Западот, Европа никогаш немала чувство за Македонија и Македонците, иако не ѝ е сеедно што се мисли за неа. А, имено, со најновиот европски случај на идентитетскиот геноцид врз Македонците целосно е демаскирана сликата на Европа како демократска и хуманистичка цивилизација. Имено, на примерот на Македонија се покажа нејзиното лажно, антидемократско и антихуманистичко лице. Краен миг е по нејзиното софистицирано, а сепак брутално цивилизациско варварство, по тоа што ѝ го направи на Македонија, таа да застане пред своето внатрешно огледало и да се погледа и спознае, за да може да се врати на патеката на моралот и интелектот на просветителството, кое кратко траеше и целосно го заборави потоната во мракот на својата материјалистичка лакомост. Да. Но Европа нема морална храброст ни доблест за саморефлексија и самоспознание. Впрочем тоа го покажа и неодамнешното писмо на францускиот премиер Емануел Макрон до граѓаните и земјите-членки на ЕУ, а спроти изборите во Европскиот парламент. Тоа е полно со хипокризија и шарени лаги.
Основната теза на Макрон во него е безмалку екстатичната, по малце и хистерична бриселска теза дека „Европа е историски успех“. На прв поглед реторички ефектно, но многу дискутабилно, оти таа теза како Јанус има две лица. Ова на францускиот премиер е убавото, посакуваното и фаленото лице токму од тие што го унакажаа него. Другото е грдото: „Европа е историски неуспех“. Во прилог на тоа говорат двете страшни светски војни во минатиот век, кои ги иницира од својата лакомост за профит и материјално богатство таа чиј пожар се пренесе и на другите континенти. Но и по нив таа не се опамети и морално не се прочисти, за што веќе стана збор понапред.
Протејскиот витализам на обновениот западен фашизам, сега интензивиран и со американскиот, е присутен и диктиран од Западот во разни форми низ светот, час софистицира со силен политички притисок, час со отворени закани, а потоа и со бомбардери, секако, за одбрана на „демократијата“, а видното поле се нафтата и другите материјални богатства на тормозените земји и држави. А во што е проблемот со Македонија, која нема нафта? Аналитичарите велат дека причина е нејзината географска положба како „папок на светот“, раскрсница меѓу Исток и Запад, жртва на геополитичката битка на големите светски сили, пред сè на Америка и Русија. Европа тука, во целата оваа ситуација, игра исто така некоја улога, но како импотентна и бедна слугинка на Американците. Сепак, аналитичарите на современата македонска историска ситуација превидуваат во суштина зошто Македонците се брутално идентитетски ликвидирани од Западната евроамериканска алијанса, која лека-полека со своите деструктивни потези низ светот може и да го добие епитетот „оска на злото“ што им беше подарен на Хитлеровите сојузници во Втората светска војна. Привидот е фактот дека Македонците се бришат од народите на светот, нешто што е во сатанистичкиот план на Западот одамна, не за да се грабне нивната нафта што ја немаат, туку нивната огромна како океан без брегови историска меморија, нивниот културно-цивилизациски имот, кој е толку многу голем што не е само македонско туку е богатство и на цела Европа, не само на големиот словенски свет во неа од кој таа толку многу се плашела, а се плаши и денес. А генеричкиот идентитетски праизвор на тој свет е имено Македонија. Тука може да се каже: „Еурека“ и да се стави точка.
Туку, има уште мирис на фашизам што дува од Западот кон преостанатиот свет. Тоа е проектот на западниот корпоративен глобализам, во кој за да завладее полесно со потчинетиот корпоративен глобализам, во кој за да се владее полесно со потчинетите посиромашни народи треба, нормално за да се успее, да се уништат нивните идентитети. Покрај другото и западниот фашистички експеримент со идентитетска ликвидација на Македонците е дел од тој фашистички проект во кој се создава и моделира еден единствен зомби тип човек, на Земјани и Земјанки, како што веќе некои типови, згора на тоа и некакви интелектуалци, се декларираат кај нас. Оти им било срам и понижение да се викаат Македонци и Македонки. Со глобалистичкиот план на Западот всушност се заведува во светот новиот модерен робовладетелски систем, една страшна регресија на и онака веќе морално атрофираниот и антихуманистички либералкапиталистички систем. Ете затоа, за ова и за многу други нешта обраќањето на Макрон со писмо до европските граѓани е писмо на еден европски хипокрит од ранг, на нарцис што се расфрла со идеи, фалби и визии без покритие, неспособен да излезе надвор од кожурецот на своето западно лицемерство и егоизам. Макроновата реторика е шуплива од демократски и од хуманистички аспект. Сè е во неа убаво стокмено, но неубедливо на терен, во практика. Што има тој да зборува за хуманизмот на ЕУ, па зарем не е тоа тој самиот што најдецидно изјави дека нема проширување на Европа на подолг рок, нешто што е желба, како што покажуваат анкетите, сон и на неговите многу демократски и либерални Французи.
Тоа. Така и вошливиот Западен Балкан, кого Европа го држи како пониска раса во специјален цивилизациски резерват, ако Американците Индијанците и Англичаните Абориџините и некогаш и Индијците, нема шанса да се вклопи скоро во струјата на Западната цивилизација, чиј извор е тука некаде, имено, од балканските предели. Не само од Стара Грција, нејзината безрезервна митоманска опсесија, конструирана најмногу со лагите и фалсификатот на Германецот Дројзен, и Западен Балкан во кој сега засега најмногу настрада Македонија, а тука се и Србија и Босна и Херцеговина потоа, не е исклучок во многуте притисоци и пониженија, кои Западот со една антихуманистичка суровост им ги нанесува на послабите од него, толчејќи ги со жестокоста на својот агресивен ариевски нарцизам на супремастичка цивилизација и раса. Тој негов притисок има планетарна димензија. За да не мисли, пак, месје Емануел Макрон дека јас сум нереален окорел противник на таа и таквата Западна цивилизација, оти притоа сум и Македонец кому поради идентитетската ликвидација на неговиот колектив му е нанесена неизбришлива болка, јас него го упатувам на сјајната книга „Антропологија на смртта“ во два тома од неговиот сонародник, францускиот антрополог со светско реноме Луј Вансен Тома, спомнат понапред, па да ги види во неа извонредно акрибично нотирани и елаборирани сите злосторства на акултурација и идентитетски ликвидации на Европскиот Запад низ светот. Можеби така ќе му станат нему појасни работите и можеби евентуално ќе се коригира во ставовите и размислите во неговото евентуално ново писмено или усно обраќање до ЕУ-граѓаните. Оти и Французите, познати како средиште на европската демократија, не се далеку од национализмот и од некои и поголеми дефекти на нивната, јунговски речено, колективна душа. Па нели поимот, на пример, шовинизам ни иде од името на генерал Шовен, Французин по националност. И дали е тоа случајност што е тој поим општоприфатен и подалеку од границите на Стариот Континент? Секако не. Па и поимот садизам, толку многу карактеристичен за Европскиот Запад, на неговите моќни колонијалистички држави. Случаен ли е и тој? А и Маркиз де Сад од кој потекнува тој поим е Французин, Европеец. Добро, од Германците доаѓа поимот мазохизам по линија на баронот Мазох, Германец по националност. Поим, кој имплицитно е зафатен кај Јунг, се осврнува на некои темни пластови на германското колективно битие. Од овие два поима, пак, садизам и мазохизам, пронајдоци, чеда на инвентивната прејадена од колонијалните богатства до перверзија Западна цивилизација, е изведена кованицата, неологизмот садомазохизам. И тоа е модерната алхемиска легура на европската колективна душа.
Прости ми драг читателу што си дозволив да се ставам во епизода, мала улога на психоаналитичар на оваа цивилизација. Но тоа го правам пред сè од аспект на мојата болка, како што веќе реков, на жител на еден древен сега мал народ најсурово, на фашистички начин идентитетски ликвидиран од таа горда ариевска нарцистичка цивилизација. Мислам дека во една длабинска психоанализа на Фројд и на Јунг таа и многу полошо ќе помине, отколку во мојата анализа на нејзиниот материјалистички сатанизам и страшни морални и етички дефекти. Но уште малку да се вратам на обраќањето на Макрон. Дека е тоа шупливо и хипокритско, е и фактот што во него воопшто нема ни збор за антисемитизмот, кој безмалку денес пламти како пожар низ Западот, во Макронова Франција и најмногу. И тоа и покрај голготата на Евреите во логорите на европска нацистичка Германија, што е најголемата дамка врз лицето на Европа. Вили Брант повлече голем гест клекнувајќи пред еден од тие логори и извинувајќи им се на Евреите од името на германскиот народ. Тоа што требаше да го сторат на пример, Али Ахмети и Талат Џафери, да им се извинат на Македонците од името на албанскиот народ за тероризмот на ОНА од 2001 година. Друго, пак, е прашањето за тероризмот на Заев, неговата влада и Западот врз истиот тој народ. И Макрон би требало да го стори тоа извинувајќи им се на Евреите за францускиот антисемитизам, а во своето хипокритско писмо тоа требаше да го стори и од името на Европа. Тогаш ќе имаше некоја, каква-таква вредност и искрен хуманистички тон неговото обраќање. А што се однесува, пак, до моќната Ангела Меркел, канцеларка на збеснатата од економска и банкарска моќ Германија, таа исто така би требало да го следи својот сонародник и сега да им се извини на Македонците за европскиот идентитетски геноцид врз нив, оти таа вршеше страшен притисок врз нас за да се реализира тој. Страшен, со јак мирис на фашизам што избиваше од неа по атавистичка линија со нејзиниот фирер од Втората голема европска катастрофа. Евреите се организиран народ, херметички затворени во својот национ, но експанзивни во својата интелигенција за создавање универзален мит и култура за што сведочи и Библијата, посебно Стариот Завет во неа во кој тие го изградија митот на избран народ и го евреизираа и самиот Бог (Јахве). Тие на ниво на трагична голгота-мит успеаја да го издигнат, интернационализираат еврејското страдание на светско ниво. Првин во дамнината, во старозаветното библиско време со нивното голготско патување со Мојсеј од Египет до ветената земја Ханаан во Палестина што трае цели четириесет години како казна од Јахве за Златното теле, а во наше време по голготата во логорите на нацистичката Германија.
(продолжува)