Аљоша Симјановски
Дали креативност доаѓа (постои) однатре или тоа е вештина што може да се развива?
Поради молскавичниот развој на информациските технологии, сѐ почесто се зборува за нивна примена во повеќе дејности и области на живеењето, па дури и во такви каде што човечката креативност е навидум неприкосновена…
…Како што ја надживуваме првата генерација луѓе, се плашиме дека технологијата ќе ни ги смени животите, ќе ни ги подобри или влоши. Но, во суштина, технологијата се појавила кога првиот човек решил да најде партнер. Тоа е првата технологија. Технологијата е способност да се комуницира надвор од контекстот на едно човечко суштество. Денешната технологија држи чекор со бавниот развој на човечката еволуција. Дали го надмина начинот на кој функционираме како општество? Да, веќе го надмина начинот на кој комуницираме. Но преку процесот на љубовта и сочувството луѓето ја обновуваат врската со новите еволуциски иновации. Нашиот опстанок е доказ за тоа. Уметнички има исто значење. Заедницата е како ансамбл. Со ансамблот се изразува фиксна музичка идеја, а со општествениот комплекс фиксна идеја за социјализацијата. Како што се движиме од епоха, т.е. свет, во друг свет, се претвора во уште една алка во синџирот, која еден ден ќе ја заборавиме и ќе ја баталиме зашто не ни треба… така вели ВАДАДА ЛЕО СМИТ на тема за новите технологии и уметноста на џезот.
Креативноста е во срцето на секоја успешна медиумска кампања. Ако знаете како ефикасно да го искористите креативното размислување, имате потенцијал да создадете вирални трендови што фасцинираат, освојуваат, поттикнуваат…
Кај одредени луѓе креативноста нема да се разбуди со постојано користење на технолошките иновации, но секогаш има две страни на приказната, но ваквите системи ќе им бидат од помош на луѓето и ќе ги поттикнат поиновативно, понапредно да размислуваат.
Посветени на верата веруваат дека светот почнува и завршува во светите и други книги… други во редот, во тој ограден простор на правила, заштитен, моќен и задоволен.
Секој чекор надвор од таа фантазија е светогрдие, грев и казна што следува потоа…
На медиумите денес сѐ повеќе се гледа и им се пристапува како на моќна алатка што ни овозможува да живееме квалитетно време…
Уметничкото творештво со силниот технолошки подем многукратно се демократизира и во услови на глобалната медиумска експанзија добива неверојатно големи простор за промоција на квалитетни идеи, креативен авторски потенцијал. Тоа не подразбира исклучување и негирање на традиционалниот израз и на установените и проверени културните вредности, туку реално димензионирање и мудра стратегија за постапно и правилно искористување на можностите на технолошки новите достигнувања за откривање и афирмирање на креативните уметничките и други суптилни сфери и потенцијали и нивно афирмирање и како моќно орудие на човечкото дејствување.
Современиот микрочип на мал простор може да содржи милијарди информации, теоретски достапни секому и во секој миг, но ноторен факт е дека информацијата самата по себе не претставува спознание, цинично ќе забележат и подвлечат традиционалистите, не земајќи го предвид медиумскиот карактер на стварноста како појдовна рамка што налага еден нов вид поимање на уметноста, редефинирање и проширување на онтолошката рамка. Зар е помалку уметност создавањето атрактивни видеоигри што со својата динамична визуелност и атрактивност сѐ повеќе се претвораат во магичен медиумски сплет театар, во кој сме и гледачи и артисти. Креативниот нов сензибилитет може да се забележи и на рабовите на секоја информациска супстанција и содржина во вид на сѐ поатрактивната медиумска графика, кај интензивниот маркетинг, новите технолошки иновации во сите сфери на нашето живеење.
Богатството од содржини, жанрови и естетска разнообразност во медиумскиот бескрај што ни е секојдневно на располагање, станува вообичаен секојдневен допир и можност без последици и трошење залудно драгоцено време да одживееме квалитетно во ерата на апсолутна медијализација. Со силниот технолошки подем, во тоа изобилство од можности, жанрови и светови во кои континуирано се верифицираат онтолошката плуралност и уметничкото творештво многукратно се демократизира. Во услови на глобалната медиумска експанзија добива неверојатно големи шанси за промоција на квалитетни идеи, широкопојасен креативен авторски потенцијал, што во никој случај не подразбира исклучување и негирање на традиционалниот израз и на културните вредности, туку пред сѐ реално димензионирање и мудра стратегија за постапно и правилно искористување на можностите на уметничките и преостанати суптилни сфери како моќно орудие на човечкото дејствување.
Но оригиналноста значи да се направи нешто што не е направено претходно, на пример да се создаде слика, композиција или коментар во весник за разлика од она што било претходно. Оригиналноста се разликува од креативноста, која вклучува комбинирање на веќе постојни елементи на нови начини.
Детерминација – во кој од световите живееме и како, во енормниот наплив на информации да формираме став, мислење, однос кон реалноста е природно условено од културното, образовното, социјалното опкружување и интеракција.
…Заедницата е како ансамбл. Со ансамблот се изразува фиксна музичка идеја, а со општествениот комплекс фиксна идеја за социјализацијата. Како што се движиме од епоха, т.е. свет, во друг свет, таа се претвора во уште една алка во синџирот, која еден ден ќе ја заборавиме и ќе ја баталиме зашто не ни треба… така вели американската џез-легенда и мислител ВАДАДА ЛЕО СМИТ на тема за новите технологии и уметноста на џезот, во филмот Џезмен што го снимивме пред некоја година https://www.youtube.com/watch?v=9zMYoRkxjes&t=97s.