Што им забранија на Македонците (1) (западните, балканските и северните нацифашисти)

Што им забранија на Македонците западните, балканските и северните нацифашисти?
Им забранија да престојуваат во храмот на своето исконско име и да постојат во него среде бурата на столетијата, а сега западните и домашните варвари и го спепелуваат заедно сосе породот што се навртел околу Праогништето; го ставаат на мртовечка урна, без да знаат дека тоа и во пепелта го памети огнот и еден ден пак ќе се извиши над неа како пламен столб за да го потпре напукнатото од болка небо и да го огрее темното срце на човештвото.

Им забранија да градат свети населби со каменот на исконот во темелот во кои секоја куќа е црква на дланките на Господ, ктитор на Столченото Племе, и им ги отсекоа главите сосе нимбусот околу челото на сите светци во нив што ги наслика како молитва Дичо Зограф. Тие, варварите на оваа горда цивилизација што почива врз темелот на илјадници глави насочени на Бастилја, ама пред сè врз темелот на прамакедонската идеја и мартирство за општо братство на народите за која по Александар, како пратеник на Исус, се заложи и апостол Павле. Ама Европа паганска не го сфати и разбра тоа. Ги пресекоа тие непрокопсаници главите на светците во црквите низ испустените македонски села и ја оставија во нив смртта да завива како гладна волчја глутница во светската зима, додека влагата го јаде лицето на Седржителот во централното кубе и крилјата на ангелите што се распаѓаат во ништо, а тие, темнозачнати, на нивно место ги поставија своите тотеми и други разноразни чудовишта, меѓу кои со темен сјај најсилно блескаат Черчил и Меркел. До еден наоружани не со мечот на љубовта и правдата, како Македонците, туку со мечот на смртта.

Им забранија на македонските младоженци да се причестуваат со виното на Исусовата крв и со лебот на неговото тело, кои први, по избраниот народ што го продаде Синот Божји, нив како света причест преку Павле и Лидија им го понудија на западните канибали, ама тие нив ги примија само како маска на својот волчешки сурат, па и понатаму останаа такви какви што се. Во Преспа се покажаа во таа сатанска светлина и го одиграа танцот крвав на Новата Саломе.

Му забранија тие така темни, потемни од најтемната ноќ, и на златото во рудите под земи да зрее и да го точи сјајот свет за прстенот на македонските љубовници застанати со бакнежот на прагот на свадбата што ја двои минливоста од вечноста. Му забранија и на дијамантот што ја мина по милениуми ноќта да блесне, излезен на дневна светлина, и да се вглоби во македонскиот венчален прстен. Не го дозволија тоа темните изроди од родот на паднатото човештво, оти толку многу е можен нивниот нагон за смрт и зло. Тие што им забранија на македонските љубовници да го зачуваат новото поколение во Името во кое грми и пее во долги хексаметри на исконот морето што не сака и по таа страшна гибел да се повлече од постелата љубовна што нема брегови. Оти така, и без брегови, љуби тоа племе на кое му се намерачиле западните и домашните мајстори на смртта официјализирани во Влад и во Парламент.

Им забранија тие и на водениците да тракотат химниски расприкажани во мигот на вечноста застанат надвор од реката на Хераклит на работ од усните на македонските љубовници помазани со мирото на Создателот. Водениците што мелат везден и саноќ хиерогамиско брашно. А оттука следува и забраната на тие чудовишта на македонските невести да го зачнуваат породот во матката на Името и да го раѓаат него. Името што го ставија во мртовечки ковчег и што го однесоа на закоп. Така, со таа обредна смрт тие го нахранија своето темно задоволство, на кое укажа и Фројд, и ја спуштија врз светот ноќта што не минува и од која до една им ги скинаа главите на ѕвездите со просветителската направа на цивилизацијата на месје Гилотен.
Им забранија изродите западни и домашни на Македонците да пристигнуваат од иднината во Името што го пренеле здрави и живи низ скрки и помории од Ное и Јафет до денес. Им забранија да бидат Македонци, да се раѓаат, крштеваат и постојат како такви, на крајот и врз каменот над гробот како врховен печат на тоа.

Им забранија тие на Македонците да ги играат на плоштадот на Името своите исконски ора, извиени како елипса на Млечниот Пат на Големата Мечка, како болката на Хирошима под американските бомбардери и како меандрите на малешевски зелник принесен на Тајната Вечера на маса пред Исус и апостолите. Им забранија да го извиваат од грло дури и кога е пресечен во нивниот колеж тоа, моќниот свадбарски глас сличен на оној што го скорна Лазар од гробот со она магиско ороводно и-и-и-их, кое ги закривува небесните сфери и ги потпалува на ента степен огнот во електроните на темната материја за да ја осветлат ноќта на светот од која, и каква што е, Светиот Дух во својата алхемиска работилница прави сал скапоцени камења и злато за Небесниот Ерусалим и Свадбата на Јагнето.

Им забранија западните и северните изроди на Македонците да ги пеат на раѓање, крштевка и свадби своите исконски песни на народот во кои е тесно на небото и сонцето, оти толку многу се полни тие и потаму од бескрајот со енергијата на химната на животот дури и кога се длабоко баладични, полни со смрт и тага што се преобразуваат во радост и во празник. Оти таква е нивната трансцедентална уметност на постоење: да го преобразуваат мракот во светлина и смртта во живот, науката што ја научија од Исус: врз ништото и небитието да го креваат храмот на Сепостоењето.
Им забранија тие на Македонците не само свадбарските ороводни песни на кои и ѕвездите се фаќаат како предците и прапредците дланка за дланка на оро, туку и тажаленките полни со исконска болка, таа што истура од морето на Името планини школки, а тие од утробата товари бисер, трансцендентален шок за мајсторите на смртта кои никогаш не го спознале законот на таа света преобразба, на мартирската убавина што го исполни со злато кругот на нимбусот околу челото на светците-мартири на олтарите во македонските цркви. Мајсторите на смртта, оти ништо не е свето за нив и не се кренаа ни педа над анималното кон ангелското, на кое укажуваше, посветен пред западните алхемичари во тајната на Каменот на Мудроста во својот corpus hermeticum и Климент Охридски.

Им забранија на Македонците да пијат животодавна вода на Праизворот на своето постоење. Наместо нив на него дојдоа да пијат варварите и го загадија со отров чумав на цивилизацијата што произведува материјален профит, страдање и смрт. Го навратија во нејзината канализација а да го пере изметот на нивните црева кои ја презреа мислата на Декарт, Револуцијата и Просветителството. Профитот далеку од златото на културата е нивната цивилизациска придобивка, нивниот обесветен Логос сега. Го пресекоа тие Праизворот што води до зад бескрајот кон поколенијата на Столченото Племе, сè уште незачнати, а веќе предци и прапредци и пред да се родат заклани како децата во Витлеем. Тоа им го смислиле на Македонците мајсторите на смртта, западни, балкански и домашни, кои им забранија засекогаш повеќе да чекорат по таа Виа Егнација што се спровира како златен конец низ страниците на Светото писмо од првата до последната реченица. Им забранија да патуваат по неа под ѕвездата на Светиот Дух, да се сретнат повторно во Троада со Павле, да тргнат со него кон Македонија и со преврската од раните на Исус да ја преврзат и исцелат раната на Македонците, но и да одржат света литургија во европскиот Вавилон. Не би ли ја превеле блудницата развратна од варварство во култура причестена со словото на Љубовта. Да, ама пагани со канибалистички нарав го фатија за гуша апостолот од Македонија тие и од него, и по диктат на најголемиот европски фалсификатор Дројзен, по урнек на старогрчката имагинација што произведува хибридни чудовишта направија гркомакедонец. Без срам, таа света егзистенцијалија, како што би рекол Хајдегер, која и како западните ништодуши ниту ја поседувале ниту ќе ја поседуваат како имот на битието. Затоа, имено, тие и стојат отаде границата на доброто и злото, пределот што го откри Ниче, во кој е сè дозволено, па и идентитетскиот колеж на Македонците.

(продолжува)