. За очекување е дека ВП на средбата со српските владици ќе го презентира својот став како да се дојде до решение за МПЦ
„Бог ги милува праведните и ниедна неправда не може да остане вечна“. Овие зборови честопати ќе ги слушнете од свештениците, кои ја имаат улогата да ги утешат верниците во овој свет на неправди. Но дали овие утешни зборови ќе ја доживеат и реалноста за праведноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија? Дали оние свештеници и владици од православните цркви, кои постојано проповедаат за правдата ги разбираат божјите пораки кога станува збор за правдата, која МПЦ веќе со децении очекува тие да ја препознаат?
Низ историјата е познато дека секоја црква има свој пат и својот статус го решавала на различен начин. На некои цркви им биле потребни и векови да го воспостават самостојниот црковен статус во православието.
Во моментов православието е поделено на два блока цркви, кои се во битка за превласт. Едниот е рускиот блок цркви, кој е најмногуброен, а вториот е на Вселенската патријаршија, кој по хиерархија се смета за првичен.
На страната на Русија е СПЦ, а на страната на Вселенската патријаршија дел од блокот грчки цркви, како Грчката и Кипарската црква.
Сепак, најмногу цркви сѐ уште се држат настрана и не се изјаснуваат за ова прашање.
Вклучувањето на Вселенската патријаршија како апелациски судија го издигна македонското црковно прашање од локален проблем на една црква на ниво на приоритетно прашање за единството на целата православна црква.
Вселенскиот патријарх Вартоломеј со сиот ризик да го навлече гневот врз себе, покажува едно високо ниво на одговорност и повиканост да најде начин како да се реши ова прашање. Сево ова повлекува една општа популаризација на МПЦ во православниот свет, но и можност православните цркви да ја видат и нејзината вистина во децениската борба за автокефалност.
Изминативе денови актуелна е колумната на архимандритот Роман Анастасијадис од Критската црква, која е дел од Вселенската патријаршија. Неговите текстови се можеби први јавни написи од едно свештено лице и тоа од блокот грчки цркви, кое презентира една друга вистина за МПЦ, со што ја менува комплетната слика што досега ја имаа православните цркви. Таа вистина е клучна за тоа како и во кој правец треба да се решава црковното прашање. Архимандритот од Крит многу децидно и јасно го негира ставот на СПЦ дека Јовановата Православна Охридска архиепископија (ПОА) е решение за проблемот. Многу прецизно ја лоцира и причината зошто Македонците инсистираат на своја автокефална црква. Сето тоа е од исклучителна важност за позициите на нашата црква.
Вклучувањето на Вселенската патријаршија како апелациски судија го издигна македонското црковно прашање од локален проблем на една црква на ниво на приоритетно прашање за единството на целата православна црква.
Вселенскиот патријарх Вартоломеј со сиот ризик да го навлече гневот врз себе, покажува едно високо ниво на одговорност и повиканост да најде начин како да се реши ова прашање. Сево ова повлекува една општа популаризација на МПЦ во православниот свет, но и можност православните цркви да ја видат и нејзината вистина во децениската борба за автокефалност
Настаните што се случуваат во овој период укажуваат на можноста многу наскоро прашањето за автокефалноста на МПЦ да се најде на дневниот ред за решавање во Вселенската патријаршија. Почеток можеби е најавената посета на делегација на ВП на црковен Белград. Тоа всушност е и вообичаена практика што ВП ја прави. Слично беше и во процесот за доделување на автокефалноста на Украинската православна црква. За очекување е дека ВП на средбата со српските владици ќе го презентира својот став како да се дојде до решение за МПЦ.
Што би се случувало потоа?
Дали од сево ова ќе се изроди заеднички компромис или, пак, ќе се случи нов судир на релацијата Вселенската патријаршија – СПЦ, веројатно ќе зависи и од позициите што ќе ги застапуваат српските владици.
Верските аналитичари велат дека МПЦ нема што да изгуби со тоа што побара ВП да биде апелациски судија на случајот. Тоа право го има таа и треба да се очекува праведна одлука.
Во моментов патријархот Вартоломеј е фокусиран на прашањето да обезбеди поддршка од другите цркви за томосот потпишан за Украина. Ако Грчката црква биде следната црква што ќе воспостави литургиско единство со Украинската црква, тогаш тоа ќе значи охрабрување за другите цркви да го сторат истото тоа, а од друга страна, ќе значи и отворен пат и за решавање на македонското црковно прашање. Но тоа може да значи и продлабочување на проблемот меѓу Цариград и Москва, нешто што веќе е извесно.
И на крајот од целата оваа приказна, прашањето што се наметнува е која е главната придобивка од тоа МПЦ да добие документ за томос за својата независност.
Што ќе значи сето тоа за еден верник? Дали тоа ќе ја смени неговата верба?
Автокефална МПЦ во православието значи отворено канонско признание за посебноста на македонскиот народ и држава. Тоа е печат што омеѓува една територија, која, според каноните на црквата, е автокефална затоа што е самостојно државно уредена и водена од владици произлезени од овој посебен народ.