Черчил – британски лав и стратег на македонскиот геноцид (1)

Записи во несоница

Овие денови, драг читателу, отстапив од поезијата и малку се занимавав со Винстон Черчил (1874-1965) и неговите славни мемоари „Втората светска војна“ во два тома, издадени во едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“ на Владата на Република Македонија. Тоа е скратена верзија на англискиот оригинал во шест тома, печатена од 1948 до 1953 година. И веднаш по нејзиното појавување, без да чека, можеби и на непрочитано, бргу-бргу на авторот на ова дело му беше доделена Нобеловата награда. Многумина би помислиле – за мир. Но не, туку за литература, што е невиден парадокс.

И не дека Черчиловите мемоари не поседуваат извесна литерарна вредност, пред сè од аспект на стилот, на совршено кристализираната синтакса што ја влече воената приказна кон еден монументален антрополошки роман. Да. Сепак тоа не е нешто како „Војна и мир“ на Толстој. Но, без разлика на тоа, талентираното перо на Черчил го има магнетот на Шехерезада, која сега во неговиот случај раскажува една долга и комплексна воена приказна, убаво стилизирана, континуална и обликувана во цврст систем како некој огромен мермерен блок пред кој е застанат во длабока размисла Микеланџело. Да. Но, сепак, тоа не е историски роман од типот на Толстој или Сјенкевич. Тоа е некаков матен кентаур од историја и литература, нешто што требало да му биде јасно и на шведскиот Нобелов комитет, кој не еднаш ја злоупотребил донацијата на Алфред Нобел во перфидни политички цели. И тоа уште при првото доделување на Нобеловата награда во 1901-та, кога за да не ја добие неа рускиот „словенофилски анархист“ Толстој, таа му се доделува на францускиот поет, заледен пернасовец, Сили Придом, кого денес и самите Французи го имаат заборавено и не го печатат. Се сеќаваш, сум пишувал неколкупати за тоа, драг читателу. Оти, зарем се беа скусиле писателите во светот, па во тој кусок Нобеловиот комитет од немајкаде мораше да му ја даде наградата за литература на Черчил и да го набилда на врвот на Хималаите и пред тоа неговото добро набилдано финансиско конто. Сепак, и тука моќта на политиката, на која никогаш не биле имуни Швеѓаните, си ја одиграла својата улога. Па, погледни ја на интернет листата на добитниците на шведската награда и ќе се увериш, драг читателу, дека неа во светот најмногу ја добивале Англоамериканците и Французите. Другите се зачин во неа. Што значи дека и во неа е залегнат психолошкиот концепт на супремација на западната цивилизација над преостанатиот дел на светот. Концептот, всушност, за кој целиот свој живот безрезервно се залагаше и Британскиот Лав, како што го викаа Британците Черчил.

И познати се „игрите“ на Нобеловиот комитет од политички аспект, драг читателу, илустративна во тој поглед е наградата за литература на американскиот рок-пејач Боб Дилан, кај кого е подобра гитарата од поезијата. А да не зборуваме за апсолутно промашените награди за мир на некои јенки-типови, како што се тоа Кисинџер и, особено, Барак Обама. И двајцата Американци. Особено наградата на Обама, чија администрација, ариевски профилирана како нацистичка Германија на Хитлер, во потрага за нафта за неговата империја уби стотици илјади жртви на Блискиот Исток. Тој црн тип, кој не се вклопува во мојата безрезервна љубов кон најмирољубивата раса што е позајмена од Господ. Оти белата направи невидени, безбројни злосторства низ светот. Па и доделувањето на Нобеловата награда за мир на ЕУ, драг читателу, и тоа е една голема бласфемија на шведскиот Нобелов комитет. ЕУ, која во некои сегменти, како што е тоа Западен Балкан (на кого таа е кума), се однесува апсолутно супрематистички како цивилизирани кон варвари. А да не зборуваме посебно за нејзиниот однос од тој нејзин проклет Балкан кон Македонците, врз кои изврши фашистички идентитетски геноцид. Нешто слично како холокаустот над Евреите од страна на Хитлер, со таа разлика што едниот холокауст е физички, а другиот идентитетски. Да. А антрополозите до еден се согласуваат дека овој вториот е многу поопасен и потрагичен од првиот.

Така. Но да се вратиме, драг читателу, конкретно на Черчил, темата што отвора цел спектар прашања од тој тип. За тоа можеби треба да се напише една посебна историја, и подолга од неговите екстранарцистички мемоари. Некои од нив ќе допреме. Черчил, кој си обезбеди со своето силно его репутација на репрезент на западната цивилизација не само британски, туку и европски мит. Англоевропски тотем, пред чиј олтар, како што ќе видиме беа пренесени како сакрална мрачна жртва на тој тотемизам и Македонците. И, рака на срце, во Европа не постои друг таков тотем, во такви монументални димензии, освен уште Адолф Хитлер, антипод на Британскиот Лав, кој во крајна инстанца, иако антипод, е фасцинантно сличен според својата ментална структура на него. Сепак, било како било, исклучувајќи ги Русите како нешто посебно, мора да се согласиме со фактот дека Черчил е главниот столб на антифашистичкиот отпор. Барем за времето додека се крши тој. А потоа е друга ситуацијата. Тој е во основа, не запоставувајќи го тука и Сталин, кому тој не му обрнува доволно внимание, главниот стратег на битката на сојузниците против Хитлеровата „оска на злото“. Притоа, тој се става и провира како централна фигура на антифашистичкиот отпор, накитен, се разбира, со неговата империјална суета, која таа линија ја влече од гордата кралска традиција на Британија. Неговата основна лозинка е победа и само победа, дури и тогаш кога доживува порази. Таа филозофија, всушност, и му го обезбедува статусот на херој и светец на британската нација. Но парадоксално, статус на светец дури и кај другите сојузници. Дури и кај нарцистичките Французи, чиј мит Де Гол до денес останува под сенката на Черчил. Сенката под која не расте трева.

Черчил уште за време на Втората светска војна стана мит за Британците, кои му го доделија прекарот Британски Лав. Од фотографиите и од документарните филмови ни е добро познат и во профил и во анфас тој лав: со чаша виски, кубанска пура, пеперутка вратоврска, секогаш елегантен во костум и со црн англиски шешир, со строг израз на англосаксонска надменост и самоувереност. Вистински британски аристократ, кој е фиданка од аристократското семејство на војводата од Марлборо. Неговата фигура во каре-стил секогаш остава сугестија како да е будистички статична, цврсто поставена врз постаментот на славната англиска кралска традиција, врз кој тој со самоувереноста и надменоста како да ја засенува и најславната личност од долгата англиска кралска династија Елизабета Втора, па дури и генијот над гениите на нејзината епоха Вилијам Шекспир. Вистински, страшен лав на Обединетото Кралство, премиер на неговата влада во два мандати: од 1940 до 1945 и од 1951 до 1955.
Со еден збор, Черчил е вистинско дете на среќата, на кого наречниците, парките, третата вечер по раѓањето му ги истуриле сите севозможни дарови што може да му ги додели судбината некому: челично здравје, богатство, слава и долг живот (91 година).

Благословен, ама, како што ќе се види подоцна, не само од Белиот туку и од Црниот Ангел, од неговата демонска светлина, таа што, имено, се покажа, драг читателу, толку многу кобна, особено за нас Македонците. Факт е дека и во зло и во мир сè му оди како подмачкано на Британскиот Лав, кој за време на Втората светска војна постојано повикува на „пролевање крв, пот и солзи“ како цена за слободата што треба да се освои, која, како што ќе се види, откако ќе се освои таа, според него, е пред сè британска заслуга. Најмногу. И дека, имено, во поствоениот период Британија како империјален светски хегемон и треба безусловно најмногу да ужива во неа. Па и тој лично, поставен на митски постамент со пурата, чашата со виски, пеперутката, елегантниот костум и црниот шешир, спокоен како Буда во своето величие и британската нирвана што се простира над Стариот Континент, а преку него нејзиниот златен облак се шири амбициозно и над целиот светски простор. И Черчил и Британија како Едно, андрогин, ја жнеат нивата на својата благосостојба и слава.

Едвај излезен од печат шестиот том на неговата славна мемоаристика, а веќе нему Швеѓаните му ја доделуваат Нобеловата награда за литература (1953). Тоа е времето кога Черчил кревајќи се себеси како мит и тотем, тоа го прави и со британската нација, поставувајќи ја на самиот врв меѓу нациите во светот, и тој нејзин примат ќе продолжи да трае, иако не со толку силен интензитет како за време на неговиот живот, сè до денес. А како што тргнале работите, ќе трае по сè изгледа сè до Армагедон, за кој говори апостол Јован во Откровението, завршната книга на Новиот завет и Библијата. Во таа, пак, есхатолошка битка, што ќе го означи крајот на светската историја (но не онаа на Фукујама), драг читателу, сепак не е сигурно на чија страна ќе биде Черчилова Британија во распоредот на силите: дали на страната на Белиот (Архангел Михаил) или на Црниот (Сатаната) ангел. Многу знаци зборуваат дека ќе застане на страната на овој вториот. Меѓу другото, за тоа зборува и нејзиниот геноциден однос кон Македонците во 1948 година.

(продолжува)