Трамп – корпорациски месија

Доларот стана „универзална валута“ со база на злато!? Ако немаш злато, измисли го. „Измислено злато“ стана нафтата (Никсон), а подоцна – фикција (fiat) – според нашите политичари „чесен збор“! Слично правеше и Шахт (финансискиот министер на Хитлер, кој ја доведе Германија до најголема сила на светот). Од него учеа Хајек, мојот пен-пријател Фридман и ЕУ. Блекрок, Вангард и Стејт Стрит се сега гуруата – трилионите се кај нив. „Лапсусот“ на Трамп е дека ги ценел Хитлеровите генерали – исполнителност, јас-императив. Камала Харис ветуваше социјала, средна класа, цени, здравство, „левократија“, но не упали. Исто како нашите „ќе“ политичари. И ќе си останеме „ќе“

Ајде да зборуваме за Доналд Трамп… Многумина навиваа за него: Македонија, Србија, Бугарија, па би рекол и Русија. Јас имам две причини – Македонија и Израел. Важни за мене, а вие – како сакате. Гледав негово интервју во 1986 година во САД – беше млад милијардер, творец на Атлантик Сити, нов Њујорк, а потоа и Лас Вегас. Велеше: „Подобро е да си милионер од милијардер. Со милиони живееш добро, а со милијарди панично“. Или: „Јас не сум дел од мафијата, но со нив мора да си пријател – ти тропаат“. И трето: „Има луѓе талентирани за бизнис и такви што не се, но не помалку вредни. Ако не те бива за бизнис, живеј скромно и не барај што не можеш“. Три работи што Трамп ги сака најмногу се: долари, жени и фама. Чезнее кон љубов за љубов. Таа „љубов за љубов“ ја имале и Александар, Наполеон… можеби и секој од нас!
Ајде прво за жените. Најважни се. Зар ќе постоевме ако не беа? Жената е „прана“ (животна енергија). Една жена е ум, а многу се дарвинизам. Трамп ги сака, многу ги сака, секогаш убавици. Агентите „снимаат“. Путин и службите го знаат тоа перфектно. А и Боби Кенеди (министер – антиваксер, наука)… е разигран клан, ама „џиш“, не смее, папараците демнат. Меланија знае дека грдите жени се поопасни од убавите. Се сеќавате на Моника или Камила? Велат и Клеопатра не била преубава. А опасност за Трамп се жени и снајпери. Безбедносната сцена му е посложена од случајот Бајден, можеби со фактор 5 или 10. Нови шефови се Џон Ратлиф (ЦИА), Џефри Крус (ДИА), Тулси Габард (National Intelligence значи – тајна армија), Мајк Уалц (Nat-Security Adviser – зеленоберет, силен, анти-Кина и Хамас), Мат Гец (Attorney general – уф) – прав Кант – Transcedental Dialectic. Јавниот обвинител е столб (треба). Тимов е „месо“, а не „зарзават“. Преод од „бронзена“ во „железна“ доба. Сила, „диференцијален надреализам“…
За атентатите – грешката е невклученост на армијата. Не случајно. И безбедносната служба беше „подзаспана“ (како Мосад пред тоа). Значи – слаби дронови, без сателити, без deep sensing, агенти (ОСИНТ) слаби, купени, кондиционирани. Без армија (DIA, INCOM, Delta, Intelligence Corps, AIDP) безбедноста е дилетантство. Цезар падна кога убавицата стана поважна од армијата. Мрежа на доушници измешани, гладни. Правосуден систем купен, балканизиран. кибер-напади, NSA-Cyber Security – немаш трага на изворот – оддома, Русија, Кина, Кореја, Африка. Инженери изгубени по пазарот. DARPA – гладници. Сето тоа треба да се поправи, гнило е! Пари ќе дава, многу пари, многу.
Безбедност е поместување кон диктатура? Безбедност е инверзност од демократија. Системи со најголема лична безбедност се комунизам и фашизам. Сталин имаше посилна безбедност од Хитлер (број на атентати и кодови). Сталин по војната ја изневери армијата и – таа го ликвидира. Пиноче беше безбедност на либералкапитализмот со креаторите Кисинџер и Фридман. Фридман е основа и на новиот курс на Кина, а мислам и на курсот на Трамп. Комунизмот беше „тоталност“ на безбедноста (Сталин, Суслов, Андропов, Брeжњев) и затоа тотално исчезна. Вети еднаквост, но ја згази слободата. „Парцијална“ безбедност се капитализмот и фашизмот и затоа вака-така постојат. Слободата е природа, гледаш чиста причина. Неолиберализмот е егзит на постмодернизмот, контролата и комфорот. Но, Трамп е контрола во дисконтролираност.

Доларот е екстремно важен. Англија стана империја со вешто купување војници и луѓе. Ротшилди станаа добри играчи, а го одбраа доларот (далеку од крал и бог). Златото многу го сакаа Филип II, Цезар, Луј XIV и Наполеон, а сиротиот Луј XVI ја изгуби главата поради лошото менаџирање. Знаете ли дека Француската револуција ја иницираа жените? Убеден сум дека тие ќе изведат револуции во Иран, кај талибанците, 4B и други „абортирани лаборатории“. Жените се егзистенцијализам во природата и здив на доларот. А олигарсите? Зошто Путин ги сака, а богами и Трамп? Кисинџер (алијас Ротшилд) им е ментор на двајцата. Бајден и син му се дружат со американски и украински олигарси. Дружба! Жените се лути на олигарсите и Камала вреска! Бесент е министер, Пауел за Федс, а Маск и Рамасвами – DOGE – Секретаријат за ефикасност (контрола на парите и на корупцијата – сигурно насочување кон ултранови технологии – АИ, космос, возила, квантум, криптовалути итн., значи нов систем на волк иноватор). Украина е бал на зомбите. Зеленски е искористен чорап – чао!
Голема америка е големиот долар. Името е од Талир Јоакимски. Доларот стана „универзална валута“ со база на злато. Ако немаш злато, измисли го. „Измислено злато“ стана нафтата (Никсон), а подоцна – фикција (fiat) – според нашите политичари „чесен збор“! Слично правеше и Шахт (финансискиот министер на Хитлер што ја доведе Германија до најголема сила на светот). Од него учеа Хајек, мојот пен-пријател Фридман и ЕУ. Блекрок, Вангард и Стејт Стрит се сега гуруата – трилионите се кај нив. „Лапсусот“ на Трамп е дека ги ценел Хитлеровите генерали – исполнителност, јас императив. Камала Харис ветуваше социјала, средна класа, цени, здравство, „левократија“, но не упали. Како нашите „ќе“ политичари. и ќе си останеме „ќе“. Трамп се обидува да биде „лисец“ со ултрабогатите (trickle down, преку смалени даноци, па и со спец-министерство DOGE), работничката класа (смалена инфлација, работни места) и „имигранторедукција“, која е потенцијален „ензим“ за криминал, дрога и џихадизам. Дрогата е масовна и секој трет Американец зема некаква дрога (Си-ен-ен). Нема лек. Нема ни здравствениот систем, кој троши 4,2 трилиони долари годишно, во однос на одбрана 1,5 трилион. За нафта и дрога велат дека главен играч е Буш и Трамп ќе молчи.
Фамилијата се враќа – мажите се повторно мажи, жените жени, а Бог е Бог – до следните избори. Армијата се зголемува, а победата се губи. Воената индустрија ќе се зголемува, а ќе војуваат други нации. Грешка е што Трамп е против Кина, стара култура. Таа е итрина. Си Џинпинг е од „Белиот лотус“, архична секта. Александар ја скршил старата Персија, но не ја победил. Користел силно оружје – култура, но рано починал – Бог не дозволува култура со сила. Америка не е култура. Таа е опиум. Доларот ја губи „лингва франка“ во економијата од БРИКС-овање. Доларот и Европа атрофираат. Рецептот е војна, печатење пари и царини. Дампинг – не можат како Кина. Германија паѓа, неонацистите растат, Макрон е уште со Ротшилди, а Лепен има проблеми со пари. Макрон сака да влезе во „нови води“, па привидно „се цмока“ со Мицкоски. Кецот на БРИКС е „егалитарност“ на валутите, но не и на човекот. Не бараат да менуваш систем, да менуваш име, устав и дали Гоце Делчев бил Бугарин или Македонец како што бара сиротата Европска Унија, која е под команда на рускиот генерал Радев и Борис III – „јудеоспасител“, уморна од своите историски мизерации. Ако Европа продолжи со својата бугаро-евровизија со шлаканица од Трамп, многу земји само ќе си прерипаат во БРИКС.

Не сум еврофоб, туку обратно. Но уморен сум да слушам дека мојата убиена фамилија е спасена од „добрината“ на Богдан Филов и цар Борис – пријатели на Хитлер и Ајхман. Башка во ЕУ педофилија, наркофилија и еутаназмофилија. Орбан не е случаен. Америка уште од Вилсон има интегративни „крпени“ модели на Балканот и во Европа. Сега се кристализира една домино-формација по должината на римската „Виа Марис“ и „патот на килибарот“ што значи поврзување на Израел, Египет, Турција, Грција, Македонија, Србија, Хрватска, Унгарија, Австрија, Чешка, Словачка, Белорусија и Русија. „Зјапи“ Либан па – бонжур војна. Американскиот генерал за безбедност Ј.Г. ми кажуваше за овој десетти коридор пред 34 години, но сега го сфаќам. А осмиот коридор е возобновување на „Свилениот пат“ што во иднина ќе го смени светот. Но нашите политичари не капираат – простете им. Порано бев контакт со фирмата СИСТРА (француско-американска за брзи пруги), која го почна коридорот, но нашите политичари затегаа и (според Французите) си „лапнаа“ половина милијарда евра, а после и пругите ги исподигаа како старо железо. Ете, кои сме ние. Нема лутење – тие сме – „Џипси меџик“. Со Трамп имаме шанса да „мрднеме“ – зграпчете ја!
Трамп очигледно има стратегиски концепт за реструктурирање на Европа по доминото што го кажав, плус конектирање со Русија. Тоа е впрочем идеја на Кисинџер, па и на Наполеон. Таа шема одамна ја имаат и Ротшилди, а и Сорос се прешалтува од Бајден кон Трамп. Не заборавајте дека Сорос е сонародник со Орбан, што не е случајност. Украинската војна трамп ќе ја заврши во својот мандат, не веднаш, со концесии – комплетно сѐ што бара Путин, а за возврат Русија помалку да се меша на Блискиот Исток. Европа и сега е во криза, која ќе се продлабочи, со социјални проблеми, инфлација, паѓање на стандардот до работ на кризи, немири, криминал, мафии, дрога, беда и доминација на крајни десници. НАТО им треба на САД („нов бунар копај, во стариот не плукај“), но со финансиски притисоци и крпења. Односите со Кина во почеток ќе бидат демонстративно влошени, но подоцна во мандатот ќе има моделирања. Два света се Кабала и „Зелен змеј“. Сѐ зависи од доларот. Но и централните банки. Корејците печатат долари – дел од циркусот.
Израел е вечен вулкан и ќе биде. Губи симпатии, жално. И таму има предавници (minister-leakage). Марк Рубио е државен секретар на САД, значи про-Израел, антикомунизам, про-Тајван, антиајатолах, Македонија комси-комса – ќе биде база или дрогашница. Нетанјаху е питбул и компас на Трамп. Европа врие. Антисемитизам – секогаш! Палестинска држава е можна – но не додека има ракети. Затоа е она „орање“ во Газа-Рафа. Ерусалим (стариот) Израел не го дава – Бог не се дава. Останува Иран – „разузнавачки абортус“ на западните агенции од 1970-тите и доаѓа деконструкција. Ердоган „ротира“ ваму-таму. Ако џихадистичките режими не се ликвидираат, сите ќе станеме еден примитивен конгломерат. Европа прифаќа арапска свест. Прегрнати се. Или Европа ќе го избрка џихадизмот или џихадизмот ќе ја избрка Европа! Мора да го сфатиме тоа и ние на Балканот и Македонија, оти сме заглавени до гуша во мијазмата! Скромните сиромашни муслимани се прва цел. Азербејџан е американско-израелски, а Ерменија осцилира. Пашинијан е ерменски Заев, контролиран од САД. Канада клекнува (џихад). Иранската нафта и гас се продаваат масивно под рака, што за Америка значи зголемување на резервите и диктирање на цените. Во Америка цената ќе паѓа, а во Европа (и кај нас) ќе расте. Не ми се допаѓа, но морам да кажам: две сили влијаат врз Америка – еврејскиот конгломерат и џихадизмот. Секуларните Евреи сѐ уште се мозокот на Америка. Религиозните се атхерентни на Библијата (Хабад група), или Талмудот и кантијанизмот (Агудас) и се влијателни на Белата куќа. Антисемитизмот расте. Исламофобијата расте. Дрогата, торнадата и џихадизмот ја рушат Америка. Погледите се насочени кон Трамп.

проф. д-р Самуел Колономос Садикарио