А токму оваа криза беше идеална шанса да се врати довербата на граѓаните во институциите. Не дека тоа ќе беше лесна работа. Видовме како и многу поорганизирани и побогати држави на моменти се повлекуваа пред пандемијата, па дури изгледаше и како да ја губат битката. Отежнувачка околност, секако, е и тоа што борбата се води со нешто сосема ново и непознато и што единствените инструменти со кои во одредени периоди можеше да се реагира беа во спротивност со општоприфатените принципи за заштита на основните човекови права, пред сѐ на правото на слободно движење. На тоа, секако, се надоврзува и растечката недоверба во глобалните институции, пред сѐ во оние што имаат голема улога во обидите за справувањето со пандемијата. Мошне неблагодарна положба за креаторите на државните политики. Но тука се исцрпуваат сите оправдувања
Откога некои од клучните владини функционери, пред сѐ оние од СДСМ, во изминатиов период во неколку пригоди се испофалија со, како што рекоа, враќањето на довербата на граѓаните во институциите, особено во текот на актуелнава пандемиска криза, информациите што деновиве доаѓаат од терен, но и од некои претставници на Комисијата за заразни болести, укажуваат на нешто сосема спротивно. Голем број граѓани сѐ уште не веруваат во коронавирусот, а уште поголем број не ги почитуваат владините мерки за заштита на јавното здравје. Уште полошо, сѐ повеќе има примери на луѓе за кои е потврдено дека се заразени, а одбиваат да ги посочат своите контакти и ја одбегнуваат самоизолацијата ризикувајќи притоа да го загрозат дури и здравјето на своите најблиски. Поголем доказ за недоверба во институциите – здравје. И тоа е хроничен проблем на македонското општество, кој во овој кризен период, како и сите други проблеми, стана поочигледен иако некои државни функционери, ете, не сакаат да го видат. Вистина, воопшто не беше лесно да се стигне дотука. Беа потребни неколку децении напорен труд на претставниците на политичките елити до непрепознатливост да ги руинираат институциите и граѓаните да ги доведат до состојба во која повеќе ќе му веруваат на некој одметнат поп или оџа, па дури и на бајачка, отколку на лекарите, полицијата, судовите…
А токму оваа криза беше идеална шанса да се врати довербата на граѓаните во институциите. Не дека тоа ќе беше лесна работа. Видовме дека и многу поорганизирани и побогати држави на моменти се повлекуваа пред пандемијата, па дури изгледаше и како да ја губат битката. Отежнувачка околност, секако, е и тоа што борбата се води со нешто сосема ново и непознато и што единствените инструменти со кои во одредени периоди можеше да се реагира беа во спротивност со општоприфатените принципи за заштита на основните човекови права, пред сѐ на правото на слободно движење.
На тоа, секако, се надоврзува и растечката недоверба во глобалните институции, пред сѐ во оние што имаат голема улога во обидите за справувањето со пандемијата. Мошне неблагодарна положба за креаторите на државните политики. Но тука се исцрпуваат сите оправдувања. Особено во случајот на Македонија, каде што одговорноста за општата состојба во државата речиси рамноправно ја делат три политички структури, кои не само што во моментов заедно партиципираат во власта туку и, ако се погледне наназад во изминативе три децении, со проста математика, може да се пресмета оти СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со нивните сателити цело време го играат натпреварот со нерешен резултат.
Концептот на „новата нормалност“ не значи да се прифаќаат и да се наоѓаат оправдувања за сите ненормалности, како што се обидуваат да нѐ убедат некои политичари, туку токму спротивното, тие да почнат да се елиминираат, бидејќи, според сите прогнози, оваа состојба ќе потрае, а тоа значи долготрајна борба за преживување, во која ненормалностите, какви што се корупциските зделки при набавките на лекови и медицински инструменти, непотизмот при вработувањата или селективноста при санкционирањето на прекршителите на мерките за заштита на јавното здравје, на пример, може да бидат фатални
Некои од нивните репрезенти сега се обидуваат состојбава да ја оправдаат со лажните вести за пандемијата, што би можело да биде само апче за ублажување болки, а никако вистински лек за недовербата во институциите. Дури и да го пронајде лекот некој од нив, терапијата ќе биде долг и тежок процес, зашто пациентот, олицетворен во институциите на државата, веќе долго време е во навистина тешка состојба. А за тоа не се виновни ниту пандемијата ниту лажните вести поврзани со неа. Долго време акумулираната корупција во сите области, селективната примена на правото и слични вируси ја предизвикаа таквата состојба. И за тоа сведочат не само искуствата на граѓаните туку и сите наоди на релевантните меѓународни институции и организации.
Концептот на „новата нормалност“ не значи да се прифаќаат и да се наоѓаат оправдувања за сите ненормалности, како што се обидуваат да нѐ убедат некои политичари, туку токму спротивното, тие да почнат да се елиминираат, бидејќи, според сите прогнози, оваа состојба ќе потрае, а тоа значи долготрајна борба за преживување во која ненормалностите, какви што се корупциските зделки при набавките на лекови и медицински инструменти, непотизмот при вработувањата или селективноста при санкционирањето на прекршителите на мерките за заштита на јавното здравје, на пример, може да бидат фатални.