Во основата на нашата цивилизација и идентитет се традиционалните вредности, кои нашите предци ги поставувале низ вековите. Меѓу нив се единството на народите на Русија, посветеноста кон вистината и правдата, милосрдието и хуманизмот, силното семејство и љубовта кон децата, меѓусебната помош и стремежот за постигнување успех на целата земја, а не само лична благосостојба. И, секако, тоа е патриотизмот, посветеноста на Татковината. Токму овие вредности го формираат нашиот суверен поглед на светот, одржлив кон обидите да ни наметнат туѓа волја
Сергеј Баздникин,
Амбасадор на Русија
Денот на Русија го одбележуваме на 12 јуни, на денот кога пред 35 години беше усвоена Декларацијата за државен суверенитет. Искрено им го честитам празникот на сите наши граѓани во Македонија – на вработените во амбасадата, во други организации, на сонародниците.
На овој ден ние jа чествуваме нашата Татковина, со која искрено се гордееме и која од срце ја сакаме. Се потсетуваме на нејзината илјадагодишна историја, која изобилува со подвизи и постигнувања што ни ги оставија како наследство нашите предци. Токму тие покажаа примери на смелост на боиште, хероизам во трудот, духовна сила, научен гениј, и со огромни напори и несебична храброст ја зачуваа својата родна земја и ни ја предадоа.
Свето ги почитуваме заветите на предците, чувствуваме огромна одговорност пред нив и пред идните генерации. Никогаш нема да дозволиме никој да посегне по суверенитетот и независноста на Русија. Ќе ги повторам добро познатите зборови на светиот благоверен кнез Александар Невски – кој ќе дојде кај нас со меч, од меч и ќе загине.
Се сеќаваме на минатото. Но Русија е насочена кон иднината. Покрај предизвици, успешно надминуваме тешкотии. Го развиваме политичкиот систем, ги подобруваме квалитетот и условите за живот на луѓето – нашето главно богатство, ги осигуруваме безбедноста и суверенитетот, ја модернизираме економијата.
Да потсетам – во текот на изминатите две години годишниот реален раст на БДП на Русија изнесуваше 4,1 отсто. Според резултатите од 2024 година, нашата економија се рангираше на четвртото место во светот по паритетот на куповната моќ, престигнувајќи земји како Јапонија и Германија. Ова е за темата за влијанието на санкциите и за прогнозите за економски колапс на Русија…
Русија е најголемата, навистина уникатна држава цивилизација, која се протега илјадници километри од запад кон исток и од север кон југ, во која во меѓурелигиска хармонија живеат повеќе од 190 народи, националности и етноси. Таа е отворена кон светот, води позитивна и обединувачка надворешна политика, нуди чесен и фер модел за развој на меѓународните односи, се залага за почитување на самобитноста на земјите и народите, на нивните обичаи и култури.
Во основата на нашата цивилизација и идентитет се традиционалните вредности, кои нашите предци ги поставувале низ вековите. Меѓу нив се единството на народите на Русија, посветеноста кон вистината и правдата, милосрдието и хуманизмот, силното семејство и љубовта кон децата, меѓусебната помош и стремежот за постигнување успех на целата земја, а не само лична благосостојба. И, секако, тоа е патриотизмот, посветеноста на Татковината. Токму овие вредности го формираат нашиот суверен поглед на светот, одржлив кон обидите да ни наметнат туѓа волја.
Убеден сум дека сите присутни знаат што е нашата земја. Исто како што разбираат што навистина се случува, кој е заинтересиран за „стратешкиот пораз“ на Русија, за кој уште неодамна сонуваа украинските власти и нивните сојузници.
Нема да го повторувам она што претседателот Владимир Путин го кажа повеќепати во текот на изминатите години – вклучително и во врска со плановите на политичкиот Запад да ја претвори Украина, заробена од нелегитимниот киевски режим, во упориште за агресија против Русија.
Ќе додадам само дека злосторства против цивилно население на Русија, вклучувајќи жени и деца, вклучително и терористичкиот напад врз цивилни возови во пресрет на новата рунда на мировни преговори во Истанбул, што ги предложивме, ги потврдуваат стравувањата дека режимот во Киев постепено се претворува во терористичка организација, а неговите спонзори стануваат помагачи на терористи. На украинската хунта воопшто не ѝ е потребен мир и тој значи губење на власта за неа.
Русија е посветена на решавање на проблемите со мирни средства, вклучувајќи и со преговори, и е заинтересирана за цврст мир за долга историска перспектива. Но подготвени сме за секаков развој на настаните.
Ги имаме сите можности за ова – никој не треба да се сомнева во тоа или да се обидува да го провери. Нема да успее да нè заплаши, да нè принуди да направиме отстапки или да нè натера да се одречеме од нашите граѓани. Ние не ги напуштаме своите! Своих не бросаем!
Специјалната воена операција ќе продолжи сѐ додека е потребно – до постигнување на сите цели и задачи, вклучувајќи и отстранување на примарните причини за конфликтот и елиминирање на заканите за безбедноста на Русија.
Од своја страна, руската дипломатија ќе продолжи да придонесува кон заедничките напори за обезбедување на нашата победа, соодветно оформување на нејзините резултати.
Обраќаjќи им се на нашите македонски приjатели, искрено сум благодарен за вашето чествување на нашиот празник, високо jа ценам недвосмислената поддршка за нашата земjа, изразените чувства на искрена симпатиjа. Добро разбирам дека во сегашните услови ова бара одредена храброст.
Убеден сум дека сите обиди за уништување на силните врски на интеракциjа и меѓусебно почитување меѓу нашите братски народи ќе бидат неуспешни. Нѐ поврзува вековна историjа, заjакната од духовно и културно сродство, од заеднички словенски корени, од заедничка борба за време на Втората светска воjна. Осумдесетгодишнината од победата во неа jа прославивме заедно пред нешто повеќе од еден месец. Ниту една политичка конjунктура нема власт над искрените чувства на луѓето – во Македониjа го чувствуваме таквото однесување, без претерување, буквално на секоj чекор. Сето ова може да стане основа за обновување на врските кога за тоа ќе се појават благопријатни услови.
Честит празник – честит Денот на Русија!