Затоа е добро кога на 9 мај претставници на политичките партии и функционери ќе говорат или оддаваат почест во спомен на загинатите, да се сетат за што всушност ги дале нивните животи и кои биле нивните идеали. Да се запрашат зошто се бореле тие и дали македонските херои би се согласиле сега некој да ги прекрсти, да ги обезличи, да им го смени генетичкиот код ин виво и од народ со библиско потекло и вековна традиција и историја да нѐ претвори во празен лист хартија
Со интензивирање на средбите и разговорите меѓу Македонија и Грција за надминување на разликите за наметнатиот спор за името се интензивираат и реакциите и загриженоста кај македонските граѓани за крајниот исход на целиот процес. Како медиум тоа веројатно можеме најдиректно и најреално да го спознаеме, иако понекогаш е доволно само да прошетате низ маалото и да наслушнете што зборува чаршијата. Во последно време весникот „Нова Македонија“ е буквално преплавен од дописи, јавувања, реакции, мислења на загрижени граѓани од разни структури (возрасна, социолошка, етничка, образовна), кои изнесуваат свое видување на преговарачкиот процес и евентуалниот непосакуван развој на настаните. Секој од нив преку пишан збор на свој начин сака да остави своја трага, свој белег, во ова историско време кога на вага се става вековното историско наследство на македонскиот народ и сето она што претставува негово идентитетско обележје. Во таа насока е видлива намерата на нашите читатели и надворешни соработници да предупредат на опасностите што ги носи каква било погрешна или избрзана одлука.
Притоа, со секој прочитан ред во нивните натписи може да се почувствува и болката што ја чувствуваат поради неправдата и притисоците со кои се соочува државата.
Зашто секоја споделена болка со ближниот е помала болка, како што и секоја споделена радост е поголема радост. А како нивни најближни нѐ третираат и ни пишуваат адвокати, професори, академици, дипломати, студенти, пензионери, земјоделци… Би сакал да им се заблагодарам на сите и да ги споменам и со име и презиме, но сепак нема да го направам тоа, бидејќи нивните написи, реакции но и цели фељјтони во врска со наметнатиот спор за името нашиот весник и досега ги објавуваше и ќе продолжиме да го правиме тоа и понатаму. Токму од идната недела почнува нов аналитички фељтон во десетина продолженија посветен токму на спорот со Грција. Сите овие податоци и факти јасно укажуваат дека на македонските граѓани воопшто не им е сеедно што се преговара и договара, како што некој сака да претстави во јавноста, затскривајќи го целиот процес зад европската агенда и посакуваното членство во ЕУ и во НАТО. Зашто членството во овие организации е достигнување што доаѓа како резултат на одредени реформи што сме ги направиле и тоа членство не може да се доведува во врска со некаква туѓа уценувачка политика и барања за промена на име, устав, јазик, идентитет итн.
Тоа му доаѓа исто како да ве поканат на гости како заслужен, респектабилен и примерен член на општеството, но притоа да побараат од вас пред да влезете таму да направите пластична операција, да си го промените ликот, да ги смените името и презимето во личните документи, да се откажете од семејството и предците, задолжително да го смените и мајчиниот јазик итн. Или да ви кажат дека доколку ги направите сите овие првични корекции, тогаш дојдете, во спротивно не ве пуштаме внатре.
И сега што би направиле?!
Карикирано и вака може да се претстават спорот и апсурдноста на грчките барања, иако можеби некои се подготвени уште веднаш да закажат термин кај пластичен хирург. Но тие малкумина сигурно не се огромното мнозинство македонски граѓани, кои по никоја цена не се подготвени да ги жртвуваат својот идентитет, јазик, историја, култура. Она што како весник и редакција ни претставува посебна чест и нѐ прави особено горди е сознанието што сите ни пишуваат и ни се јавуваат, ја препознаваат „Нова Македонија“ како автентичен чувар и бранител на македонската национална кауза и на сѐ што значи идентитетско обележје на еден народ и култура. Неодамна во уводникот по повод 10-годишнината од рестартирањето и возобновувањето на весникот со 74-годишна традиција, споменувајќи ја нашата мисија како весник, напишавме „Ние сме Нова Македонија“.
Во мноштвото позитивни реакции имаше и една исправка и дополнување, кое сакам да го споделам. Вие не сте само „Нова Македонија“, Вие сте Македонија, додаде нашиот читател.
Во неделата, пак, што е пред нас се одбележува еден историски датум – 9 Мај, Денот на Европа или Денот на победата над фашизмот. И во двата јубилеи Република Македонија и македонскиот народ имаат свои значајни удели. Да видиме прво што ѝ даде Македонија на Европа. Со што може тоа да се измери и процени
За еден медиум чиј врховен коректив се читателите и јавноста, нема поголемо признание кога токму тие ве идентификуваат со националниот супстрат од кој е сочинета државата и во вас гледаат заштитник и бранител на националните интереси. Зашто токму „Нова Македонија“ од основањето до денес покажа и докажа дека е нераскинлив дел од нацијата, на чии страници низ призмата на професионалност и принципот на легалитет се штитат националните и државни интереси и истовремено се бориме против поделбите во и на Македонија.
Во деновите и месеците што следуваат токму таа сплотеност и заемна синергија и нам и уште повеќе на државата ќе ни бидат потребни повеќе од кога и да е. Во неделата, пак, што е пред нас се одбележува еден историски датум – 9 Мај, Денот на Европа или Денот на победата над фашизмот. И во двата јубилеи Република Македонија и македонскиот народ имаат свои значајни удели. Да видиме прво што ѝ даде Македонија на Европа. Со што може тоа да се измери и процени.
И донесе писменост, култура, образование, историја. Треба ли да се споменуваат плејадата наши будни интелектуалци, поети и културни работници, почнувајќи од Јордан Хаџи Константинов-Џинот, Партениј Зографски, Крсте Петков Мисирков, св. Кирил и Методиј и нивните ученици, почетоците на Светиклиментовиот универзитет и мнозина други македонски дејци. Им подаривме писменост на Европа и на светот. А што имаме добиено за возврат? Или уделот на македонскиот народ и борците во антифашистичката борба и победата над фашизмот.
Самоизвојуваната слобода македонскиот народ скапо ја плати со над 25.000 изгубени животи и неколкукратно поголем број ранети и повредени, иако процените се дека бројките се веројатно многу поголеми. Сите овие млади херои од различна етничка припадност загинаа со отворени очи. Загинаа сонувајќи ја слободата на својата единствена татковина – Република Македонија.
Сите овие се неизбришливи траги, кои не можат и не смеат да се заборават. Прво од почит и благодарност кон жртвите и второ како аманет на хероите кон идните генерации, кои немаат право да си поигруваат со нашето историско и идентитетско наследство. Затоа е добро кога на 9 мај претставници на политичките партии и функционери кога ќе говорат или оддаваат почест во спомен на загинатите, да се сетат за што всушност ги дале нивните животи и кои биле нивните идеали. Да се запрашат зошто се бореле тие и дали македонските херои би се согласиле сега некој да ги прекрсти, да ги обезличи, да им го смени генетичкиот код ин виво и од народ со библиско потекло и вековна традиција и историја да нѐ претвори во празен лист хартија.
Затоа и нашата порака за 9 Мај, Денот на победата, нека биде да се сетиме и да не го забораваме минатото, за да ја зачуваме сегашноста и да ја обезбедиме иднината.