Во чест на сите жртви на нацизмот

  • Нацистичка Германија, Јапонија и Италија беа здробени. Најголеми заслуги имаше Советскиот Сојуз, а и со најмногу жртви, над 24 милиони. Еврејскиот холокауст е шест милиони по германски списоци. Нацизмот пак се јавува. Не сум сталинист ниту обожавател, но тој е
    главен за победата над нацизмот. Што ако не победеше?
  • Значи царот Борис III, Богдан Филов и Георги Белев се спасители и херои?! Бласфемија! Срам! Загинатите се среќни што не гледаат.Лажат фашистите, лажат комунистите, лажат капиталистите, а и нашиве нови. Историјата е лага, пљачка и силување. Ниту нацифашизмот и шовинизмот се завршени ниту верските омрази се надминати

Најсетне крај. Сите радосни, сите среќни. Но моите не се. Зошто? Фамилиите до еден – убиени, 200 луѓе – холокауст. Народниот херој Чеде Филиповски, мој роднина, е убиен во 1945 година. Причина – замачкана – партиска. Златна слобода, среќа – но со два „туша“ за нас – комплетното убиство на Евреите и диктатот – бугарската армија мора да се прифати како ослободителна. Тие што жестоко се противеа, беа ставени „настрана“ или ликвидирани. „Бомбона-теза“ – ликвидаторот е ослободител. Оние „отпорници“ ги нема во Асном-1. Quid rei? – Ослободување е маскирана окупација, брате. Човек е слободен само кога се раѓа (Русо). Значи царот Борис III, Богдан Филов и Георги Белев се спасители и херои!? Бласфемија! Срам! Загинатите се среќни што не гледаат. Лажат фашистите, лажат комунистите, лажат капиталистите, а и нашиве нови. Историјата е лага, пљачка и силување. Ниту нацифашизмот и шовинизмот се завршени ниту верските омрази се надминати. Денацификација? – Фарса! – Ептен! Милиони нацисти се пуштени и станаа лидери, канцелари, судии, генерали (31 во НАТО), банкари и одговорни. ИГ Фарбен царуваше со економијата до 1953 година, па и сега. Европа бара комунистите да се еднакви со фашистите – значи моите родители, други Евреи и партизани се „исто“ со Хитлер. Срамно!
Нацистичка Германија, Јапонија и Италија беа здробени. Најголеми заслуги имаше Советскиот Сојуз, а и со најмногу жртви, над 24 милиони. Еврејскиот холокауст е 6 милиони по германски списоци. Нацизмот пак се јавува. Не сум сталинист, ниту обожавател, но тој е главен за победата над нацизмот. Што ако не победеше? На Источниот фронт, главни стратези покрај Сталин се Жуков, Василевски, Коњев, Чуиков, Буџони, Малиновски, Ворошилов, Тимошенко, Попов, Хрушчов, Рокосовски, Толбухин, Бирјузов, Јериоменко. Податоци дознавам од лични познанства, лидери, амбасадори и книги. Синџирот на случувања и битки на Источниот фронт накратко е: напад (Директива 21 – Барбароса) во три правци – до Москва и Крим – завртување (наредба 270 и 227 на Сталин) – Москва, Сталинград, Курск, Ленинград – ослободување на Аушвиц – Багратион, Лавов, Варшава, Вистула, Балкан, Берлин, Манчурија. Наместо коментари, ќе ви поставам некои прашања, па вие самите најдете ги одговорите. Моите коментари се неважни и иритираат.

Подобро – дајте и вие одговори! Војната е заеднички проблем, а не мој, на некој политичар, мислител, интелектуалец, дипломат, итрец, професор, репортер, режисер, полицаец или борец. Е па, дали исходот на Хитлеровиот напад ќе беше ист ако на чело беше некој друг освен Сталин? Што ако изгубеше? Што ако на чело беше друг револуционер? Што ако по смртта на Сталин дојдеше Берија? Колкаво беше влијанието на разузнавачите – советски и западни? Агенцијата MИ6 беше континуирано присутна, уште пред Октомвриската револуција (Martin Rosenbaum – British Road to Bolshevism). Се дознава дека Распучин е убиен од британски агент, а на царот и фамилијата Британија не им помогна, а можеби и полошо. Потоа – Локарт, Реили, Филби, Кембриџ петорката, аферите околу атомската бомба, Гордиевски (читај ги Lokhart, Reilly, Macintyre, Bystrolyotov, Holeman, Modin, Philby, C.River Cambridge five). Што без судењето во Нирнберг? Што ако нашиве сега беа лидери тогаш? Има ли улога на Сталин во македонизмот? Што е прикаската со Влахов, Александров, Михајлов и Марковски? Дали СССР излегол на сите мориња? Колкава улога имаше црквата? Зошто Сталин прв го призна Израел? Што ако Израел не постои? Ако наместо Черчил беше Чемберлен и наместо Тито беше Дража Михајловиќ или Павелиќ – што? Зошто ова не се учи на школо? Дали е БРИКС некоја реставрација или правец кон иднината? Дали ние можевме да имаме поголема корист (економска) од СССР и Русија – фирми, учење земјоделство (ѓубрива, генетика)? Очекуваме со мировните договори сега (САД – Русија), работите да се подобри. Едно друго тешко прашање: Ако Хитлер успееше да направи атомска бомба (можеби веќе ја имаше), дали ќе ја употребеше? По мое мнение, ДА – прво на Лондон, поради Фау-проектот, а и на Рускиот фронт поради интензивното напредување. Изборот на Хирошима и Нагасаки има значење, а одлуката го зема предвид и советското напредување во Манчурија со маршалот Василевски. Сакале или не, мора да сфатиме дека Русија со својот гигапростор сега е „амортизер“ за постоење на светот. Хипотетично фрагментирање е полошо од сите атомски бомби. Прашајте старци и мудреци. Прашање: Отцепените советски републики без контрола што направија? – Џихадизам и потенцијални конфликти плус украински синдром… кажете свое мислење. Според мене, за различни факти читајте ги важните мемоари на маршалите Жуков, Конев, Чуиков, потоа Черчил, Александер и германските лидери Мајнштајн (заобиколувач), Дениц, Гелен, Скорцени и… користете го сопствениот ум. За холокаустот постои огромна литература – Јудаика, Холокауст енциклопедија, Маус, Гилберт, Визел, Франкл, Примо Леви, Коен и наши автори. Логорите се срам за човештвото! Смртта е трагично возвишена.
Малку и за другата страна. Кој стои зад моќта на Хитлер? Кој плаќа? Накратко, Хитлеровата тактика е: шпиони-субверзии-инвазии. Два „типа“ на борби: кодови и оперативни (Монтгомери, Морган, Александер, Доудинг, Харис, Хобард, Портал, потоа Ајзенхауер, Макартур, Патон, Маршал, Бредли, Кларк, Нимиц, Арнолд итн.) – ги знаете од документарците. Напомени: три инвазии се мајорни – Франција, Италија и Балканот. Инвазија на Франција (Нормандија) е императив, со генијален инженеринг, кодови, шпионажа и борби – за да се победи Германија, но и да се спречи „поплава“ на комунизмот врз цела Европа. Отпор даде силна нациекипа – Ромел (вечно незадоволен), Бласковиц, Рундстадт, Марцкс, Мејер, Опелм, Пеипер (џелат), Дитрихт, Хаузер, Штајнер… Евреи бегаа со бродови.

Оние кон САД ги вратија, а во Британија ги примија и уапсија сомневајќи се дека се шпиони. „Да си Евреин е проклетство“, велеше татко ми. Писателот Јиржи Косински кажува како тие што бегале во Полска биле убивани од цивили. Рузвелт и Черчил го „преферираа“ генерал Леклерк, а го презираа Де Гол поради карактеристичното его и пречки на Блискиот и Далечниот Исток (и до денес). Го поставија заради комунизмот во Франција. Африка е пљачка и болест – до денес. Некои лидери (ген. Патон и Черчил) имаа идеја за напад и на Советскиот Сојуз, но се спротистави Ајзенхауер. Има „игри“ со маршалот Петен. Евреите кај нас се бореа заедно со партизаните, а 99 проценти се убиени во холокаустот. Македонците во Грција се изгорени од Британија и САД со напалм-бомби – „македоноцид“ – „operation terminus“ – со Lancaster, Mosqito, Spitfire, Curtis 9B2c итн. Срби и Евреи до 900.000 се убиени во Хрватска, главно во Јасеновац. Зошто се потценува тоа и не се признава? Од Софија, Евреите ги препратиле на подунавски логори (Леа Коен). Тракиските ги ставиле на брод во Дунав и ги потопиле (Арон Аса). Татко ми бил во логор во Плевен – кој после го ослободила Црвената армија. Имало и други логори во Подунавје – користени и по војната. Имало и експерименти на луѓе во Софија. Фолксдојчери од Војводина и Унгарија се маса на СС-единици. Предавници насекаде. И кај нас имало предавници, а после функционери. Во Франција и во Италија Евреи спасувала Католичката црква (имам и роднини). Во Холандија планирале да ги ликвидираат сите Евреи и Холанѓани, но некако ги спречил Химлеровиот лекар. Во Холандија имало застој на операцијата „Грин гарден“ заради трансфер на злато во швајцарски и други банки (имоти никогаш не се вратени, само формален минимум). Потоа циркулација на ураниум меѓу држави (Диана Вест). Игрите на Канарис го спречија Франко да влезе во коалиција со Хитлер, но субверзивните активности на Абвер на Балканот и Европа овозможија масивна инвазија на нацистите. Еден мој роднина како британски агент спречи заземање на Гибралтар. Грција заврши со граѓанска војна каде што најмногу се убиени Македонци. Нирнберг со судење нацисти е парцијалност – прекинато од Аденауер и Студената војна. Студената војна се кодови, компјутери и инфилтрации, а сега плус космос и суперсоничност. Милиони нацисти се неосудени, а над милион пуштени. Судењето на Ајхман е со напади врз Израел од Аденауер и Ајзенхауер (да не кажат информации и „еутаназијата“). Гелен, прочуен нациагент, е основач на ЦИА, БНД, Штази и нашата УДБ. КОС е поврзан со Ватикан, а и сега влијае. НАСА е формирана од нацисти (operation paperclip). Игра создаде ХДЗ – нови усташи (Црна легија, Туџман, Марко Скејо) и УЧК – балисти (Ерменџи, Фашери). ЕУ е „продолжение“ на ИГ Фарбен (книга на Пол Тејлор). Нацистички генерали (најмалку 31) го формираа НАТО. Исто така и банкари во Швајцарија, Јужна Америка итн. Балканот е недовршен. Југославија е илузија (покерски флеш) за игра Исток-Запад (амортизер на СССР и Запад, со интереси – море, Дунав-Морава-Вардар линија, псевдокомунизам, како игра и „неврзаност“). Всушност имаше двојна контрола – Тито-Крајачиќ (Титови мемоарски искази), игра на сите агентури (плус бивши нацистички), а по искористувањето – ја распаднаа со ужасна војна. Незавршена!
Македонија е Фукова нишалка, играчка – народот е злато, а управата-правосудството е гангрена. Два фактори се моќ: пари и шмрка. Али го знае тоа, а вие? Во светот индустрискиот капитализам прејде во финансиски („либерален“) и дигитален. Мафијата е мрежа – со летални дроги, медицина, органи, влезена во полиции, влади, армии, религии. Човекот е пазар. Духот е пазар. Екстремизмите се пазар. Кина од Мао-комунизам прејде во пазар (по теоријата на Фридман). Израел беше надеж за Евреите и технолошки „рај“, но сега е носач на лузни од Библијата, војни и ноќна мора за мене. Арапи се 30 проценти и растат. Џихадот ќе ги поплави Европа и Америките. Никој не сфаќа. Несфаќањето е најголем непријател! Македонија (знаете) се дави во етно-социо-партиско-мафијашка беда и минхаузен-шеми. Казни? Апсат „сардини“, а „ајкулите“ – аздис во рајот. Жалам. „ЕУ е „заб“ што се клати, го менува кодот, а мировниот договор САД-Русија можеби ќе донесе нова надеж.
Во чест на сите мртви од нацизмот.

Професор д-р Самуел Садикарио Колономос