Религијата и нацијата на Балканот се цврсто поврзани, но проблемите се јавуваат кога религијата ќе се поврзе со национализмот. Последиците од тоа се катастрофални и многупати се покажувале во историјата на балканските држави. Држењето на оваа тема во предизборен период им одговара на „чуварите“ на националните интереси, кои се еднакво распоредени на двете страни. Но прашање е колку политичката поделеност, дополнета со национална поделба и верска нетрпеливост, може долго да се држи под контрола?
Во последните години парламентарните сали во балканските држави стануваат „опасно место“ за демократијата. Само за една недела во зградите на највисокиот законодавен дом во Црна Гора и во Република Српска, се случија сериозни инциденти, во кои учествуваа пратеници и министри, кои беа лош пример за тоа како тие ја сфаќаат примената на правото за слободно изразување и бранење на своите ставови за одредено прашање. Наместо соочување на аргументите, тие се објаснуваа преку вербални напади и тупаници. Епилогот од ваквата „демократска“ собраниска дебата во црногорскиот парламент за донесување на Законот за слобода на вероисповед беше насилно отстранување и приведување дваесетина лица, меѓу нив и целата пратеничка група на Демократскиот фронт, која ги застапува интересите на српската заедница во Црна Гора. Исто така, и инцидентот во Народното собрание на ентитетот Република Српска беше поттикнат од идеолошки разлики, само што министерот за внатрешни работи му удрил шлаканица на пратеникот, кој претходно мавтал со знаменце на НАТО! Овој пат тема било дали да се влезе или не во воениот сојуз.
Ова не се единствени случаи кога во балканскиот повеќепартиски парламентаризам се применуваат методи и начини на расправа, кои не се својствени за општества со висока развиена демократска свест. Да потсетиме на двата најкарактеристични случаи во Македонија, кои во нашата политичка терминологија се познати како „црниот понеделник“ и „крвавиот четврток“. Во првиот случај, пред седум години тогашната опозиција, предводена од Бранко Црвенковски и раководена од својата логика, се обиде да го спречат донесувањето на „пренадуваниот државен буџет“ предложен од тогашниот премиер Никола Груевски. Во 2017 година се случи второто поголемо упаѓање во парламентарниот дом, кога приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ насилно се спротивставија на изборот на Талат Џафери за претседател на македонското собрание. Методи на улична демократија често се практикуваа и од пратениците во парламентите на Албанија и на Косово. Актуелниот премиер на Албанија Еди Рама, во собраниската сала, неколкупати беше гаѓан со разни предмети фрлени од пратеници. Додека приврзаниците на идниот косовски премиер Албин Курти често активираа и димни бомби за време на парламентарните заседавања.
Ако се погледне малку подлабоко зад овие „испади“ во парламентарните системи на земјите од Балканот, забележливо е и дека тие се јавуваат според определени правила и закономерности. Речиси без исклучок, тоа се случува кога некоја партија или коалиција се чувствуваат толку сигурно и надмоќно во своето владеење, со што не оставаат простор за некои отстапки на кои инсистираат од опозициските партии, кај кои и така има насобрано големи „фрустрации“, поради тоа што долго време не можат да ја придобијат довербата од граѓаните
Ако се погледне малку подлабоко зад овие „испади“ во парламентарните системи на земјите од Балканот, забележливо е и дека тие се јавуваат според определени правила и закономерности. Речиси без исклучок, тоа се случува кога некоја партија или коалиција се чувствуваат толку сигурно и надмоќно во своето владеење, со што не оставаат простор за некои отстапки на кои инсистираат од опозициските партии, кај кои и така има насобрано големи „фрустрации“ поради тоа што долго време не можат да ја придобијат довербата од граѓаните. Неподготвеноста да се најде заедничко прифатливо решение раѓа ново насилство во собраниските згради. Крајната цел, секако, е доаѓање на власт.
Токму ова е и една од причините зошто Демократскиот фронт се одлучи на ваков начин да ја брани слободата на вероисповед, со образложение дека се брани и сопственоста на црковниот имот со кој располага Српската православна црква во Црна Гора. Одредени медиуми во Србија пишуваат дека од опозицијата најавувале дека ќе почнат со протести за да се доведе владејачката коалиција да формира техничка влада и со тоа и смена на власта на Мило Ѓукановиќ. Носењето на црковниот закон на кој инсистираше Владата на Црна Гора е само „совршен повод“ за почнување на политичката борба за преземање на власта.
Тоа што загрижува во црногорскиот случај е што, покрај политичките, во земјата има и длабоки етнички разлики, на кои им се надоврзаа и религиските. Секој што бил во Црна Гора ќе ја забележи таа подвоеност, а особено истакнувањето на српската посебност, токму со истакнувањето на државното знаме на Србија на верските објекти што, секако, не ги остава рамнодушни припадниците на црногорскиот народ. Како ќе се надмине овој проблем засега е неизвесно. Дипломатски извори ја исклучуваат можноста во скоро време да се сретнат претседателите на Србија и на Црна Гора и да ја смират зовриената атмосфера. Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ веќе стави потпис на Законот за вероисповед, што остави простор дека приврзаниците на Српската црква ќе продолжат со „отпорот“ и за време на божиќните празници.
Религијата и нацијата на Балканот се цврсто поврзани, но проблемите се јавуваат кога религијата ќе се поврзе со национализмот. Последиците од тоа се катастрофални и многупати се покажувале во историјата на балканските држави. Држењето на оваа тема во предизборен период им одговара на „чуварите“ на националните интереси, кои се еднакво распоредени на двете страни. Но прашање е колку политичката нетрпеливост, дополнета со национална поделба и верска нетрпеливост, може долго да се држи под контрола? И тука доаѓаме до изјавата на оној полицаец од Никшиќ, кој дал отказ „не можејќи да употреби сила над своите браќа и соседи“, но затоа е подготвен, во име на бога, да го даде и својот живот за одбрана на црковниот имот. Што потоа…