Долготрајната, крајно истоштувачка политичка криза, меѓу другото, беше мотивирана и од желбата на Заев да дојде на власт. Цело време тој и луѓето околу него ја убедуваа јавноста дека добро им се познати проблемите и оти имаат решенија за сите нив. Со исклучок на обидите за надминување на споровите со соседните земји, кои, патем, најмногу ги испотија претставниците на меѓународната заедница, друго ништо ново не видовме. Ниту на улиците, ниту во болниците, ниту во училиштата… Да, има во администрацијата некои нови ликови. Дали за сите овие неодговорени прашања и нереализирани ветувања Заев заслужува камшик? Да, но не од некои камшикари однадвор, туку на избори. Го заслужува и поради наивното очекување дека некој однадвор би требало и можел да заведува ред во куќата во која сѐ уште, барем формално, тој е домаќин
Иако е познато дека постојат голем број парафилии, нивните извори сѐ уште не се точно лоцирани. Во светската теорија постојат голем број насоки што се обидуваат да објаснат зошто и како доаѓа до таквите пориви и однесувања, но, сепак, конечниот одговор сѐ уште не е даден. Токму затоа крајно претенциозно би било ние тука сега да настојуваме да одговориме на прашањето од каде е и дали воопшто тоа е некаков мазохистички порив кај премиерот Зоран Заев кога граѓаните ги убедува оти е потребно да дојде некаков камшикар од ЕУ или од НАТО за малку да нѐ потсреди сите, од него на чело па надолу. Освен тоа, мошне збунувачки дејствува тоа што Заев јавно ја упати пораката, а науката одамна е согласна оти парафиличарите, во кои спаѓаат и мазохистите, навистина ретко сами бараат помош и си го признаваат нарушувањето. Тие едноставно не сакаат да се лишат од задоволствата.
Токму поради сите овие, но и некои други енигми и дилеми, коректно е во старт да ги отстраниме претпоставките за некакви општествено неприфатливи склоности на премиерот. Не сме ние тука за да дијагностицираме.
Но што сакаше да ни каже Заев со изјавата дека треба некој од ЕУ да нѐ камшикува за да сме ги почитувале европските правила? И тоа сите, без исклучок!?
Можно ли е дека ама баш никој во земјава не ги почитува правилата? Колку што ми е познато, сепак постои огромен број добронамерни, свесни и совесни луѓе, кои макотрпно, но по сосема законски пат, а ние нели сме ги усогласиле законите со европските, и по некаков општествен ред ги остваруваат својата егзистенција, права и обврски. Она што патем го добиваат, најчесто се сведува на многубројни фрустрации, кои неретко резултираат со тешки колапси и заболувања. Но тие не се откажуваат. Така што, најблаго речено, не е коректно сега некој, па макар тоа бил и премиерот Заев, да ги изложува на камшици.
Има луѓе што заслужуваат добро „камшикување“, но дури и за таквите случаи во земјава постојат институции, а токму Заев е должен да обезбеди нивно функционирање. Зошто не го направил тоа, е прашањето што во јавноста постојано се поставува, но Заев никако да одговори.
Долготрајната, крајно истоштувачка политичка криза, меѓу другото, беше мотивирана и од желбата на Заев да дојде на власт. Цело време тој и луѓето околу него ја убедуваа јавноста дека добро им се познати проблемите и оти имаат решенија за сите нив. Со исклучок на обидите за надминување на споровите со соседните земји, кои, патем, најмногу ги испотија претставниците на меѓународната заедница, друго ништо ново не видовме. Ниту на улиците, ниту во болниците, ниту во училиштата… Да, има во администрацијата некои нови ликови.
Заев или не е реален или не е искрен кога ги повикува камшикарите да воспоставуваат ред и да заведуваат правила, бидејќи нему, како и на сите други, му е јасно дека во државата, која недозволиво долго време е заложник на дисфункционални институции, исклучително добро функционираат политичките партии, вклучувајќи ја и таа што тој ја предводи, и дека тие извонредно ефикасно ги остваруваат своите цели не заради општо добро, туку заради доброто на своите членови. Би било интересно да се види како Заев ќе им ги објасни на камшикарите тие двојни правила што доведоа и ја одржуваат таквата состојба и, конечно, како своите сопартијци и коалициски партнери ќе ги убеди да му се изложат на камшикот и притоа уште и да уживаат
Дали за сите овие неодговорени прашања и нереализирани ветувања Заев заслужува камшик? Да, но не од некои камшикари однадвор, туку на избори.
Го заслужува и поради наивното очекување дека некој однадвор би требало и можел да заведува ред во куќата во која сѐ уште, барем формално, тој е домаќин. Тоа што странските дипломати во земјава повремено организираат акции за собирање ѓубре, на пример, е симболично и има за цел да покаже оти некои проблеми можат да се решат на многу едноставен начин, доколку се има волја. Никој, во една релативно добро уредена населба, не сака сликата да ја нарушува една нечиста и неуредена куќа, но тоа не значи дека некој постојано ќе ја чисти и уредува. Сопственикот на куќата е тој што треба да го следи примерот на другите и да стори сѐ за да го достигне нивото на населбата. Комшиите можат повремено на некој начин да му помогнат, но не можат постојано да го чистат ѓубрето од неговата куќа и дворот.
Сето тоа доведува до заклучокот дека Заев или не е реален или не е искрен кога ги повикува камшикарите да воспоставуваат ред и да заведуваат правила, бидејќи нему, како и на сите други, му е јасно дека во државата, која недозволиво долго време е заложник на дисфункционални институции, исклучително добро функционираат политичките партии, вклучувајќи ја и таа што тој ја предводи, и дека тие извонредно ефикасно ги остваруваат своите цели не за општото добро, туку за доброто на своите членови. Би било интересно да се види како Заев ќе им ги објасни на камшикарите двојните правила што доведоа до таквата состојба и ја одржуваат и, конечно, како своите сопартијци и коалициски партнери ќе ги убеди да му се изложат на камшикот и притоа уште и да уживаат.