Во Македонија, заробена држава на заробен политички ум без прозорци и хоризонт, вентил за издувување се само социјалните мрежи на кои се остварува катарза, психолошко олеснување со повраќање. Но дејственоста во стварноста ја нема. Па сепак и покрај психолошката анемија на колективната психа на седумгодишното заевоковачевско владеење по туѓ налог и за туѓи интереси се јавија откровенски знаци на светкавици и громови за будење. Тоа беше откровенскиот ден, и покрај сета негова траурност потоа, 27 април 2017 кога во македонското собрание влегоа македонските родољуби загрижени за најавената промена на Уставот и скорешната реализација на македонскиот идентитетски геноцид. Пророчка најава за тој кобен чин на нашата планирана од темните сили на цивилизацијата колективна идентитетска смрт, што и се случи со преспанската гробница на 17 јуни 2013.
Тој ден, 27 април, всушност силно проработи македонскиот отпор, кој беше потоа силно и безмилосно задушен од квислиншката власт и влада на Заев. Во таа навалица во Собранието за да се одбрани Уставот според многу елементи имаше и нешто многу матно, што говори дека истата таа во заднина и била подготвувана од темни странски и домашни разузнавачки служби, оти некој намерно ја отвори собраниската врата за да се излее бунтовната енергија, а потоа тука имаше и мистериозно уфрлени провокатори со качулки на главата. Сè беше во заднина подготвено до тој бунт, а потоа бунтовниците да бидат фатени, судени и затворени за да се спроведе планот на Брисел, но и на Вашингтон што ги влече конците за идентитетско упокојување на Македонците, кои толку многу ѝ создаваат болка, како нерешлива загатка, главоболка на Европа веќе, почнувајќи од Берлинскиот и посебно од Букурешкиот конгрес наваму, еве, повеќе од столетие и половина. И тоа по несреќниот, но и светлиот 27 април и се случи со брзина на блиц-криг пресинг. Од Брисел се јави неговата темна врховна фигура Јоханес Хан, кој ѝ порача на квислиншката влада на Заев да употреби „балкански методи“ за да се забрзаат работите за колективната идентитетска смрт на Македонците. Со такви методи работи Европа кога станува збор за Македонија, но и за Африка и други места. Така се случи некоја брза амнестија за таа цел и од затвор се влечеа во собранието затвореници за да се исполни двотретинската бројка како услов за планираната смрт. Тука клучната улога ја одиграа амнестираните, ослободени од криминални дејства, а потоа и наградени за нивното предавство осуммина од ВМРО-ДПМНЕ, а тоа само по себе покажува со каков морален квалитет одат луѓе во политика. Она за што зборуваше нешто и Сократ. Целата операција 27 април по настанот во Собранието понатаму се одвиваше според замислениот план со изразита доза цинизам и садизам. Експресно беа судени, селективно избрани од над стотина учесници во настанот, 16 родољуби уставобранители, и осудени пак селективно од седум до 18 години поединечно, со вкупно 210 години затворска казна за сите заедно. Зад таа правнокриминална осуда стоеја судијките Вилма Рускоска и Добрила Кацарска и уште многу други сиви безлични и бездушни ликови во синџирот што се вика злосторничко здружение. Во него беше вглобена целата власт на СДСМ (без М што не го заслужува) на чело со апсолутистичкиот монарх Заев, која покажа нацифашистички капацитет за идентитетска ликвидација на сопствениот народ, заедно и со целото корумпирано судство и темни полициски структури. Така, за жал, на дело се потврди јанѕата на Гоце дека кај ниеден друг народ нема толку многу предавници како кај Македонците.
Сè беше селективно по прецизен математички терк изведено со 27 април да се понижат Македонците и со преката сурова пресуда на уставобранителите колективно да се заплашат и обесхрабрат за понатамошна борба, или поарно речено будење на својот генерички нагон за постоење. Во тој контекст се вклопува и пеењето на албанската химна тој ден во Собранието, за што потоа пејачот не беше ни суден, ни казнет, туку награден со функцијата министер за култура. Невиден цинизам на македонскиот проклетилак. А во тој брутален цинизам се вклопува и изјавата на Русковска во однос на селекцијата на обвинетите (со едно нејзино грозно „Ха-ха-ха!“) „Ако ги обвиневме сите учесници во настанот, немаше да стасаме да им пресудиме“. А да не биде покусо во вкупниот садистички цинизам се вглобува каењето на нејзината колешка Кацарска дека не успеала да му изрече затворска казна и на оперскиот пејач Игор Дурловски.
Но најголемиот садоцинизам е мотивот за драконската пресуда на двете дами судијки, кој тие го квалификуваа со зборот тероризам, иако осудените од нив не беа наоружани во Собранието тој ден и немаше жртви. Целата работа заврши со еден раскрвавен нос, повлекување на една перпетуум мобиле политичка дама за коса, а влакно не ѝ недостигаше, и неколку драски, една и на премиерот Заев, која, тој, залепена со тенко фластерче, ја покажа гордо како алиби за драконската пресуда и на ТВ-екраните. И за тоа брутално срамно шеснаесеттемина беа прогласени за терористи и добија вкупна казна затвор од 210 години. А дека тоа не се терористи го потврдија крунски и врховните судови на Шведска и на Австрија, кои одбија екстрадиција на две лица обвинети за настаните од 27 април со образложение дека тој ден во македонското собрание немало тероризам туку бунт, а тоа се две поларно различни категории.
А сега една, според нас, иако изгледа малку далечна, битна дигресија, драг читателу. Оти настанот 27 април е еден голем мозаик од детали и аналогии, од илјада камчиња за да се осветли целосно. Станува збор за двете сурови судијки, Рускоска и Кацарска, кои кај нас како никое друго женско битие го урнаа митот за жената како апсолутно нежна мајчинска природа и чувар на огнот во огништето наспроти мажот ловец од палеолитот, скитач низ шумите и воин. Го прекрија со кал ликот на космичката анима на Платон, трубадурите, Гете и Блок. Митот што во христијанството го олицетворува Марија од Назарет, Богородица поширока од небото. Оти е таков бескраен митот за женската душа. Но историјата даде примери дека има отстапки од него. Гледав, драг читателу, во тој контекст една емисија на Хистори за Германките што служеле во СС-дивизиите на Хитлер, главно како чувари на смртоносните логори, но и егзекутори во нив над немоќните Евреи. Во целата приказна беше случајот со една Германка што нашла во шумата скриени шест изгладнети еврејски деца, кои ги зела за рака, ги однела во својата луксузна вила, ги избањала, убаво ги нахранила, а потоа на терасата ладнокрвно ги убила со пиштол во тилот.
Е, таа СС-дивизионерка мислам одлично би се вклопила и во настанот 27 април кај нас без око да ѝ трепне би ги убила за миг сите шеснаесеттемина осудени според процената на фирерот од Муртино и неговата нацифашистичка власт и влада. И може така, нека ми биде простено за аналогијата, која не можам да ја одбегнам, драг читателу, и ќе им беа скратени затворските маки што им ги доделија беневолентно нашите две неограничено сурови дами, правни пионки на режимот, кој се покажа апсолутно смртоносен по нашиот идентитет. Тие ги убија нив со тивок садизам на подолг рок, обезбедувајќи трагедија и на семејствата на осудените, божем штитејќи ги правото и правдата за кои, како што покажаа, немаа никаков природен инстинкт, емоција, божјо знаење и морален капацитет, слепи послушници на авторитарниот режим.
Тоа е тоа, и слепопослушниците на режимот секогаш беневолентно се наградуваат за „добро“ завршената работа. Па така, и Добрила Кацарска молскавично напредуваше во кариерата и заврши триумфално во Уставниот суд на Македонија како претседател. И не ѝ беше срам. За споредба, оти е иста шемата со режимските слуги, и Панта Марина што го судеше асномецот Ченто (за разлика од Кацарска неговиот внук Јане) исто така брзонаграден напредуваше од Основниот до Врховниот суд на Република Македонија.
Болна македонска тема. При крај сме, драг читателу. Само уште две-три аналогии што ни се наметнуваат со настанот 27 април, а не се случајни. Прво, дали е случајно што македонските родољуби и уставобранители во тој настан беа случајно прогласени и осудени како терористи? Категорично НЕ! Оти, сигурен сум дека и по налог на некои темни странски служби што го разнебитуваат идентитетското битие на Македонците, веројатно замислија дека по терористичката 2001 требаше и меѓу Македонците да се најдат терористи заради рамнотежа со која и Брисел, па и Вашингтон би си ја избришале неизбришливата кал врз совеста за идентитетската ликвидација на Македонците. De profundis, nocturno, memento mori.
Моја хипотеза, на која се надоврзува уште една битна во контекст на македонското идентитетско уривање слично на Хирошима и Нагасаки со американските атомски бомби во август 1945. А тоа е вглобувањето во селективно одбраните 16 македонски мартири од Рускоска и Кацарска, непогрешливо и по нечиј диктат, и на внукот на асномскиот Ченто – Јане. Ни тоа не е случајно, бидејќи со тоа е дадена симболична порака дека е конечен крај на АСНОМ и на неговите македонски државотворни принципи. Нешто што набргу потоа се случи со неговото бришење од Уставот со смртоносната гума на муртинското политичко чудовиште и неговата по македонскиот идентитет смртоносна нацифашистичка дружина, чие смртоносно пенкало за создавање македонска идентитетска Хирошима го држеше во рацете креирани од господарот на пеколот Никола Димитров, тој што сега нè учи, безобразник, на патриотизам и нè советува како македонски Бајден да не сме се гибале со Преспанската гробница во која демек се чувствуваме и идентитетски и егзистенцијално најубаво.
Бескрајна македонска тема на бескрајна колективна и индивидуална (кај освестените Македонци) болка и рана. Во заклучок. Претседателката Гордана Силјановска-Давкова уште првиот ден по нејзиниот избор најави помилување на сите осудени од 27 април. Да. Арно ама тие најавија дека не сакаат милост, туку правда, што се различни категории. Тие исправно и доблесно бараат обновување на судскиот процес во кој веќе закланиот по месечина невин Јозеф К. на Кафка бара негова ревизија за да си ја врати на место пресечената глава. Онаа и на Јован Крстител, македонски светец по судбина, што му ја симна за танцот крвав на неговата поќерка Саломе (читај Европа) на својата гозба Ирод. Тој слично на нашиот Ирод од Муртино, а и на евроамериканскиот, кои како што тој ги закла витлеемските деца не би ли го меѓу нив заклал Богомладенецот Исус, ги заклаа и македонските деца. Меѓу нив најмногу сè уште неродените.
Значи повторно праведно, доколку тоа биде овозможено од темните странски и домашни сили, судење за да излезе на виделина не само индивидуалната трагедија и невиност на осудените, туку истовремено со тоа и колективната трагедија и невиност на Македонците, одбрани од ариевската цивилизација како јагне за клање. Онака како што беше избран од неа и Исус распнат по предавството од Евреите од римските војници на Пилат, чиј легитимен наследник, за жал, сега е Европа сместена во палатите на Брисел изградени со крвавите дијаманти на белгискиот крвав крал Леополд насилнички крадени од рудниците на земјата и душата на Конго.
Тоа. А на повтореното, да се надеваме праведно судење, драг читателу, на осудените од 27 април секако, праведно, треба да бидат судени и судиите (судијките) што го реализираа монтираниот процес против Рускоска и Кацарска, но и некои други, цел синџир, што го нарачаа тој процес. Моралниот суд „Македонска вистина“ на Македонски манифест на кого во нашето аморфно општество медиумите не му посветуваат внимание пред малку на 30 мај донесе морална пресуда/осуда на правното злосторство поврзано со 27 април. Авангардата на тој суд не може да биде оспорена. Да не бидам сфатен како Нарцис (а Нарцис е како што велат и Оскар Вајлд и Жид поглед во битието а не негова болест како што мисли Фројд), но неговиот потфат допрва и во перспектива ќе биде оценет од луѓето без надувана интелектуална и правна суета. И завршуваме со заклучокот, драг читателу, дека, толку многу е очигледно, настанот 27 април целосно се вглобува во она што се вели experimentum makedonicum на Брисел, Вашингтон и нивните балкански предатори Атина и Софија, вклучувајќи и на македонските квислинзи за бришење на Македонците целосно до последниот атом од мемориската карта на светот. Да, драг читателу, но има знаци и во светите книги дека тој грозоморен експеримент е однапред осуден од Господ на неуспех. Само треба да бидеме истрајни во мартирството додека не го добиеме повторно венецот на Божјата Правда, Вера, Вистина и Слава што ги заслужуваме.