Блокадата од Бугарија не е оправдување Македонија денес да е една од најкорумпираните држави. Некогашните блокади од Грција не можат да бидат алиби што Македонија и 30 години од независноста е општество без правда и без европски вредности. Правна држава без корупција е наша домашна обврска, чија реализација не зависи од нечија блокада, туку вредност кон која треба да се стремиме сите во ова општество
Политичките проблеми со блокадите на евроинтегративните процеси на Македонија постепено станаа главното алиби на домашните политички фактори во дискурсот на оправдувања зошто сѐ уште сме заглавени како дел од Западен Балкан. Да, претходно Грција, сега Бугарија го користи ветото како инструмент за блокада на нашиот европски пат.
Бугарија ги негира нашиот македонски национален идентитет и јазик и врши притисок за својата историска вистина. Сиот тој факт се толкува како уцена од Бугарија. Нема никаква дилема дека тие барања на Софија се неприфатливи и по цена на европската интеграција на Македонија. Но сето ова не може да биде никаков аргумент за она што е македонска домашна задача на патот до Брисел. Блокадата од Бугарија не е оправдување Македонија денес да е една од најкорумпираните држави.
Некогашните блокади од Грција не можат да бидат алиби што Македонија и 30 години од независноста е општество без правда и без европски вредности. Правна држава без корупција е наша домашна обврска, чија реализација не зависи од нечија блокада, туку вредност кон која треба да се стремиме сите во ова општество. Тоа се наши обврски, кои треба да се направат за овдешните граѓани да имаат подобар и поквалитетен живот. За да можат слободно без какви било проблеми да ги задоволат своите потреби и барања во државата, без разлика дали е здравство, судство, администрација, брз притоа да платат мито за каква било услуга. Тоа е правна држава.
Ниту една земја, без разлика колку е развиена од економски и демократски аспект, не е имуна на феноменот корупција.
Корупцијата на граѓаните им штети со загуби во нивната егзистенција, со слаби јавни услуги, со ограничени можности за развој, како и со губење доверба во демократијата.
И ќе кажете ова не е ништо ново. Да, со години се случува ова, и тоа на сите нивоа на власт, од локалните самоуправи до централната власт.
А истовремено со години се повторува и дека постоењето на ефикасни домашни институции и механизми за борба против корупцијата е клучно во процесот на пристапување кон ЕУ.
Токму овие слабости ги покажа и последното истражување за процена на ранливи области на корупција на локално ниво, кое го изработила Асоцијацијата на демократски иницијативи (АДИ) во пет општини во државата. Таму се констатираат заклучоци дека вработените во царинските служби се најкорумпирани, додека здравствените работници најчесто бараат мито. Така барем во опсежните анкети посочиле граѓаните на Куманово што биле вклучени во истражувањето. Помеѓу општините постојат разлики, па така во Гостивар, Битола и во Кавадарци прворангирано е судството, во Куманово прва е царината, додека судството е на третото место, а во Штип први се инспекциските служби, а судството е второ. Во сите општини образованието и социјалната заштита се сметаат за области каде што корупцијата е најмалку раширена.
Но дали сето ова може одеднаш да ја реши борбата со корупцијата? Дали надлежниот вицепремиер и Државната комисија за спречување на корупцијата можат да ги решат корупциските процеси закоравени со години?
Но тука можат да помогнат и граѓаните. Со нивните пријави можат да се откријат многу системски слабости што треба да се отстранат. За тоа, пак, е потребна политичка волја. Но потребна е и сеопфатна борба. Сите институции во државата треба да постапуваат според законските норми и на тој начин да ги надминат можните коруптивни дејства на поединците. Ова општество треба еднаш да реши дека ќе заврши со корупцијата
За истакнување е и тоа што Македонија на листата на Транспаренси интернешнел се најде на 111-то место во групата со најкорумпирани држави. Со ова, земјата бележи пад од пет позиции во однос на минатата година.
За да го издигне проблемот со корупцијата во земјата и да го стави за еден од приоритетните за справување, македонската влада постави и вицепремиер задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси. Во Акцискиот план 21, Владата најави дека ќе биде воспоставен синхронизиран и единствен повикувачки центар за пријавување корупција и следење на постапките во институциите.
Токму вицепремиерот надлежен за ова прашање Љупчо Николовски истакнуваше дека волјата е да се создаде функционален систем во интерес на сите граѓани, кој постојано и без разно влијание на какви било лоби-групи ќе генерира и испорачува правда, правна држава, ред и функционирање на институциите и на поредокот.
Но дали сето ова може одеднаш да ја реши борбата со корупцијата? Дали надлежниот вицепремиер и Државната комисија за спречување на корупцијата можат да ги решат корупциските процеси закоравени со години?
Но тука можат да помогнат и граѓаните. Со нивните пријави можат да се откријат многу системски слабости што треба да се отстранат.
За тоа, пак, е потребна политичка волја. Но потребна е и сеопфатна борба.
Сите институции во државата треба да постапуваат според законските норми и на тој начин да ги надминат можните коруптивни дејства на поединците.
Ова општество треба еднаш да реши дека ќе заврши со корупцијата.
Институциите се должни да бидат одговорни и транспарентни, за да ја вратат довербата на граѓаните.
Во таа борба не треба да се кријат сторителите на корупцијата, без оглед за каков облик на корупција се работи и од кој сторител е сторена таа.
На тој начин ќе се охрабрат и граѓаните да пријавуваат случаи кога ќе се соочат со корупција од една страна, но и на тој начин ќе се спречат и потенцијалните сторители од друга страна.