Своеволно некој во наше име ни ја стави главата на гилотина и нè ничкоса без ниту еден извлечен меч од кориците, без ниту една шанса да се избориме докрај за правдата…
Слушам, читам, се чудам и се крстам – што беше ова со изјавата на Ципрас? Зарем е можно сите ние да сме биле во право, а само една мала предавничка клика да грешела? Човекот убаво си кажа (ќе парафразирам) дека доколку Македонија уште малку издржала во одбрана на своето вековно име, Грција ќе била притисната да се помири со тоа?! Дека Македонија ќе си останела она што отсекогаш била, дека цела Европа ќе сфатела конечно оти името е светост и вродено право, кое никој, ама баш никој не смее да го крши. Освен неколкумина одродени предавници, на кои ништо не им е свето. Да, драги мои, досега милион пати овој термин циркулирал во нашиот јавен дискурс, но по сиве овие еклатантни докази, може слободно да кажеме дека во новиот македонски толковен речник под зборот „предавник“ ќе стојат сликите на оние што по дефиниција се токму тоа.
Уште еднаш, којзнае по кој пат, доколку не се извршеше стравотно национално предавство, ќе се потврдеше правилото дека не победува силниот, туку храбриот и упорниот. Џабе ни е сега што сме храбри и упорни, кога своеволно некој во наше име ни ја стави главата на гилотина и нè ничкоса без ниту еден извлечен меч од кориците, без ниту една шанса да се избориме докрај за правдата. Еднаш овде напишав дека против Европа немам ништо лично, но дека мора да сфати оти малобројниот македонски народ е вистински бисер, со кој треба да се гордее, а не да го мачи и казнува како несакано дете. И ете, излегува дека Старата Дама веќе била безмалку решена да ѝ удри воспитна шлаканица на Атина, изморена и нервозна поради нејзината разгаленост и бескрајно лелекање.
Требало да се издржи само уште малку?! Требало да се остане исправен уште малку, само уште малку и – Северна Македонија ќе била навреме абортирана, избришана од болните умови и испратена во историјата на неостварени националистички соништа. Ќе кажете – ама кој знаел дека вакво нешто се „готвело“ во истенчениот нервен систем на Европа? Одговорот на ова прашање не заслужува да биде дел од оваа моја колумна
Требало да се издржи само уште малку. Требало да се остане исправен уште малку, само уште малку и – Северна Македонија ќе била навреме абортирана, избришана од болните умови и испратена во историјата на неостварени националистички соништа. Ќе кажете – ама кој знаел дека вакво нешто се „готвело“ во истенчениот нервен систем на Европа?
Одговорот на ова прашање не заслужува да биде дел од оваа моја колумна. Знаете зошто? Дури и за еден просечен човечки мозок, кристално е јасно дека големците не беа веќе согласни да го трпат лигавото тропање со нозе (сакам, сакам, сакам!) на Атина, Грција, Хеленска Република или како и да им беше името. Од преку планини и мориња се гледаше дека сме пред портата и дека Унијата ќе нѐ прегрне како свои, онакви какви што сме – Македонци од Република Македонија. Е, ама некој сметал дека најважно е џебот да е полн (преполн), а не срцето.
А токму срце е она што ќе ни треба за периодот што претстои. Срце големо како планина, кое пумпа јунаштво и гордост во вените. Ќе мора да се вадат врели костени од огнот, ќе болат и ќе печат дланките, но на нашиот патоказ има напишано само НАПРЕД, нема друга опција.
И за оваа борба ќе требаат јунаци, јас сѐ уште се надевам дека ги имаме. Дека сѐ уште во нас останале прекрасниот инает и божја надареност за победа. Ум во главата, Македонијо!
А низ тој трнлив пат нè чека уште една паралелна борба, уште еден политички ѕвер, кој е гладен за нашата мила татковина. Предавничката Пандора го отвори капакот и сега сите зла се на слобода. А предупредував, предупредувавме сите… Но, немаа уши за слушање и очи за гледање, предавниците му се распослаа на источниот сосед како жртвено јагне на туѓа трпеза. И за оваа борба ќе требаат јунаци, јас сѐ уште се надевам дека ги имаме. Дека сѐ уште во нас останале прекрасниот инает и божја надареност за победа. Ум во главата, Македонијо!