Приближување до невозможното

СЕ ЈАВУВАМ ОД ЕДНА НЕВОЗМОЖНА ЗЕМЈА..
Известување број 26062020
Ова известување не е поврзано со конкретен настан. Би рекол дека е збир на впечатоци од севкупниот престој на оваа локација.Насловот е најблиску до секојдневноста во која комуникацијата на староседелците ја сведувам до најмал заеднички содржател. На име, како присутен слушател на разговорите на мали и големи собири, забележав дека страсните расправи секогаш се водат со цел да се покаже колку се нештата невозможни, но не и да се открие возможното решение на секој предизвик.Побарав дефиниција за невозможното.

Не сум сигурен колку дефиницијата игра улога во секојдневните жестоки расправи, затоа што невозможното, се чини,овде е разбрано како судбина што мора да се исполни не само во интелектуалните расправии туку таа појди ми – дојди судбина ги запира сите логични решенија што одат во прилог на остварувањето на нормалниот живот.
Би сакал да го илустрирам овој заплеткан вовед во извештајот. Затоа го одбирам најапсурдниот дискурс, кој е најчест и најдолготраен на сите нивоа на свеста во оваа земја. Подвлекувам дека темата е наметната плитко во поновата историја на овој народ, иако е проектирана внимателно подолго време од множество моќни заинтересирани центри. Именувана е: НЕВОЗМОЖНО Е ДА ПОСТОИ МАКЕДОНИЈА (што подразбира не постои ни македонски народ). Ја испраќам сликата со сите неопходни поединости:

Возможни се сите народи на оваа планета и оние што кога и да е постоеле, но невозможен е македонскиот народ. НАРОД НА НЕВОЗМОЖНОТО…. Возможни се сите држави, но невозможна е Македонија. ДРЖАВА НА НЕВОЗМОЖНОТО… Возможна е Грција како „најстара култура од времето пред новата ера“ иако нема ниеден факт за постоење на таква именка ни како запис ни како археолошки артефакт, но невозможна е македонска култура и покрај тоа што има артефакти како тетоважи на камен, глина, дрво, злато, сребро, бакар, бронза со името Македонија на територија од 7 милиони км2. КУЛТУРА НА НЕВОЗМОЖНОТО… Возможна е Атлантида, иако е спомната во еден проблематичен литерарен запис (оригинал не постои),но невозможна е Македонија, која е составен дел во недоброј записи низ сите периоди на светската цивилизација. ЦИВИЛИЗАЦИЈА НА НЕВОЗМОЖНОТО… Возможни се вонземјани, анунаки, сирени, вампири, полтергејтси, духови, гоблини, врколаци,возможен е Јети,возможни се тартаријанци,возможен е Дедо Мраз, но невозможен е Македонецот. ГЕН НА НЕВОЗМОЖНОТО… Возможен е еднорог,возможна е Неси во едно штуро езеро во Шкотска,возможен е КИНГ КОНГ. возможен е кракен, но невозможен е Македонец. НЕВОЗМОЖНО Е ДА ГО ИГНОРИРАТЕ…

Возможен е Александар ако биде Грк, ако биде Велики, но невозможен е ако е МАКЕДОНСКИ. И ПОКРАЈ НОТОРНИОТ ФАКТ ДЕКА ТОЈ НИКОГАШ НЕ ЗНАЕЛ ЗА СЕБЕ ДЕКА Е ГРК, а СЕКОГАШ СЕ ПРЕТСТАВУВАЛ КАКО МАКЕДОНЕЦ…. Возможен е Гоце ако е Бугарин, но невозможен е ГОЦЕ ако Е МАКЕДОНЕЦ. ХЕРОЈ НА НЕВОЗМОЖНОТО… Возможен е цар Душан само ако е српски…..НЕВОЗМОЖЕН Е ДУШАН ако е МАКЕДОНСКИ ИАКО НА НАЈВАЖНИТЕ ОРИГИНАЛНИ ДОКУМЕНТИ СЕ ПОТПИШУВАЛ КАКО „благочестиваго христаљубиваго МАКЕДОНСКОГО ЦАРА ДУШАНА“… Возможен е Георги Кастриот ако се преименува како Ѓерѓ, ако е Албанец (ИАКО НЕ ЗНАЕЛ ЗА ТАКОВ ЈАЗИК), ако се борел за слобода на Албанија (таква држава нема во 15 век)… НЕВОЗМОЖЕН Е ГЕОРГИ КАСТРИОТ, ИАКО ВО НЕГОВИТЕ ИЗВОРНИ БИОГРАФИИ ПОТЕКНУВА ОД МАКЕДОНСКИ РОД И СЕ БОРИ ПОД СИМБОЛОТ НА МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ, ВО ИМЕ НА ФИЛИП И АЛЕКСАНДАР, И ЈА НОСИ ГОРДОСТА КАКО ВТОР АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ… ИСТОРИЈА НА НЕВОЗМОЖНОТО…

Возможна е Graecia Magna како огромна територија и организиран систем иако ниеден картограф не знае за такво нешто… НЕВОЗМОЖНА Е МАКЕДОНИЈА ИАКО ИМА НЕДОБРОЈ КАРТИ ШТО ЈА РЕГИСТРИРААТ КАКО ГЕОПОЛИТИЧКИ ЕНТИТЕТ БЕЗ КОЈ НЕ МОЖЕТЕ ДА ИМАТЕ ОРИЕНТАЦИЈА ПРИ СЕКОЕ ПАТУВАЊЕ ОД СТАРТОТ ДО ОДРЕДИШТЕТО. ГЕОГРАФИЈА НА НЕВОЗМОЖНОТО… Возможен е „грчки архитектонски ред“ симболизиран преку три столба, креирани сите во 6 в. пр. н.е., иако дорскиот столб постои во Египет 2.000 години порано,а јонскиот и коринтскиот во персиската архитектура најмалку 300 години порано… НЕВОЗМОЖНА Е МАКЕДОНСКА АРХИТЕКТУРА ИАКО ТАА Е ОСНОВОПОЛОЖНИК НА ПЛАНСКОТО ГРАДЕЊЕ ГРАДОВИ ВО ЗАПАДНАТА КУЛТУРА. АРХИТЕКТУРА НА НЕВОЗМОЖНОТО…

Возможна е Александрија само ако е грчка, и покрај тоа што е урбанистички осмислена и изградена како симбол на МАКЕДОНИЗМОТ… НЕВОЗМОЖНА Е МАКЕДОНСКА АЛЕКСАНДРИЈА ИАКО Е ФИНАНСИСКИ И ДУХОВНО КРИСТАЛИЗАЦИЈА НА ВЛАДЕЕЊЕТО НА МАКЕДОНСКА ДИНАСТИЈА – АЛЕКСАНДРИЈА НА НЕВОЗМОЖНОТО… Возможен е конкурс за ВТОР ХОМЕР, но како тоа може победникот на конкурсот да не биде Грк покрај такво големо наследство? ПРЛИЧЕВ НА НЕВОЗМОЖНОТО…
Оваа слика може да се дополнува, но сметам дека е доволно апсурдна. Останав должен за дефиницијата на невозможното што би го разбистрила известувањето 26062020, кое го испраќам преку наједноставната стилска фигура ПРЕПОВТОРУВАЊЕ, која ја користи и слепиот основоположник на западната литература (внимавајте има девет Хомери, но само еден е Глигор Прличев).
ШТО Е НЕВОЗМОЖНО?

НЕВОЗМОЖНО = НЕ МОЖЕ ДА СЕ ДЕФИНИРА
НЕВОЗМОЖНО = НЕ ВРЕДИ ДА СЕ ОБИДЕШ
НЕВОЗМОЖНО = ПОРАДИ КРШЕЊЕ НА ЗАКОНИТЕ НА ПРИРОДАТА
НЕВОЗМОЖНО = СЕ ПЛАШАМ ДА СЕ ОБИДАМ (се плашам дека е доцна… се плашам дека е рано… се плашам вчера… се плашам денес… се плашам утре…)

Под која точка да се смести пораката на овој извештај?!