Ма, скроз сум вљубен, нема што да ве лажам. Разведена е. Дури знам дека има симпатии за мене. Ама не дава, бре. Секој ден ја молам. Дај барем датум! Може октомври, а може и декември. Оваа година? Не мора сè да ти откривам. Уживај малку во мистиката. Мистичноста е романтична. А јас сакам романтика.
Зошто си таква? Затоа што си серко. Се сеќаваш на лани? Не те терав јас да се фалиш низ маало дека сум ти дала. Тоа се сељачки, пубертетски глупости
Се извинувам, може да поставам едно прашање? Според кои критериуми определивте дека имаме IQ 82?
Според три критериуми. Прв критериум: не разликувате што е француско, а што холандско знаме. Втор критериум: пејачките не можат да ви запаметат десет стиха. Трет критериум: мислите дека Италија е под екваторот. Ама резултатот не е веродостоен. Јас направив мала интервенција.
Каква мала интервенција?
Поточно голема интервенција. Морав да ја накачам бројката. Твојот народ спушта просек. Додуша, вие не сте веќе народ. Сами се откажавте од тоа. За да влезете во Европската Унија, зашто ве убедија дека таа нема попаметна работа, па умира вам да ви менува посрани пелени. Толку сте глупи што не сфаќате дека не се интегрира она што е планирано да се расформира. Па, оттука, вашиот народ, кој одлучи да не биде народ, има IQ 33. Сега збогум!
Батали коефициенти, си реков. Никогаш не ми одело обложувањето. Сум се обидел неколкупати. Интелигенцијата па ич не ме интересира. Во последно време секоја будала мисли дека ја има. Ај што мисли дека ја има, туку и се расфрла со неа ко стриптизета што фрла облека од себе. Затоа подобро да пишувам за нешто друго. За 4 јули.
Се разбудив крајно еуфорично. Поим немам зошто. Набрзина испив кафе со две-три цигари. Потоа ја видов од прозорецот. Сосетката од соседната зграда. Секое утро го лета папагалот долу во паркчето. Неверојатно е убава. Како онаа славна Циганка, Моника Белучи. Едно две години сум тотално опседнат со неа. Ма, скроз сум вљубен, нема што да ве лажам. Разведена е. Дури знам дека има симпатии за мене. Ама не дава, бре. Секој ден ја молам.
Дај барем датум!
Може октомври, а може и декември.
Оваа година?
Не мора сè да ти откривам. Уживај малку во мистиката. Мистичноста е романтична. А јас сакам романтика.
Зошто си таква?
Затоа што си серко. Се сеќаваш на лани? Не те терав јас да се фалиш низ маало дека сум ти дала. Тоа се сељачки, пубертетски глупости. Таквото однесување е плод на фрустрација.
Сабајлево не издржав. Ја јавнав еуфоријата и право долу во паркчето. Ни здраво, ни добар ден, не реков. Веднаш ја гризнав за цицка. Вресна како шарена револуционерка што барала правда, а нашла IQ 82 во резултатот од сопственото тестирање на интелигенцијата. Веднаш сфатив какво срање направив. Паднав на колена и почнав да викам
Извини, извини, извини, извини! Западнав во еуфорија.
Па, така кажи, бре. Добро е што се извини. Сега гризни ме за другата цицка да има симетрија.
Еуфорично ја гризнав. Воздивна како шарена револуционерка што барала правда, а нашла удобна фотелја во администрација. Ме грабна за рака и ме повлече со себе. Не го ни забележав стариот добар Италијанец што собира пластични шишиња. Секое утро му ја носам пластиката испиено пиво. Си разменуваме понекој штос. Сега ми довикна од страна додека комшиката ме влече кон нејзината зграда.
Извинувањето и Муковски железни врати отвораат.
Не знаев дека извинувањето е „мадафака“ како Крсто. И причувај го папагалот на комшикава. Држи го подалеку од гугутките, ептен им го има меракот. Стално обесува дека и папагалите се гугутки, ако така се чувствуваат. Брзо се враќаме.
Се гризевме со комшиката едно два-три часа. Сега оди си, ми рече, треба да си го земам папагалот, знае да претера со гордоста дека е гугутка. До вечерта, под еуфорија, направив едночудо глупости. Изрекетирав еден новинар. Фатив феминистка за газ. Се помочав во фонтаната на шарени крокодилски солзи наречена „Нема правда, нема мир“. Истретирав еден албино како боксерска вреќа. Ама веднаш се извинував. Чудесно тоа извинувањето. Попладнето налетав на Џес Бејли преправен во Данил Хармс.
Дали си ти нормален? Зошто си се преправил во Русин?
Пст, не викај. Дојдов преправен во Хармс за да видам како братскиот северџанистански народ го прославува својот најголем верски празник, 4 јули.
Е, од каде братски народ? Вие сте коњокрадци, а ние мулиња?
И мулињата можат да бидат коњокрадци ако така се чувствуваат. Башка Северна Америка и Северна Македонија се родија на ист начин. Ние ги истребивме Индијанците, вие Македонците.
Среќа што помина францускиот амбасадор Тимоние преправен во италијанскиот градоначалник на Шутка, Курто Дудуш, па ги оставив да си тераат амбасадорски будалаштини. Јас продолжив еуфорично да се блесавам. Додека од еуфоријата не ме извадија четворица мажи. Налетав на нив во ноќта.
Гоце, Даме, Питу, Јане… па, дали сте вие нормални? Што мајка барате сами во ноќта? Знаете ли дека некој може да ве обвини за говор на омраза? Поради она ваше „слобода или смрт“. Тоа е избор, а ние имаме нова догма. Еден е изборот, гласи. И зошто изгледате така изгубено? Да не ве исфрлија од учебник?
Учителот Делчев ми одговори.
Јок, анасана! Тоа ќе биде наскоро. Нè извести Самоил. Денес требаше да одиме на некаква прослава по повод денот на не знам каква револуција, ама на онаа згодна црпка што се облекува како папагал некој ѝ наредил да нè заборави и еве сега се ашкаме низ државава, која ние сакавме да ја ослободиме од окупација, а вие успеавте да ја окупирате со безумие.
Ги прибрав кај мене дома. Извадив мезе и ракија. Убаво се изнаприкажавме. Пред да заминат во историјата, Даме ме праша: Видовме многу брадосани млади луѓе. Да не се спрема некоја револуција?
А ха, хипстерска револуција. Тоа е револуција на бањати, кои, за разлика од небањатите, немаат ништо во главата. Освен шампон на косата и парфем околу главата. Вооружени со хистерија и тастатури планираат да го ослободат светот од здравиот разум. Во нивниот шарен храбар свет, среде 2019 е 1984 година, ама папагалите можат гугутки да бидат.