За среќа, дојавата за активирање експлозивна направа пред зградата на Владата во текот на посетата на Фон дер Лејен, која би можела да се протолкува и како обид за нанесување шлаг на невешто сервираната торта наречена безбедносно проблематичен Балкан, со која бриселската администрација, која навистина има дилеми во однос на стратегиската политика кон регионот, би требало да се убеди повторно приоритетно да се занимава со стабилократиите или, за овдешни услови посоодветно, лабилократиите, занемарувајќи ги проблемите какви што се (не)владеењето на правото, (не)демократскиот амбиент, корупцијата, неефикасната администрација, загадувањето на животната средина…, и конечно со критичкото соочување со реалноста, се покажа како лажна
По последнава прошетка на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, по балканските земји и посетата на еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, едно е сигурно – Брисел и Западот воопшто, повторно, ќе мора сериозно да му се посветат на регионот, кој како и самиот негов назив Западен Балкан да го осудил да остане заглавен помеѓу географијата и геополитиката.
За среќа, дојавата за активирање експлозивна направа пред зградата на Владата во текот на посетата на Фон дер Лејен, која би можела да се протолкува и како обид за нанесување шлаг на невешто сервираната торта наречена безбедносно проблематичен Балкан, со која бриселската администрација, која навистина има дилеми во однос на стратегиската политика кон регионот, би требало да се убеди повторно приоритетно да се занимава со стабилократиите или, за овдешни услови посоодветно, лабилократиите во балканските земји, занемарувајќи ги проблемите какви што се (не)владеењето на правото, (не)демократскиот амбиент, корупцијата, неефикасната администрација, загадувањето на животната средина…, и конечно со критичкото соочување со реалноста, се покажа како лажна.
Многумина, веројатно, сега ќе кажат дека поминало времето на стабилократиите на овие простори. Но ако сосема трезвено и без идеолошки и секакви други оптоварувања, со изострена диоптрија, се погледне наоколу, ќе може да се види оти во изминатиов период, токму поради незавршените домашни задачи добиени од Брисел, за разлика од претходните години, кога насилната исламистичка идеологија, исто како и во остатокот од Европа и од светот, претставуваше најголем безбедносен ризик, и фактот дека Западен Балкан бавно се стабилизира како последица на трусните 90-ти години од минатиот век, сега, многу поголем ризик претставуваат сомнителните инвеститори и криминални групи. Тие, преку своите илегални вложувања и активности, се обидуваат да ги преземат државните системи, пред сѐ полициските, некои од стопанските, па и здравствените, додека паралелно со тоа се одвива и не помалку ризичниот глобален натпревар помеѓу западниот либерален и источниот авторитарен пристап, кој промовира некакви алтернативни и, за овдешниот менталитет, неприфатливи модели на владеење. Резултат на сето тоа е растечката фрустрација и меѓу граѓаните на овдешните земји и меѓу оние што најдобронамерно сакаат да им помогнат.
А каде се властите на овие држави во сето тоа? Тие се растегнати помеѓу непрекинатите предизборни кампањи и водењето на сопствените бизниси, кои, како што и премногу пати се потврди, мошне често и мошне цврсто се испреплетени со интересите токму на оние што се посочуваат како генератори на наведените безбедносни ризици.
Но да се вратиме на, барем како што звучи, несимпатичната појава на стабилократијата, која вистина сѐ уште, колку што ми е познато, не е научно апсолвирана, но во изминативе години премногу често е употребувана за означувањето на феноменот на западната „поддршка“ на политичките режими на овие простори, со цел по секоја цена, па дури и по цена на спроведување недемократски практики, да се обезбеди стабилност во внатрешно и во надворешнополитичка смисла. Тоа на Европа ѝ беше потребно заради справувањето со, на моменти, неконтролираните бранови на бегалци и мигранти од Блискиот Исток и од северот на Африка, но многу повеќе, како што веќе станува и очигледно, заради заштита на сопствените инвестиции на овие простори. И тоа се сосема легитимни интереси, особено кога се знае колку многу овдешните влади кешираат од тие бизниси.
И каде е во сето тоа Македонија? Проблемите на Македонија, или поточно проблемите што нејзините соседи ги имаа и ги имаат со неа, се од поинаков карактер и затоа клучот за промената на односот на ЕУ кон Западен Балкан, како што некои веќе и објаснуваат, би можел да биде токму во пристапот кон решавањето на бугарската блокада на македонската евроинтеграција. Ако Брисел се охрабри да го сврти клучот во правилна насока, тогаш многу лесно ќе може да се дефинира и иднината на целиот регион, па дури и на Европската Унија, која, меѓу другото, и од наведените причини, сѐ почесто има проблеми и со сопствениот идентитет
Сето тоа, се разбира, како што веројатно и ќе се покаже, нема многу врска со мотивите на завчерашниот „атентатор“ во Скопје, но ја тангира Македонија како дел од едно несредено опкружување, чиј простор, сепак, нема економски потенцијал ниту како половина на една Полска, на пример. Има врска со хронично несредената внатрешнополитичка состојба во Босна и Херцеговина, со недодефинираниот државноправен статус на Косово, двата проблема што автоматски се рефлектираат врз односите со и меѓу сите нивни соседи, како и со проблемите што постојано тлеат и повремено ескалираат помеѓу Црна Гора и Србија. Сите тие се со голем потенцијал за влошување, а бирократите во Брисел и особено бизнисмените од Западот, кои поради ограничувањата на кои ги потсетија пандемијата и непријатностите предизвикани од големите геополитички поместувања, сакаат своите производствени капацитети од Истокот да ги донесат таму каде што ќе им бидат под контрола и подостапни и каде што цената на работната сила ќе ги покрие трошоците на трансферот, што ќе рече на Балканот, не ги интересира кој притоа е во право, а кој е во криво, зашто тие сакаат да ја гледаат пошироката слика.
И каде е во сето тоа Македонија? Проблемите на Македонија, или поточно проблемите што нејзините соседи ги имаа и ги имаат со неа, се од поинаков карактер и затоа клучот за промената на односот на ЕУ кон Западен Балкан, како што некои веќе и објаснуваат, би можел да биде токму во пристапот кон решавањето на бугарската блокада на македонската евроинтеграција. Ако Брисел се охрабри да го сврти клучот во правилна насока, тогаш многу лесно ќе може да се дефинира и иднината на целиот регион, па дури и на Европската Унија, која, меѓу другото, и од наведените причини, сѐ почесто има проблеми и со сопствениот идентитет.