Машката репрезентација и клубовите се во постојан висок лет повеќе од една деценија, што придонесе да се има квантитет, квалитет и континуитет, во репрезентацијата одново и одново се приклучуваат нови таленти, а настапите на големите првенства остануваат навика. Сега тоа треба да се преслика во женскиот ракомет, каде што има исти предиспозиции, таленти, стручност…, за истовремено двете репрезентации да бидат постојани на големите натпреварувања. За да продолжи тој тренд во машкиот ракомет, а женскиот да се врати на патеките на успехот, потребна е уште поголема помош за сите ракометни центри, за клубовите, академиите, школите, камповите…
Наближува уште едно европско првенство во ракомет, исполнето со возбуда, особено затоа што Македонија по 14 години одново ќе биде домаќин на континенталниот собир за ракометарки, а репрезентацијата по една деценија пак ќе игра на шампионатот. Спортот број еден во Македонија ќе има нова можност за своја презентација, за потврдување на својот статус, но истовремено и шанса за уште поголемо задвижување на работите во женскиот ракомет, каде што не толку одамна имаше репрезентации со високи пласмани, европски клупски првак…
Машката репрезентација и клубовите се во постојан висок лет повеќе од една деценија. Подмладената селекција по само две кола од квалификациите е пред пласман на ново европско првенство, 13-то во низа на големите натпреварувања, сметајќи ги и светските шампионати (без исклучок од 2012 година, плус двапати настап во квалификации за летни олимписки игри), некои од старите ракометни центри се вратија на сцената, младите репрезентации во изминатите десетина години достигнаа нови височини (по повеќегодишни паузи се вратија на европската и на светската ракометна сцена, а врвот е шестото место во светот на Мундијалот во 2017 година во Алжир за играчи до 21 година, генерација од која сега има многу носители на сениорската селекција), во базата работат многу академии и школи, се организираат кампови…
Сето тоа придонесе да се има квантитет, квалитет и континуитет, ракометната иднина постојано се обезбедува, во репрезентацијата одново и одново се приклучуваат нови таленти, а настапите на европските и на светските првенства остануваат навика.
Сега тоа треба да се преслика во женскиот ракомет, каде што има исти предиспозиции, таленти, стручност…, за истовремено двете репрезентации да бидат постојани на големите натпреварувања. Колку за потсетување, и женската репрезентација имаше своја десетгодишна низа почната во средината на 90-тите години на минатиот век, период во кој и на светските и на европските шампионати беа остварени едноцифрени пласмани.
Се надеваме дека наскоро ќе почне една нова серија. Често клучот на успехот на сениорските репрезентации во кој било спорт лежи во тоа што се случува во категориите до дваесетина години, па одлична најава и основа за тоа може да биде успехот од поново време, од лани, кога кадетките беа први на Шампионатот на Европската ракометна федерација во Литванија.
Континенталниот сениорски шампионат што ќе се игра во Македонија (уште и во Црна Гора и во Словенија), секако, е можност за добра игра, висок пласман и ново искуство, но уште поважна е долгорочната полза од овој спортски настан, на пример, за зголемување на популарноста на овој спорт, која секако може да се преточи во квантитет, од кој потоа треба да излезе поголем квалитет.
„Успехот не е инцидент. Тој е последица на напорна работа, упорност, учење, жртвување и, најмногу од сѐ, љубов кон тоа што го работите или учите да го работите“, рекол Бразилецот Пеле, кралот на фудбалот, чија изјава е општоприменлива. Тоа во ракометот во Македонија се применува, оттаму и статусот на овој спорт како спорт број еден во Македонија, во кој резултатите на теренот се само видливиот дел. Суштината на секоја успешна спортска приказна е во заднината – во стратегијата, идејата, упорноста, докажувањето, иновативноста, стручноста, тимската работа, долгорочните цели, личната иницијатива, менаџирањето… и ништо потоа не се случува случајно.
Кој друг спорт може да се пофали со податоци како ракометот, петто место на сениорите, седмо на сениорките на европските првенства, шесто на младинците, седмо и осмо на сениорките, деветто на сениорите на светските шампионати, европски клупски титули во двете конкуренции…? Тоа е голем потенцијал за надградба. На ред е враќање на женскиот ракомет на големата сцена, а одлична отскочна штица за годините што следуваат е токму претстојното сениорско ЕП во Македонија, кое, секако, е можност за добра игра, висок пласман и ново искуство, но уште поважна е долгорочната полза од овој спортски настан. Да се грабне моментот. За нов импулс
За да продолжи тој тренд во машкиот ракомет, а женскиот да се врати на патеките на успехот, па и двете репрезентации истовремено да имаат редовни настапи на големите турнири, потребна е уште поголема помош за сите ракометни центри, за клубовите, академиите, школите, камповите…
Ракометарите направија играњето на планетарните и на континенталните првенства да стане секојдневие, рутина, нешто за што веќе не станува збор дека нема да се случи (во други спортови тоа го имаат соодветните спортски гиганти, во фудбалот, на пример, Шпанија, Германија, Франција…). Кој друг спорт може да се пофали со податоци како ракометот, петто место на сениорите, седмо на сениорките на европските првенства, шесто на младинците, седмо и осмо на сениорките, деветто на сениорите на светските шампионати, европски клупски титули во двете конкуренции…? Тоа е голем потенцијал за надградба. На ред е враќање на женскиот ракомет на големата сцена, а одлична отскочна штица за годините што следуваат е токму претстојното Европско првенство. Да се грабне моментот. За нов импулс.