Сигурно малкумина знаат што значи скринингот и колку е значаен. Во превод за обичниот граѓанин, тоа значи дека почнува фаза на аналитичко прегледување и оцена на степенот до кој законодавството и сите други сегменти на земјата-кандидат се во согласност со стандардите на Унијата, која секој наш чекор ќе го следи и опсервира. Притоа треба да се напомене и дека вистински тешките и болни реформи на општеството допрва претстојат и тие не можат да се скријат од видокругот на Брисел
Влезот на Македонија во НАТО и во ЕУ е стратегиска определба на државата од нејзиното осамостојување до денес. Поаѓајќи оттаму, деновиве земјава, по повеќе од две децении седење во чекалницата на Брисел, конечно го започнува скрининг-процесот за пристапување во Европската Унија. Процес што се очекува да заврши до јуни 2019 година, по што треба да започнат и официјално преговорите за членство во ЕУ.
Е сега, сигурно малкумина знаат што значи скринингот и колку е тој значаен. Во превод за обичниот граѓанин, тоа значи дека почнува фаза на аналитичко прегледување и оцена на степенот до кој законодавството на земјата-кандидат е во согласност со стандардите на Унијата. Исчекор за Македонија на патот кон ЕУ несомнено, но вистински тешките и болни реформи на општеството допрва претстојат. Реформи во обвинителството и во судството и решавање на проблемите со корупцијата се областите во кои ќе треба да се направат најмногу реформи за да може да се доближиме до стандардите на земјите-членки на Европската Унија. Тука ќе бидат и најголемите барања на европската администрација во процесот на скрининг. Голем предизвик во овој процес исто така ќе биде наоѓањето квалитетни административци, кои ќе може да ги подготвуваат законските измени, а потоа и да ги имплементираат во реалноста.
Сериозен стремеж, сепак, ќе бидат и преговорите што се однесуваат на правната држава. Успесите на ова поле во изминатите две години не можат да го прикријат купот други структурни проблеми. Правосудството не е ефикасно и подложно е на влијанија, додека корупција има пуштено длабоки корени.
Голем предизвик во овој процес исто така ќе биде наоѓањето квалитетни административци, кои ќе можат да ги подготвуваат законските измени, а потоа и да ги имплементираат во реалноста. Сериозен стремеж, сепак, ќе бидат и преговорите што се однесуваат на правната држава
Друг камен на сопнување се и грешките во чекори во здравството, недоволниот прилив на странски инвестиции, пренадуената државна управа, застарената инфраструктура. Работа, кариера и фотелји што сѐ уште се делат меѓу партиите, успех заснован на партиска книшка, а граѓаните се главно заложници на партократијата.
Сето тоа, без емоции, ќе биде снимено во т.н. скрининг. Македонија, а со тоа и Владата, ќе мора да ги засука ракавите. Во земјава во иднина ќе се создава историја, така што постепено ќе се применуваат сите стандарди на сосема просечна членка на ЕУ. Веќе самото тоа е доволно амбициозна цел, чие остварување може да потрае во меѓувреме.
Но, за да дојдеме дотаму, треба паралелно со реформите наведени во бриселските поглавја, во Македонија да почне нова голема реформа, културна, цивилизациска и социјална револуција за надминување на популизмот и партократијата.
Една стара еврејска мудрост вели: „Ако купуваш куќа, прашај го продавачот дали му е наследство од предците или ја градел сам. Ако му е наследство, купи ја затоа што ќе купиш куќа што ќе ја продаде евтино, а ако ја градел сам, не купувај ја, затоа што цената ќе биде висока… тоа е цената на неговиот дом!“
Ние ја добивме нашата држава од нашите предци. Таа е нашиот дом. Затоа сите заедно треба да ги засукаме ракавите и да ја изградиме во модерна и здрава држава пред и да влеземе во ЕУ.
Да бидеме херои на нашето време и за нашите деца.