А во времето на сеприсутните теории на заговор, навистина е тешко да се поверува оти ултимативниот карактер на Охридскиот договор, кој ја овозможи секогаш уценувачката позиција на ДУИ, не е смислено креиран од некои центри на моќ со намера општеството да остане заробено во лавиринтите на историските вистини и заблуди, меѓунационалните односи и на често двосмислени па и повеќесмислени толкувања на националните симболики, додека под нив вешто се прокопуваат тунелите за непречена реализација на коруптивните и криминалните зделки и за безочното осиромашување на граѓаните и на државата
Дури и шоферите сфатија дека без уцена работата не бидува па се заканија со отпуштања доколку Владата не се откаже од антикорона протоколот, според кој, автобусите можат да возат со најмногу 50 отсто пополнетост на капацитетите. И, се разбира, од Владата попуштија. Како што претходно им попуштија на сопствениците на обложувачниците и на кафеаните, на верските заедници и на разни други субјекти, кои не избираа средства за да ги заштитат своите профити ни по цената на јавното здравје. Таквиот пристап во решавањето на проблемите од поширок јавен интерес на овдешниот простор не е специфика само на периодот на корона-кризата, тој постоеше и пред корона-ерата, при што, условувањата, уцените па дури и изнудите како да станаа прифатливи средства за постигнување одредени цели не само во политичките игротеки, туку и во областите што се од суштинско значење за секојдневниот живот на граѓаните и за функционирањето на државата. Случајно или не, дури и најпознатиот судски предмет во поновата историја на Македонија е наречен „Рекет“.
Сепак, како најголем афирматор на таквиот начин на остварување на своите, пред сѐ политички, но и други цели, се наметна една од политичките партии, чие присуство на сцената точно се поклопува со периодот на сѐ уште неразјаснетите отстапки и компромиси. Јасно дека станува збор за периодот по конфликтот во 2001 година и за Демократска унија за интеграција (ДУИ), како политичка партија што се изнедри токму од овој конфликт. Конкретно, за последиците од она што на јавноста ѝ е познато како Охридскиот договор, чија годишнина се одбележува токму денеска.
Од сите негови дефинирани и недефинирани одредби можеби најмалку се анализираше онаа за, според некои толкувања, задолжително присуство на партијата што освоила најмногу гласови на Албанците во власта.
И без воопшто да дознаеме дали и колку тоа, според вокабуларот на некои аналитичари, е во духот на Охридскиот договор, токму ДУИ помина цели 19 години во власта, што со исклучок на некои човек партии како дежурни сателити во орбитите и на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, оваа политичка групација ја прави најдолговечен станар на булеварот Илинден број 2 во Скопје. Но и покрај годините доволни за полнолетство на еден човечки живот и упорното настојување да се наметне како проевропска партија, ДУИ остана заробена во една, најблаго речено, незрела улога, која речиси цели две децении ѝ овозможува да се заканува со дестабилизација на државата па дури и на регионот, секогаш кога неисполнувањето на некоја нејзина желба, како што упорно, и досега мошне успешно уверуваше, би можело да ги наруши меѓунационалните односи. Ептен проевропски пристап!? Но ѝ поминува.
Но и покрај годините доволни за полнолетство на еден човечки живот и упорното настојување да се наметне како проевропска партија, ДУИ остана заробена во една, најблаго речено, незрела улога, која речиси цели две децении ѝ овозможува да се заканува со дестабилизација на државата па дури и на регионот, секогаш кога неисполнувањето на некоја нејзина желба, како што упорно, и досега мошне успешно уверуваше, би можело да ги наруши меѓунационалните односи. Ептен проевропски пристап!? Но ѝ поминува. До таа мера што почна да го применуваат и голем број други групации во општеството
До таа мера што почнаа да го применуваат и голем број други групации во општеството. И како што моќта на креаторите на политиките на ДУИ се засилуваше, така слабееше целиот систем поради многубројните отстапки и компромиси што беа направени токму за да им се угоди на оваа партија и на сите оние што тргнаа по нејзините стапки и кои секој ден се сѐ повеќебројни.
А во времето на сеприсутните теории на заговор, навистина е тешко да се поверува оти ултимативниот карактер на Охридскиот договор, кој ја овозможи секогаш уценувачката позиција на ДУИ, не е смислено креиран од некои центри на моќ со намера општеството да остане заробено во лавиринтите на историските вистини и заблуди, меѓунационалните односи и на често двосмислени па и повеќесмислени толкувања на националните симболики, додека под нив вешто се прокопуваат тунелите за непречена реализација на коруптивните и криминалните зделки и за безочното осиромашување на граѓаните и на државата.
Поедноставно кажано, за брутален грабеж што, скриени зад политичарите и нивните излитени наративи, го спроведуваат некои „општествено одговорни компании“, невладини организации и поединци, кои во оваа држава секогаш се пред и над законот.