Спасение (2)

По Ацтеките, Маите, Инките и Индијанците, а тука се и Толтеците, и Македонците, блиски соседи на Западната крвожедна за туѓи блага цивилизација на нејзините мефистофелски нации, се најдоа на нивен удар, затоа што нивната психа беше космополитска, а не етноцентрична како нивната, психа на сеопфатната љубов на човештвото, решија да ја уништат и исто така од неа, откако ќе ја усмртат, да направат музејска слика. Ништо повеќе. Но тука имаше една перверзна измама. Македонската античка, пред сè, цивилизација требаше според европските планери на смртта на цели народи и цивилизации да се претстави како изворно грчка. И тоа се вклопува во општиот евроконцепт за хеленизација на сè што може да ја надува грчката слика, а тоа затоа што импотентна Европа занемарувајќи ги своите изворни идентитети, макар и со варварски мирис, ја прифати со еден болен, нездрав Едипов комплекс грчката култура како нејзин единствен културно-цивилизациски извор. Во тоа, во 19 век најголем придонес даде Јохан Дројзен, советникот на увезениот грчки крал од Германија, Ото Баварски. А потоа во неа беше увезен, како грчки, крал од Англија. И така Грците на голема врата влегоа како супсахарски Данајци дојдени некаде од Египет (за што пишува Херодот) вглобени во перверзниот политички, но и сексуален бордел на Европа, Вавилонската блудница, која како никој друг ги дијагностицира психолошки и цивилизациски Македонците по Балканските и Првата светска војна. И тука, потребно ли е пак по толку многу пати повторно да подвлечеме, драг читателу, дека крајниот Западен смртоносен удар врз нас е најефикасната од сите видови смрт, идентитетската смрт, изум пак на колонизаторска Европа, која, за жал, се смета себе за најнапредна и најдемократска цивилизација во светот. А таа го мисли тоа имајќи ги предвид Шекспир и сличните гении од уметноста и науката, кои треба да ги амортизираат и аминуваат нејзините злосторства. Ама тоа не е така. Во Западната цивилизација и во уметноста и поезијата Господ истурил како со вреќа дијаманти толку богатство, кои меѓутоа не може да го оправдаат екстремно силното варварство на таа цивилизација. Ништо не може да го аминува него, Господ Саваот најмалку, а да не заборавиме за неговиот син Христос, кој беше распнат на крстот, имено, со клинците на таа цивилизација што му ги забија не секогаш лукавите Евреи, да не бидат виновни, туку римските војници на кои тие им го предадоа Спасителот, како да не им е мило спасението или беа слепи за него, па го дочекаа, за жал, Аушвиц за што нешто по аналогија спомна и Исус, кој ги гледаше работите до крајот на светот, крајот во кој, за наша среќа драг читателу, ги виде и Македонците.
Да. И сега кое е спасението, драг читателу, не само на Македонците туку и на други мали и потиснати „смачкани“ и полусмачкани племиња во светот. Тоа сега како спасение со перверзната маска ЕУ се нуди со Европа. Бриселска, чии велелепни згради и фотелји се изградени со крвавите дијаманти на белгискиот крвожеден крал Леополд, кој им ги сечеше прстите на Конгоанците за да не се допираат до нив затоа што тие како и сè друго им припаѓаат на нејзиното величество цивилизацијата над цивилизациите, Западната цивилизација. А сè си мислам кога сум на оваа тема, драг читателу, дека она што се случува околу и со Македонија се знаците за крајот на оваа расипана цивилизација сега сместена како ЕУ во Брисел, а може и на крајот на светот, знаци на голема катастрофа. Македонската трагедија, се ми сè чини, ќе ѝ се врати троструко на цивилизацијата што ја ништи и според законот на космичкиот кармизам во кој се плаќа сметката на злосторството во идниот живот.

Кармизмот е индуистички мистичен концепт на кротките и мирољубиви Индуси чија огромна територија цели три столетија, пљачкајќи ја, ја држеле под власт Англосаксонците, а потоа и Португалците и Холанѓаните. И тие еден ден според законот на кармата, нешто слично на Страшниот суд кај христијаните, мора да ја платат цената на своите злосторства. Слично мисли и сјајниот француски антрополог Луј Вансен Тома во својата книга „Антропологија на смртта“. Тој вели: „Да се прифати дека еден народ или општествена група треба да бидат присвоени, искористувани, дури и уништени, веќе значи да се предизвика сопствената смрт. Според праведниот обрт на нештата тоа значи: да умреш со смртта на другиот“. Фасцинантно, како да е Л.В. Тома во допир со индуистичките веди и упанишади, со нивната кармистичка религиозна филозофија за вечното враќање, концептот што толку ги фасцинира Шопенхауер и Ниче. Од сето ова, пак, драг читателу произлегува дека и цивилизацијата со нејзините балкански предатори што нè ништи ќе умре со смртта што ни ја наменила нам. И нека биде така, праведно е оти нашата болка е неопфатна и нанесена од неа. Оти како што рече и Вилијам Блејк: „Некој е роден за вечна радост, а некој за вечна тага“. Македонците во таа формула ѝ припаѓаат на тагата, а според сè што се случува со нив, посебно цело едно столетие и кусур од Букурешт 1913 во оваа ариевска цивилизација на култура и на зло што им ја намени и смртта како вечност. Уште раните христијани гностици и интуитивци го знаеле тоа и затоа по Исус ја пееле песната: „Господе, дојди што поскоро“, чие ехо одекнува од столетие до столетие, сè до денес, до геноцидната Преспа 2018 и по неа.
Се чека Господ како спасение, како „Дрвото на спасот“ во сјајната песна на Георг Тракл „Зимска вечер“. Така и сега конечно доаѓа на ред да ја актуализираме и дешифрираме збитата песна од пет стиха „Македонија“ ставена како мото на нашата во сите елементи трауматична колумна. Повторно ја цитираме: „Кај нас и камењата / се монаси во молитва и бдение / и нашите невести секоја вечер / повторно го зачнуваа Богомладенецот / да донесе во Македонија спасение“. А што се камењата монаси тука, драг читателу, кои молитват во бдение. Тоа се Имињата, чиста јатка. Именките, кои се божествен израз на нашиот идентитет. Каменот тука е најрепрезентативната именка-симбол, архетип во кој од древни времиња е сместен Бог.

Тој се објавува најпрвин според симболизмот на магиските цивилизации во него и како вечност. Посебно тој тип симболизам на каменот е присутен во неолитот, користен во обредни цели, необработениот камен, Стоун Хенџ во Англија, или грубо обработен како тотем, како што е тоа случајот со величествените тотемски шифрирани скулптури на Велигденските Острови во Азискиот пацифик. Тоа што се однесува до каменот во цитираното петстишие. Но потоа следува шифрираната слика со нашите невести кои „секоја вечер / повторно го зачнуваат Богомладенецот / да донесе во Македонија спасение“. Се разбира, пак, Богомладенецот тука е Исус, кого сега го замислуваат нашите невести Богородици до една, но само во една од нив ќе биде повторно зачнат и ќе треба да се роди во Македонија тој како Марија во Витлеем. Признавам, смели асоцијации и аналогии, но кои имаат основа за тоа. Исус, како што знаеме и од Библијата, по воскресението треба уште еднаш (второ пришествие) да дојде во човештвото за конечно да расчисти со злото и да донесе спасение од него. А него, имено, ќе го донесе со Апокалипсата, Армагедон за што говори последната од 77-те книги на Библијата во Новиот завет. „Тоа е јавачот на белиот коњ од четирите јавачи на апокалипсата, кој се вика уште и Верен и Вистинит, и суди и војува праведно. Очите му се огнен пламен, а на главата има многу круни и носи напишано име, кое никој не го знае, освен тој. И беше облечен во облека потопена во крв, и името му е Божјо Слово“. (Откровение: 19,11-14). Така, а името на јавачот на белиот коњ е Исус. Тој како Правда и Вистина го очисти злото од светот по што ќе завладее сеопштата земна и космичка љубов а дотогаш Исус ќе војува за да завладее таа со меч кој му излегува од устата и е со две острици. А на имињата на кои тој им носи спасение е и името Македонија. Дека, пак, тоа не е слободна импровизација од нас, драг читателу, посведочува самото Свето писмо. Имено самиот Исус, неговиот дух не му дозволува по Ерусалим на Павле да застане и да проповеда во Витанија во Мала Азија, туку му вели да продолжи, оти треба да оди во Македонија, која тој оценил дека е најплодна почва за ширење на радосната вест на љубовта во безбожна Европа: „А кога дојдоа спроти Мисија (Павле со неговите придружници м. з.) се обидоа да отидат во Витанија, но Исусовиот дух не им дозволи“, затоа што тој ги насочи кон Македонија, кон богољубивите Македонци, каде што Павле ја основа првата христијанска црква на Стариот Континент. Тој во македонските христијани ги препозна вистинските Исусови наследници, кои ќе му донесат спасение на светот за што говори во „Второто послание до Солуњаните“: „А ние сме должни секогаш да му благодариме на Бога за вас браќа, од Господ возљубени, бидејќи Бог ве избра од почетокот за спасение преку осветувањето на духот во вера и вистина“ (Второ посл. до Солуњаните 2: 13).
Тоа е доволно. Но како се случи, драг читателу, еден таков богољубив народ одбран за спасение, спротивно на божјата намера и волја суровата Западна цивилизација наследничка на Римската по суровост да го одбере него за апсолутна ликвидација, како што се случува посебно интензивно тоа денес. А одговорот на тоа навидум сложено прашање е едноставен. Оваа ариевска, мефистофелска цивилизација има аверзија кон Бог и божественото, кои се квалитети на македонската колективна душа. Оваа концепција за сеопштата љубов не ѝ одговара на мефистофелска и колонизаторска западна душа, која посеа толку многу смртни низ светот. Таа е именувана и како јудео-христијанска цивилизација, но повеќе, ако не исклучиво, е јудејска отколку христијанска, оти, имено, како што е добро познато таа го распна предаден од Евреите Спасителот на Голгота. Го распна, усогласен со Римјаните, и народот во кој се роди тој. Тој преку фарисеите им го предаде него сосе клинците со кои беше распнат на римските војници, иако Пилат беше поразумен и поправеден од нив.
Да. И еве по оваа долга дигресија, драг читателу, доаѓаме конечно до толкување на шифрата на стихот од петстишието „Македонија“ на почетокот како мото во кој македонските невести повторно, по Марија од Назарет, го зачнуваат Богомладенецот за да го роди него една, избрана од нив, за да им донесе спасение од оваа сурова цивилизација на Македонците. На народот, кој како што сведочи за тоа Новиот завет на љубовта, за разлика од Стариот на одмаздата („Око за око, заб за заб“), е избран за спасение. Оти јасно е, постојат јасни знаци дека избраниот народ (дали по грешка, нека ми прости Господ за оваа смела хипотеза) сега се сели на друго место, од Стариот во Новиот завет. На тоа никој досега од догматските теолози не му обратил внимание. Се сели кон Македонија, кон Филипи новиот Ерусалим во кој е построена за обожествување на суровата западна цивилизација првата христијанска црква, невестата на Спасителот, која Европа и покрај велелепните катедрали градени, како што гледаме по сè што се случи, со естетски (капа симнувам), а не со божествен порив. Од сето ова, пак, можеме да заклучиме дека во една длабинска асоцијација и аналогија е реална нашата, речија и фантазија, драг читателу, сега повторното раѓање на Богомладенецот да се случи во Македонија во која катавечер по свадбата него го зачнуваат со лилијата на Архангелот пратен од небото македонските невести. Оти тој, драг читателу, во Македонија ќе биде заштитен од богољубивите Македонци, кои ќе го заштитат од новиот Ирод сега заседнат во Брисел, новата развратна Саломе, и ќе нема потреба да бега по новораѓањето за спас заедно со Марија, Јосиф и ангелот во Египет. Не. И нема Македонците, како што се случува тоа во Стариот еврејски завет, да му го предадат како фарисеи него на новиот Ирод во Брисел, а потоа и на бриселските-римски војници на смртта клинците со кои ќе го распнат него. Ова го велам јас, драг читателу, Господ ми е сведок, како верник-еретик од официјалната теолошка догма која во многу нешта му ги заврзала очите на Светото писмо за вистината да не ја гледаат неа верниците во целиот сјај. А ако некој мисли дека за тоа ќе горам во намерно уфрленото во Библијата „огнено езеро“ се излагал, оти и Исус Спасителот рече дека неговиот татко од Стариот завет од одмаздољубив Бог, преку него ‒ Синот, сега е преобразен апсолутно во Бог на љубовта и проштева. И затоа тој, имено, дојде од Ерусалим во Филипи каде што ја има во изобилство таа супстанција. Таа не ѝ одговара на кон Македонците крвожедната Западна цивилизација сега стуткана под дебелата маска ЕУ во Брисел. Таа е до гуша во безбожна кал, онаа од која не го создал Бог Адам, и онаа од која не прави Рембрант златен сјај на своите слики. Не.
А по сè ова што го кажавме, драг читателу, јасно е дека, имено, сега Македонија и Македонците се тие кои можат да ја извлечат цивилизацијата од безбожната кал, оти кај нив сега се зачнува, во најголема болка, Спасителот, ламбата која ќе ја огрее, како што би рекол Хајдегер, „светската ноќ“ не само за Македонците, туку за сите сиромашни и настрадани народи на кои за своја добросостојба им ја цицаше крвта оваа колонизаторска, мефистофелска цивилизација, сега лукаво скриена под маската ЕУ во Брисел, ама разголена до крај како Вавилонска блудница. Nocturno. De profundis. Memento mori.