На масата во Аман, каде што требаше да се осуди постапката на патријархот Вартоломеј да дава томоси за автокефалност на православни цркви, седнаа само четворица поглавари од 15 автокефални православни цркви. Тоа се ерусалимскиот Теофил, рускиот Кирил, српскиот Иринеј и архиепископот на Чешка и на Словачка Ростослав. Таму присуствуваат и делегации на пониско ниво на две цркви, на Романската и на Полската црква. Токму вакво пребројување речиси никој и не очекуваше. Најлошото сценарио на Руската црква беше дека во Аман ќе допатуваат најмалку осум цркви, но се случи токму спротивното, патријархот Вартоломеј да биде апсолутен победник, барем засега во војната со РПЦ
Дали на повидок е ново преструктурирање и позиционирање во православниот свет и сериозна поделба на два блока, едниот предводен од Вселенската патријаршија и другиот од Руската православна црква?
Оваа дилема сѐ уште нема прецизен одговор, но најавената средба на поглаварите на православните цркви во Аман, Јордан, која почна вчера, открива многу за новите состојби во православниот свет. Големата надеж на Руската црква да се пребројат црквите врз основа на влијание и моќ, и донесе дебакл на нејзината црковна дипломатија. Зашто, сепак, големото мнозинство поглавари го откажаа учеството.
На масата во Аман, каде што требаше да се осуди постапката на патријархот Вартоломеј да дава томоси за автокефалност православните цркви, седнаа само четворица поглавари од 15 автокефални православни цркви.
Тоа се ерусалимскиот Теофил, рускиот Кирил, српскиот Иринеј и архиепископот на Чешка и на Словачка Ростослав. Таму присуствуваат и делегации на пониско ниво на две цркви, на Романската и на Полската црква.
Токму вакво пребројување речиси никој и не очекуваше. Најлошото сценарио на Руската црква беше дека во Аман ќе допатуваат најмалку осум цркви, но се случи токму спротивното, патријархот Вартоломеј да биде апсолутен победник, барем засега во војната со РПЦ.
Инаку, средбата во главниот град на Јордан беше замислена како „братски собор“ на поглаварите на помесните православни цркви, за да се бара решение за одлуката на Вселенската патријаршија да ѝ издаде томос за автокефалност на Православната црква во Украина. Идејата потекна од Москва кон крајот на минатата година.
Што ќе значи сега оваа состојба за православниот свет? Како ќе се рефлектира врз прашањето на Македонската православна црква-Охридска архиепископија? Дали му претстои нов сериозен раскол на православието?
Сега сите овие прашања остануваат отворени, а одговорите на некои од нив ќе дојдат со текот на времето.
Она што за МПЦ е најважно, е што од оваа средба во Јордан нема да има некаков сериозен притисок врз вселенскиот патријарх да продолжи да го решава нејзиното црковно прашање.
Сосема извесно е дека идејата на РПЦ да наметне консензус како опција за давање томос е пропадната. Тоа, пак, значи дека автокефалноста на МПЦ останува во рацете на патријархот Вартоломеј. Другиот важен момент е што Српската православна црква јасно се профилира на страната на Руската црква, а со тоа му ја олеснува работата на вселенскиот патријарх. Но, од друга страна, тоа ќе значи нов предизвик на МПЦ затоа што во ситуација таа да добие автокефалност од ВП ќе се соочи со оспорување од Руската црква и, веројатно, со обиди за внатрешни поделби во МПЦ под влијание на Руската црква. Тој пат кон автокефалноста ќе биде тежок за МПЦ, но јавноста ќе мора да ги мери суштинските и националните, но и црковните интереси на прецизен кантар.
Ако РПЦ го оспори признавањето на автокефалноста на МПЦ од Вселенската патријаршија, само со намера да ѝ угоди на СПЦ, јавноста треба да биде свесна дека Руската црковна дипломатија нема никакви искрени намери да помогне во прифаќање на реалноста за посебност на македонскиот духовен идентитет. Тоа е сериозно прашање за кое е потребна свесна и разумна црковна јавност во Македонија, која ќе може да одолее и да препознае лицемерна политизирана грижа.
Низ историјата е познато дека секоја црква има свој пат и својот статус го решавала на различен начин, а на некои цркви им биле потребни и векови за да го воспостават самостојниот црковен статус во православието.
МПЦ е нераскинливо поврзана со Охридската архиепископија, зашто и денешната МПЦ е основана како возобновител на самата ОА. Историскиот континуитет на нашата црква ѝ дава легитимитет во православниот свет.
Сосема извесно е дека идејата на РПЦ да наметне консензус како опција за давање томос е пропадната. Тоа, пак, значи дека автокефалноста на МПЦ останува во рацете на патријархот Вартоломеј. Другиот важен момент е што Српската православна црква јасно се профилира на страната на Руската црква, а со тоа му ја олеснува работата на вселенскиот патријарх. Но, од друга страна, тоа ќе значи нов предизвик на МПЦ затоа што во ситуација таа да добие автокефалност од ВП ќе се соочи со оспорување од Руската црква и, веројатно, со обиди за внатрешни поделби во МПЦ под влијание на Руската црква. Тој пат кон автокефалноста ќе биде тежок за МПЦ, но јавноста ќе мора да ги мери суштинските и националните, но и црковните интереси на прецизен кантар
Автокефална МПЦ во православието значи отворено канонско признание за посебноста на македонскиот народ и држава. Тоа е печат што омеѓува една територија, која, според каноните на црквата, е автокефална затоа што е самостојно државно уредена и водена од владици произлезени од овој посебен народ.
За истакнување е дека МПЦ-ОА е единствената црковна организација во православниот свет што чека признавање на својата автокефалност, а која ги исполнува сите критериуми да биде автокефална црква. Доказ за тоа се нејзината организираност, развојот на институциите, бројноста на верниците, како и монашкиот живот, кои прават да биде прва на листата за признавање. Покрај МПЦ-ОА, друга црковна структура што се надева на признавање на автокефалноста е Црногорската православна црква, но нејзината организираност ни оддалеку не може да се спореди со МПЦ. Последна црква во православието што доби томос за автокефалност беше Православната црква во Украина минатата година. Досега неа ја признаа Александриската патријаршија и Грчката православна црква.
Во православниот свет постојат најмалку уште десетина цркви што не се официјално признаени, но многу од нив и не бараат признавање во редот на автокефални цркви, затоа што функционираат по свој ред и правила.