- Не е првпат да се зборува за веронаука во училиштата. Претходниот обид не донесе резултат. Чаре? Еве ги прашалниците:
1. Дали е потребна веронауката во образованието?
2. Ако е потребна, како да се дефинира во оваа реалност?
3. Кога би ја усогласиле дефиницијата, би имале ли соодветни вероучители?
4. Зошто сличниот обид пред 15 години не донесе резултат што охрабрува?
5. Што е поинаку сега во однос на Македонија пред 15 години?
ВЕРА + НАУКА = ВЕРОНАУКА… или ВЕРА < НАУКА… односно НАУКА < ВЕРА или ВЕРА е спротивно на НАУКА или НАУКА = ВЕРОНАУКА… можеби подобро е НАУКА: ВЕРОНАУКА… дали воопшто, во оваа секојдневност, овие равенки имаат некаква вредност?
Сметам не…, но поради добрината на уредувачката политика на „Нова Македонија“ си дозволувам да го изнесам ова гласно размислување на заборавената тема: ОБРАЗОВАНИЕ И ВЕРОНАУКА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО.
Се обидувам да се сетам кога се создаде образовен систем во историската хронологија на Македонија. Со оглед на прифатената историска теорија дека македонскиот неолит е најстар во Европа и со оглед на одобрениот факт дека првата национална држава во Европа е Македонското Кралство од Каран (9 век пр. н.е. – види кај Ј. Борса), за образовен оформен систем можеме легитимно да зборуваме од 4 век пред Богомладенецот. Не ја пропуштам можноста да споменам дека за посебен профил „учител“ македонскиот неолит знае подолго од лицеумот во Миеза. Според дешифрирањето на неолитскиот ракопис (со почит кон Васил Иљов), Македонците имале учител најмалку 4.500 години пред Богомладенецот.
Но ова гласно размислување е усредоточено на ВЕРОНАУКАТА ВО ОБРАЗОВНИОТ СИСТЕМ. Веронауката во Македонија е дојдена како апостолска интерпретација во орална форма преку Свети Павле во 61 година по Богомладенецот. Таа претставува христијанско образование што станува државно, рамноправно со другите религиозни учења во Второто Македонско Царство уште сo Константиновото оформување на главниот град Препород (латински Антуса) како што го крсти императорот Константин. Градот на Златниот Рог е преименуван во Константинија во чест на императорот, пред да се пресели во вечноста. Значи не Константинополис `Само Константинија. Должни сме да бидеме претпазливи со interpretatio graeka.
Во теолошката држава на македонските династии, „Министерството“ за образование е обврска на црквата. Таму се воспитуваат граѓаните на царството.
Според тој систем, најважен предмет е веронауката, а низ нејзина призма се учат медицина, математика, физика, филозофија, право, архитектура, музика и така натаму. Оваа навика, црквата да создава идни граѓани, продолжува без особени проблеми и по промената на власта од македонска во османлиска и покрај тоа што новата теолошка држава е муслиманска. Веронауката продолжува да се предава како основен предмет на целата територија на претходното православно царство и на териториите каде што црквата егзистира со верници надвор од Второто Македонско Царство. По пропаѓањето на Отоманското Царство, манастирите продолжуваат со учество во модерните образовни системи наметнати како прогресивни преку просветениот апсолутизам на Виена. Но веронауката зазема рамносилно место во задолжителното образование со растечката доверба спрема секуларната наука, која во овој систем зазема доминантно место скоро како нова религија со поголема доверба затоа што во западното христијанство се појавува несигурност поради растечките докази на археологијата. По Втората светска војна, Македонија го доживува искуството на комунизмот, кој во својата филозофија го сместува христијанството (и религиите воопшто) во ненаучност, А ВЕРОНАУКАТА како негација на разумната наука штетна по воспитанието. Македонскиот случај е посебен: не само што е укината веронауката како лошо воспитна туку во насловот на Министерството за образование (во овој систем од Западна Европа, Министерството за образование е целосно преземено од секуларната власт) го нема поимот воспитание! Но треба да се спомене дека и во тој систем Македонците први ја возобновија Македонската православна црква по само 13 години комунизам (го нагласувам црковно-народниот собор не службениот проглас на МПЦ од 1967 г.). Треба да се разгледа феноменот зошто до денес не е вратена веронауката!?
Богословскиот факултет е основан во 1977 година. Ако се востанови просек на запишани студенти (за 2025-2026 цензусот е 40), кои според објавеното до денес се околу 1.500, а дипломирале околу 300, и ако се земе предвид бројот на училиштата во основното и средното образование, не изгледа дека МПЦ има капацитет за да ги покрие училиштата. Но, еве, полза од насоченото бркање на православните од Македонија. Бројот на младите што се раѓаат и што остануваат во татковината се чини ќе овозможи да нема проблем со бројот на воспитувачи.
Не е првпат да се зборува за веронаука во училиштата. Претходниот обид не донесе резултат. Чаре? Еве ги прашалниците:
1. Дали е потребна веронауката во образованието?
2. Ако е потребна, како да се дефинира во оваа реалност?
3. Кога би ја усогласиле дефиницијата, би имале ли соодветни вероучители?
4. Зошто сличниот обид пред 15 години не донесе резултат што охрабрува?
5. Што е поинаку сега во однос на Македонија пред 15 години?
6. Каква е поврзаноста со 100.000 празни стана и напорот да се врати веронауката во образованието?
7. Што може да стори веронауката ако празните станови идната година донесат 400.000 жители во Скопје, народ што не го знае нашиот јазик и народ што никогаш досега не живеел во Македонија?
Ако ја прифатиме дефиницијата на познатиот Ерих Фром, според која: РЕЛИГИЈАТА Е РАМКА ЗА ОРИЕНТАЦИЈА ВО КОЈА ИМА АВТОРИТЕТ ЗА ПОЧИТ, која рамка за ориентација ќе ја донесат британските мигранти и кој е нивниот авторитет… или… да го вклучиме и следниот фин апокриф, кој случајно ни доаѓа од Финска:
„Бог му рече на Сатаната: Само мене ќе ме почитуваш. Потоа Бог го создаде човекот и му рече на Сатаната: Ова е моето најдобро дело. Него ќе го почитуваш! Сатаната одговори дека не може затоа што: ТИ ВЕТИВ ДЕКА САМО ТЕБЕ ЌЕ ТЕ ПОЧИТУВАМ!
Бог го казни Сатаната го избрка на Земјата и го постави за командант на концентрационен логор…“.
Сега да се вратиме на веронауката… но… пред сѐ… нам ни е неопходна Вистината… и… само тоа е целта на МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА: АСИМПТОТСКИ ДА СЕ ДОЈДЕ ДО ВИСТИНАТА… ТАА Е ПОТРЕБЕН УСЛОВ ЗА ДА СЕ БИДЕ (ДА СЕ СУШТЕСТВУВА) ВО СЕГАШНОСТА! Патем, зарем сиот образовен систем не се занимава само со историја? Зарем предметната настава во основа не е: историја на физиката, историја на математиката, историја на литературата итн., а предметот ИСТОРИЈА е само историја на војната!!!
Заблудата на македонската историографија овде и сега е епигонство кон ХИЗ СТОРИ. Намерата на овој увоз е ЗАМАГЛУВАЊЕ НА СЕГАШНОСТА преку насилно внесување на СЕКОЈДНЕВНОСТА. Секојдневноста е прогласена за замена на сегашноста. Секојдневноста е големата чекалница во која АКО БИДЕШ ПОСЛУШЕН, МОЖЕБИ ЌЕ НАМИНЕ И ИДНИНАТА. Во македонскиот јазик до 19 век не се користи зборот иднина. Се вели вака: „ИДНИНА Е БИДНИНА… ДА СЕ СЛУЧИ ВЕДНАШ. ИДНИНА Е НЕБИДНИНА… ДА НЕ СЕ СЛУЧИ НИЕДНАШ“ (овој цитат е преземен од проф. Елена Колева). Македонската култура и традиција смета дека само СЕГАШНОСТА е ЖИВА ИДНИНА… ПО ЕНЕИДАТА НИКОЈ ВЕЌЕ НЕМА НАПИШАНО ЕП ЗА ВОЈНАТА…?!…НИКОЈ ВЕЌЕ НЕ ЗАМИНУВА ВО ВОЈНА ЗА ДА МУ СЕ ЗАБЕЛЕЖИ ИМЕТО ВО ВЕЧНОСТА (внимание: каталог на бродови во „Илијадата“ и каталог на гробови во Енеидата)… АКО Е ТАКА, ДА ГИ ЗАБЕЛЕЖИМЕ ХЕРОИТЕ БАРЕМ ВО СЕГАШНОСТА…
…пиши-бриши… сеедно… не е ништо средено… додавам уште некој збор ако успее да ме врати на насловот… ако не, останувам некако убеден дека и другово има зошто сум го напишал… продолжувам…
Наука: Веронаука… ДАЛИ ОВОЈ ОДНОС Е СПРОТИВПОЛОЖЕН… или… ЗНАКОТ ЗА ДЕЛЕЊЕ ТРЕБА ДА СЕ ЗАМЕНИ СО ЗНАК ЗА РАВЕНСТВО!?
Ова заслужува проверка. Вака:
Науката има метод за признавање откритие.
Религијата исто така… Значи: еве пристап… ДА ГO ИЗОДИМЕ
А. Наука
1. Собери информации (за делче од целината)
2. Анализирај
3. Создај хипотеза
4. Експериментирај за да поставиш теорија
5. Постави теорија и наведи ги оние докази што ја поткрепуваат во претходните чекори
6. Организирај симпозиум со сличните
7. Договорете се околу вистинитоста
8. Пласирајте ја таа вистина преку средствата за јавно информирање
9. Внимавај што поскоро да влезе во учебник
Б. Веронаука
1. Собери ги сетилата во една екстаза
2. Созерцирај
3. Никако не поставувај своја хипотеза
4. Направи многу експерименти (молитва = експеримент) во кои едновремено ќе учествуваат сите сетила и ако успееш и шестото сетило
5. Не усогласувај затоа што откровението (увид) доаѓа само (однадвор и однатре)
6. Не споделувај на никакви конференции
7. Почни веднаш да живееш според откровението
8. Биди жив пример за вистината што ти е подарена
9…РАДУВАЈ СЕ АКО САМО ЕДЕН ПРЕПОЗНАЕ ДЕКА:
* ИДНИНАТА Е СЕГАШНОСТ ВО ПОСТОЈАНО ДВИЖЕЊЕ КОН МИНАТОТО
* ИДНИНАТА Е РЕМЕК-ДЕЛО НА УМЕТНОСТА ШТО КОМУНИЦИРА И ПРЕД ДА БИДЕ РАЗБРАНО ЗАТОА ШТО Е СВЕСНО
* ИДНИНАТА Е ПРИРОДАТА НА СЕГАШНОСТА…
Нам ни се одзема сегашноста. Оваа секојдневност е најголемата криза во историјата на Македонија и македонизмот…
Ја подотворам заборавената торба на терзијата:
…Неколку месеци по канибализмот на крстоносците во Ел Маара кадијата Абу Саад ал Аравим најзаслужниот меѓу еднаквите (нека му се наголеми славата), ја отвора со нога вратата зад која заседава калифот Ал Мустахир Зираат со неговата влада и извикува:
ДРЕМЕТЕ ТУКА ВО БЕЗДЕЛНИЧЕЊЕ И ВРЕМЕТО ВИ МИНУВА КАКО ВО ДЕТСКА ГРАДИНКА (ова со градинката го знаеше и новинарот Владимир Коробар), а ваму земјата се распродава и пропаѓа“.
Потоа се обраќа кон народот, кој е претставен од неколку натажени сеирџии: „ДОДЕКА НАСИЛНИШТВОТО БЕСНЕЕ СЕКАДЕ НАОКОЛУ – НАЈЛОШИОТ ИЗБОР ЗА БОРБА ПРОТИВ НЕГО СЕ СОЛЗИТЕ“.
МИСЛАМ ДЕКА НАМ ИЗВЕСНО ОПРЕДЕЛЕНО НЕСВРШЕНО ВРЕМЕ НИ НЕДОСТИГААТ УЧИТЕЛИ… И УЧИТЕЛИ ПО ВЕРОНАУКА…
Вангел Божиновски

































