Сето тоа, освен што ја потврди тезата дека политичките партии, а во последното време не само големите, туку и помалите, кои исклучително брзо ја научија лекцијата, и како власт и како опозицијата, дефинитивно се свртени кон буџетарите како најголем басен за експлоатација, како на гласачи и поединечни финансиери на политичките партии така и на кандидатите за кои треба да се гласа и кои, со голем процент на сигурност, беспоговорно ќе ги следат и извршуваат партиските директиви, ја исфрли на површината можеби и најголемата, а наедно и најпотценетата, поделба во општеството – на оние што, дури и во најтешките услови какви што се, на пример, пандемиските, произведуваат материјални добра и услуги и за кои се вели дека работат во реалниот сектор и на оние што, под разни околности, се најдоа во, за македонски услови, мошне нереалниот свет на јавниот сектор
Во овој предизборен периодот, во кој избирачите се придобиваат дури и со ветувањата за доделување стипендии од кралот Александар Први Караѓорѓевиќ, веројатно не би требало да биде големо изненадување тоа што луѓето чии извори на приходи, во најголема мера се обезбедуваат од државниот и од буџетите на единиците на локалната самоуправа, барем според општиот впечаток, се доминантната сила во изборниот натпревар. За многумина, веројатно, не е ништо ново тоа што погореспоменатите, кои вообичаено се именуваат како државна и јавна администрација, покрај, се разбира, пензионерите, важат за „најлојалните“ гласачи на големите партии, но овој пат, иако поради карактерот на локалните избори, многу тешко е тоа и егзактно да се потврди, со голема доза сигурност, може да се каже оти токму тие доминираат и на листите за градоначалници и за советници. А кој друг, впрочем, би имал толку слободно време и пари за цел месец, а можеби и повеќе, да троши во прошетките по партиските собири?
Затоа не треба многу да се дебатира кога најавите за покачувања на платите на буџетарите доаѓаат пред секои избори, а особено што овој пат се користат и сосема нови „алатки“, каква што, на пример, е ветувањето за преполовеното работно време во петоците. Како во другите делници дека работното време им е по осум часа.
За потсетување, на само два месеца пред локалните избори, Владата донесе уредба со која за дел од буџетските корисници е предвиден додаток на плата во висина до 30 отсто од износот на основната плата, наводно, поради специфичноста на работните задачи и зголемениот обем на работа. Познавачите го оценија тоа како награда за буџетарите што одработуваат за потребите на предизборните кампањи на владејачките партии. Опозицијата, по службена должност, реагираше на таквата одлука, а власта непречено продолжи да ја „збогатува изборната понуда“ со апсурдната идеја, безброј пати и низ безброј примери докажано неефикасната администрација да се награди со скратено работно време.
Сето тоа, освен што ја потврди тезата дека политичките партии, а во последното време не само големите, туку и помалите, кои исклучително брзо ја научија лекцијата, и како власт и како опозицијата, дефинитивно се свртени кон буџетарите како најголем басен за експлоатација, како на гласачи и поединечни финансиери на политичките партии така и на кандидатите за кои треба да се гласа и кои, со голем процент на сигурност, беспоговорно ќе ги следат и извршуваат партиските директиви, ја исфрли на површината можеби и најголемата, а наедно и најпотценетата, поделба во општеството – на оние што, дури и во најтешките услови какви што се, на пример, пандемиските, произведуваат материјални добра и услуги и за кои се вели дека работат во реалниот сектор и на оние што, под разни околности, се најдоа во, за македонски услови, мошне нереалниот свет на јавниот сектор.
Малку ли да се каже за колку опасна поделба станува збор? Годините поминуваат, владите се менуваат, законите и подзаконските акти се дополнуваат, а никако да се постигне некаков баланс помеѓу правата и обврските што вработените во јавниот сектор би требало да ги имаат, сѐ додека ги исполнуваат обврските кон, во дадениот момент, меродавните политички центри. И тука, одамна веќе не може и не треба да се зборува за некакви злоупотреби на административните ресурси. Станува збор, едноставно, за подавање, за доброволно стапување во одреден однос
Оттука, не е големо изненадување ниту што на тие што создаваат некаква вредност, ништо не им се нуди, додека на тие што трошат, и тоа според многубројните сведочења и на граѓаните и на стопанствениците, најчесто незаслужено, им се доделуваат нови погодности.
Малку ли да се каже за колку опасна поделба станува збор? Годините поминуваат, владите се менуваат, законите и подзаконските акти се дополнуваат, а никако да се постигне некаков баланс помеѓу правата и обврските што вработените во јавниот сектор би требало да ги имаат, сѐ додека ги исполнуваат обврските кон, во дадениот момент, меродавните политички центри. И тука, одамна веќе не може и не треба да се зборува за некакви злоупотреби на административните ресурси. Станува збор, едноставно, за подавање, за доброволно стапување во одреден однос, при што најмалку што може да се добие за возврат се доживотниот комфор, сигурна и редовна плата, платени придонеси и загарантирана пензија. А што повеќе може да се посака во овие несигурни времиња? Се разбира, доколку на нештата се гледа од безбедната перспектива на административците. Погледот од секоја друга перспектива е поразителен и веќе до несогледливост го продлабочува јазот. Тоа, на пример, би можела да биде една од темите за партиските стратези, доколку меѓу нив останал уште некој добронамерен што, со оглед на искуствата, но и на интензивниот партиски ангажман на државните и на јавните службеници и функционери и на користењето на секакви други државни и на јавни ресурси и во оваа изборна кампања, не е баш многу извесно. Останува само да се надеваме оти барем некои од оние што ги финансираат „реформите“ во администрацијата ќе сфатат дека во воспоставениот однос на политичките сили, во амбиентот на силното економско, социјално, па и ментално ропство, некаков напредок и не може да се очекува.