Зошто ја судевме Европа

Записи во несоница

„МОРАЛЕН СУД – МАКЕДОНСКА ВИСТИНА“ НА МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ (2)

Неодамна (10 јуни 2025), драг читателу, Моралниот суд на Македонски манифест ја судеше Европа под маската на ЕУ, за нејзиниот идентитетски геноцид над Македонците, кој таа го финализира со смртоносниот по македонската меморија и идентитет „Преспански договор“, Преспа 2018. Пред оваа, овој суд донесе уште три морални пресуди. Првата пресуда се однесуваше на двајцата главни актери во оваа сатанистичка операција на бриселска ЕУ, Заев и Димитров, велепредавници, првиот тогашен премиер, а вториот министер за надворешни работи на одбраниот за идентитетска ликвидација народ. Тие беа домашните ликвидатори и промотори на европската лага спакувана во „визија“ дека сето ова се прави, бришејќи го минатото со идентитетскиот код, за светла иднина на Македонците: прием во ЕУ. А наместо тоа, добиваме иронично само прием во НАТО, кој секако ќе треба да нè брани од братските Руси и од други „непријатели“. Така, иако првото наше искуство со оваа воена организација беше горчливо. Станува збор за терористичката 2001-ва, кога таа отворено го поддржува албанскиот тероризам на кревката македонска република, а потоа ставајќи му крај нему со понижувачкиот договор за Македонците, терористите ги доведе и во владата и во парламентот како „борци“ за човекови „права“, за од тука својот физички да го заменат со политички тероризам.

Тоа е приказната за НАТО, кое покрај другото е и рекетарска организација на која на сета сиромаштија ѝ ставаме 200 милиони евра в џеб, а отсега натаму уште неколкупати по толку, како што предложил Трамп, а министерот Муцунски однога прифатил, иако за такво нешто треба народот да одлучи на референдум. Да, ама таа најдемократска меѓу демократските институции не минува кај нас ни внатрешно ни надворешно. Референдумот за неменување на Името не беше признаен ни од домашната квислиншка влада на Заев, ни од ЕУ, која ни го покажа средниот прст по катастрофата што ни ја зготви: Преспанскиот договор како илустрација на нејзиниот политички и колонизаторски дарвинизам, од кој таа никогаш, во ликот на нејзините колонијалистички нации, не се откажала. Колонијалистичка Европа, особено од Колумбо наваму, има направено многу геноциди во светот, но македонскиот со Преспа 2018 сега е првиот нејзин геноцид на Стариот Континент како експеримент направен врз цел еден народ со исконски идентитет и моќен културно-цивилизациски код: macedonicum experimentum.
И тоа беше македоноцид во апсолут, новиот, лукаво софистициран и спакуван во политички целофан, Аушвиц на западната ариевска цивилизација. Заев и Димитров во него беа одредени да го пуштат смртоносниот гас на својот народ лично за, морално атрофирана, ЕУ да си ги измие валканите со крв пилатовски раце како невина за сè. А зад овие двајцата стоеше со истиот нацифашистички профил и нивната тогаш владејачка (не)македонска партија СДСМ. Само кога велам нацифашистичка и нацифашисти правам разлика меѓу нив и Адолф Хитлер, кој, за разлика од нив што го мразат својот род, си го сакаше до небо својот народ.

Толку. Кусо. Оваа прва пресуда на Моралниот суд на Македонски манифест целосно се вклопува во темата на судењето на ЕУ за извршениот идентитетски геноцид врз Македонците. Втората малку „поневино“ се вкопува во ЕУ-геноцидниот проект над Македонците. Станува збор за првата владина историска комисија под водство на академик (кој сè не е академик) Драги Ѓоргиев, кој ги вклучува Бугарите на делба на нашиот средновековен културно-цивилизациски имот од Кирил и Методиј наваму, сè до златниот преродбенски деветнаесетти и првата половина на дваесеттиот век, во која тој продолжува со Мисирков, Чуповски, Рацин и Конески. Моралниот суд на Манифестот членовите на таа комисија, кои воопшто не го познаваат битието на историјата, со моралната осуда ги исфрли нив, како Исус трговците, надвор од светиот храм на македонската историска и онтолошка меморија. Засекогаш. Како ѓубре, но различно од ѓубрето на Стринберг од кое, како што вели тој, никне цвеќе.

Дојдовме до третата пресуда на Моралниот суд, а таа се однесува на безмилосните демонски судијки Вилма Рускоска и Добрила Кацарска, толку лични што ни Гоја не може да ги долови во своите генијални вештерски каприча. Тие како ефикасни алатки на квислиншката садомашина на нацифаши-владата на Заев ги судеа по брза постапка и ги осудија на затвор луѓето од случајот „27 април“ за тероризам, иако тие само со еден невин бунт во Собранието сакаа нацифаши-системот режим поддржан и од Брисел и Вашингтон да го сменат според волјата на народот во демократски. Така. Но шокантно е, драг читателу, што и по смената на таквата власт и влада, која од Заев како негова копија ја презеде уште четири години Ковачески, ни новата што дојде по нив, позната како патриотска, ништо не прави конкретно за да ги ослободи невино осудените за „тероризам“. Да. А тоа значи дека сè уште сме во ноќ и сè уште не изгреале Рациновите „Бели мугри“ на македонското небо, а камоли неговиот визионерски „силно светнат ден“ од „Копачите“.

Да. А најпосле по оваа куса, но во контекстот потребна ретроспектива, еве нè на крајот и во четвртата пресуда, што се однесува директно на бриселска ЕУ (модифицираната Вавилонска Блудница) како нацифаши-архитект на проектот со цивилизациски карактер за тотална македонска идентитетска ликвидација. Проектот: македоноцид. Тој е нов европски геноциден проект покрај многуте други извршени низ светот од Колумбо наваму, и оригинален. Оригинален во тоа што тој како тоталитет во замислената смрт над цел еден народ сега од Јужна Америка, Африка и азискиот пацифик е пренесен на тлото на самата Европа. И тоа е крајниот пад на западната ариевска цивилизација оличена во европските колонизаторски нации под кои ние, драг читателу, ја подразбираме Европа, а сега и ЕУ, шифрата во која таа е маскирана за да ги скрие своите многубројни варварски злосторства. Оти како во Римската Империја, чија ментална наследничка во суровоста е таа, и кај неа паралелно одат едно покрај друго варварството и културата со која се покрива и забошотува тоа. Да. Арно, ама сепак, драг читателу, мислам оти и ти мислиш како мене дека Шекспир не може да го покрие нејзиното варварство. Па ни тоа што сега се случи со Македонија и Македонците, со нивната идентитетска ликвидација во Преспа 2018, македоноцидот. Со нејзиниот смртоносен преспански акт, заведен под шифрата „северна“, само со еден потег, со еден потпис на антимакедонската квислиншка влада, подготвуван безмалку столетие и половина во поновата историја, молскавично е избришан цел еден народ со исконски идентитет заверен со царски божји печат и во Библијата, од првите на Стариот до последните страници на Новиот завет.

Така. Но она што е посебно парадоксално во овој варварски акт на ЕУ, во кој се користени како алатка нашите квислинзи од власта и нејзините балкански предатори (Грците, Бугарите и Албанците), е тоа што Вавилонската Блудница (како што ја именува од сопственото искуство со неа Европа нашиот народ) мисли дека ние не знаеме што ни се случило со Преспа 2018, иако на нас освестените тоа ни беше јасно уште со нејзината нацифашистичка Лисабонска декларација од 1992-та. Таа тука ја прави истата идиотска грешка (треба да ја чита студиjaта на Фројд за грешките) што ја правела во нејзината колонизаторска и варварска историја со другите низ светот, помалите и посиромашни народи, но и моќните, како што биле тоа Маите, Инките и Ацтеките, па и Индијанците, чии искреност и гостопримство таа ги злоупотребила, толчејќи ги и убивајќи ги безмилосно за да го земе нивното злато. Како што го стори впрочем тоа и со Македонците, кои ги дочекуваа и сè уште и по Преспа 2018 ги дочекуваат бриселските политички токмаци, полуинтелигенти, нудејќи им го во своето слепо гостопримство на тие познати по традиција канибали и срцето на маса за да го заситат нивниот незаситен варварски глад. Па затоа, наивни и по нашето ставање во ковчегот на идентитетската смрт, тие бриселски политтокмаци мислат дека сме глупави и дека не знаеме што ни се случило, дека со тоа што ни е поништена меморијата на минатото автоматски по дефиниција ни е поништена и иднината од каде што таа, антрополозите го знаат тоа, црпи енергија за живот. Оти ако е исклучена струјата на идентитетот што се храни од исконот, џабе ти го ставаш, драг читателу, приклучокот во штекот што е мртов без струјата на секнатиот исконски живот.

Значи, не сме глупави да не знаеме што ни се случило наши ЕУ волчешки браќа, и според сè до каде ја доведовте Европа како ЕУ, корумпирани суштества неспособни за уметноста што се вика визија за отвoрање нови хоризонти на светлина и хуманистичко братство на човештвото. А вие ни во Европа не успеавте да го постигнете тоа, држејќи се, за жал, како Хитлер, но и како Черчил за филозофијата на избраната западна колонијалистичка и ариевска раса што треба да владеe со „непросветениот“ и за неа „нецивилизиран“ свет, кој е нормално од тој аспект да се пљачка и уништува, како што се прави тоа сега и во ЕУ на Брисел, за што крунски пример е од неа парцелијанизираниот и глупаво дефиниран Западен Балкан. Тој е сега, како Африка пред тоа, зафрлената, нецивилизираната и непросветена колонија на западните колонизаторски сили, која, како што тврдеше Черчил за сите западни колонии, треба да се преведе од нестабилен во „стабилен“ систем според западниот ариевски демократски терк и нагон за пљачкање на материјалните ресурси.

Тоа е така. А од Македонија и Македонците што може најмногу да се пљачка од сега модерните западни варвари. Па има, и во делот во кој толку драстично е скусена таа, материјални богатства за пљачкање. Не е тука само во светски размери исклучителниот Алшар. Не. Има многу за пљачкање. Но она на кое се сосредоточи сега ЕУ на колонизаторските нации (со кои немаат врска на пример Унгарија со Орбан, Словачка со Фицо) тоа е пљачкање на огромните и речиси неисцрпни идентитетски и културно-цивилизациски ресурси на библиска Македонија. Тоа сега, драг читателу, се пљачка тука. Материјалните ресурси сe ставени под број 2. Oти ако му го уништиш идентитетот на еден нaрод, тогаш можеш што сакаш да правиш со него. Оти ако на Грците им e даден целокупниот мемориски бренд од антиката, а на Бугарите сето преостанато од Кирил и Методиј до преродбата во 19 век, а потоа и 20 век со Илинден и АСНОМ, Чуповски, Мисирков, Рацин и Конески, работата е завршена: го нема тој народ што ја вознемирува совеста на Eвропа, критикувајќи го со својот космополитизам нејзиното варварство. Така е целосно урната од ариевска Европа и македонската визионерска уште од антиката космополитска „куќа цел свет“ на Рацин и неговиот по „белите мугри“ што jа укинуваат „светската ноќ“ (Хајдегер во егзегезата на поезијата на Хелдерлин) и го промовираат „силно светнатиот ден“ на човештвото егзистенцијално и духовно крајно истоштено, покрај другото, и по заслуга на колонизаторската западна цивилизација, која сè уште не се откажала од нагонот за варварство ни денес. Македонија и Македонците денес во Европа се највпечатливиот и најтрагичниот пример за тоа. Дури и пошироко од Европа, како најусовршен Mенгелеов систем на експеримент со душата и срцето не само на поединецот туку на цели народи. Тоа, драг читателу. И Европа има шанса барем колку толку да се рехабилитира, особено сега како ЕУ (колку и да звучи лажно) за своето модерно варварство, ако се послужи, иако сè уште со мирис на паганска крв, со една од најдрагоцените институции на Исус: покајанието, ако ce покае за идентитетското злосторство над Македонците заради сопствена, по трагедијата, според рецептот на Аристотел, етичка катарза, а потоа (тоа е важно за да биде искрена таа катарза) да ги остави Македонците слободно да дишат без смртоносната „северна“. Само така, крволочна, канибалистичка и колонизаторска Европа ќе доживее преобразба, новата по италијанската ренесанса во 14 и 15 век, од која таа речиси ништо не научи. Па и нејзиното просветителство донесено со „демократскиот“ изум на месје Гилотен и илјадници пресечени глави на Бастилја, кое го избрка Бог од психата на западниот човек, траеше како еден вид нова иако без Бог ренесанса. И толку. Па не случајно оттука проработи и вистинскиот рефлекс кај инаку неповторливиот оптимист Достоевски „Ако нема Бог, сè е дозволено“, а кај Ничe „Бог е мртов“. А во неговото убиство за да биде мртов, според сè што се случуваше низ столетијата, најголема заслуга имаше западната европска цивилизација. И нашата идентитетска ликвидација Преспа 2018 е тука да го потврди тоа. Цивилизација со велелепни катедрали, прекрасната камерна музика како што вели Шпенглер, ама без Бог.

Тоа е тоа. Во пресудата на Моралниот суд на Македонски манифест се наброени сите, до едно, почнувајќи од централниот столб јус когенс на зградата за човековите слободи на ОН, па натаму, прекршувања на постојните цивилизациски декларации и конвенции за правата и слободите на индивидуата и колективите, а во нашиот случај сè со една единствена цел да се изврши тотален идентитетски геноцид врз Македонците. Зошто? За тоа сме пишувале, драг читателу. Со Преспа 2018 е отворена најголемата досега во неколкумилениумското постоење македонска смртоносна рана. Ама со тоа е отворена и смртоносната рана на оваа бездушна цивилизација, која како што е тоа во некои шифри, ама јасно, запишано и во Библијата ако се чита длабински, таа е на умирање, ќе умре, а Македонците ќе бидат излекувани парадоксално со раните на Исус, како што би рекол старозаветниот пророк Исаија, по идентитетскиот погреб. Така како што е тоа предвидено според божјиот план и божјата правда, макар и во последната битка предвидена за тоа Армагедон. А ти речи го и Армакедон, драг читателу. Слично е. Исто е. Амин!