- Демократите во САД се квазисоцијалнеолиберална партија (Клинтон, Обама, Бајден). Кризата во 2007-2008 е од предатор-балон-кредити и лакомост. Трамп иде со нови вертикали (МАГА) – мир, индустрија, вештачка интелигенција, пари, долар, Тедер, Нвидиа-аутомотив, пумпани даноци, антиинфлација, космос, антиимиграција, антиџихадизам, анти-Кина, антитрансекс, про-Израел, тег за НАТО, ЕУ и Јапонија. Ќе има нов глобализам – деградеза за ресинтеза. Можни се посветли денови за Македонија (црни листи, политика) и Балканот. Беда за Украина. Криза за НАТО, ЕУ и Пацификот
- Ахааа, службите (intelligence) прават пуч-програми, „буричкаат“ по светот. Некогаш службите ги криеја Менгеле, Бринер, Барби, Павелиќ, Лубуриќ, Борман…, а сега го кријат Груби. Дали ќе го вратат – е програм!
Враќање кон демократија од комунизам е брутална лага. Се вратија класите. Комунизам е бек-капитализам. Маркс не е комунизам, а капитализам е немилосрдност. „Прав комунизам“ е стара масонско-библиска илузија за егзодус од ропствата. Комунизам и демократија не постојат. Еврејската „да имаш, па да немаш“ е код, клетва, анатема. За мене тоа беше транзицијата. Како дете бев размазен од моќни родители. Моќен – сите „многу ме сакаа“ и почитуваа. Најмногу сакав учење – „бубалица“ и контакти со важни луѓе (тие симпатизираат „аспергеровци)“. Имаше четири класи: моќни, сервери на моќните, арбајтери и „размазотини“. Мазни мамо-татини имаше 2: банда и бубалици. Банда станаа нов богат – политички круг – неолибералци (НЛ). Направија партии – државосмукачи. Најопасни се етничките партии и мафијата. „Бубалиците“ се 2: едни успешни научници во светот (и од Македонија), а други УФО-летачи, самосистем – како мене. Транзицијата дојде нахално, тирански, блиц, грабење, марабунта капитализам, гладно за пари, само пари и јас останав сам, заборавен, фрљотина. Научив дека политичката економија на капитализмот е ако не си богат си ѓубре. Ако сакаш да си богат – не биди смотан, не слушај „морални“ проповеди, гледај други предатори, безобразнуј, удирај, сечи, лажи, грабај, зезнуј блиски, криво-сексај. Моралот е за стадото да остане стадо. Ете „најсаканиот“ стана нула. Капитализмот гази, меле, но од него се учи. Спасот беа Бог, фамилијата и учењето.
Сега за неолиберализмот (НЛ). НЛ е команда од пазарот. Нагон. Медиумите го фалат и слават. Медиум е хипноза и итра лага. Масата сака да е излажана. Лагата е дрога-моќ. Логика на НЛ е ексцес, нееднаквост и акцелерација. Џихадот е вештачка антитеза – рушење на комунизмот, НЛ и ционизмот. Во 1990-тите имав еден пријател по име Божидар Гичев, успешен банкар во Лондон и Лос Анџелес, богат и учен. Го замолив: „А бе Гичев, кажи ми некои книги од економија, ми требаат за моделирање во медицината“. Ми рече: „Земи книги од Пол Самуелсон, татко на микст-економикс, а потоа Милтон Фридман татко на НЛ. Двајцата се нобеловци и основа на модерната економија“. Подоцна ми рече: „Бидејќи си фактор за Холокауст центарот, најдобро да им пишеш писма, а тие се Евреи и од љубопитност сигурно ќе одговорат“. Така и се случи. Самуелсон ми пиша да дојдам таму и трипати заедно со проф. Гајдов го посетивме. За Македонија рече дека зависи тотално од САД.
Ќе постои ако создаде врвни економисти. Искрено – создаваме мангупи. Фридман ме повика да дојдам во Чикаго, но јас не можев поради финансии. Еднаш ми напиша: „Македонија е идеално место за НЛ – учени луѓе, земја итн.“. Но најпрвин ќе дојдат диктатура (фашизам), шок-терапија, како нациминистерот Шахт 1935 да кумулира капитал, потоа конфузија и најсетне НЛ. По мене, првата фаза е код на Георгиевски-Груевски со мас-градење и апсење од „патриоти“. Ама тие „патриоти“ се паригладници, македоискариоти, баци-бугариоти и бали-оргазмици. Втората фаза е заевизмот – го знаете. Третата фаза е сега (да видиме). Од убава држава, се изгнида ајдучија, Фуше, ајкуларија, бегање и, според Славко Јаневски, „депонија“. Моите пријатели Фридман и Крамер (топ- разузнавач) веќе не се живи за да прашам која е четвртата фаза. Опции за иднина се: микст-економија, комон (нобеловката Остром), АИ (Шваб), пост-НЛ, Society 6.0, постхуманизам. Засега доминираат сила, крими, војни и мизерии. По мое, две сили се во игра кај нас (да не се лажеме) – САД и наркоџихад. За жал, САД и Канада стануваат џихад-држави (информации од експерти). НЛ е профит, а не слобода (храна за кајмани, а не за риби, „vulture capitalism“). Фридман велеше дека има модел и за Кина, сила плус капитал. Олигарсите во Русија и кај нас се бивши агенти на КГБ, СДБ и КОС. „Комунизмот“ и НЛ се „деца“ на банкарите и бизнисот – евтина работна сила, ресурси и војни (земаш, па немаш). Сега „произведуваат“ муџахедини, Ал каеда, УЧК, ИСИС, „бела алкаеда“ – за терор, страв, псевдоалтернатива. Теророт е бизнис. Чувајте ги децата од дрога и џихад. Професор Џефри Сакс (сега „праведник“), заедно со Горбачов и Јелцин, ја клекна Русија („Операција Голгота“ на Андропов-Љубимов). „Отфитанетото“ парче на југот вреди над 300 трилиони долари (бугарски извор). Источна Германија е „вратена“ или „земена“ (а каде референдум?, а КГБ и БНД?). Путин е одмазда или програм? Капитализмот е профит. НЛ уште поголем профит. Најмалку четири нобеловци се база на НЛ – Фридман, Фон Хајек, Бјукенан и Бекер, додека Штиглиц е против, а Самуелсон е за микст-економија. Прото-НЛ се Фон Мизес и Ротбард.
Шеткаме низ Париз со еден братучед и на крајот на улицата Риволи кај „Лувр“ и Пале Ројал тој рече „овде почна НЛ“. Во Меѓународниот институт за интелектуална соработка имало собир на Валтер Липман со највисока интелигенција 1938 г., токму во ек на Хитлер и Сталин – не случајно. Бараат нов поредок. Репризата е во Монт Пелерин (Швајцарија) 1947 и протокол во Вашингтон Консензус 1989. Во 1944 г. на „Бретон Вудс конференцијата“ е решено за однос на сите валути со доларот. Тој беше врзан за златото, а е укинато во 1970 (Никсон). Креираа финансиски инструменти, а сега и „глобални инвестмент менаџери“ (Блекрок, Вангард, Шваб, Фиделити итн.). Претстои „војна на валути“ со БРИКС и нови криптовалути. Нови бази и аеродроми има во Африка и Магреб.
Фридман вели силата е важна. Капитализмот е сила. Имотот е сила. Пропагандата е сила. Силата креира закон. „Дупка“ во законот е сила. Цената е сила. Цената во класичен капитализам е база плус мал вишок на вредност, а во НЛ е голем вишок (прекупци). Во физиката: капитализмот е брзина, а НЛ е забрзување (сила). Гангстерот (мафија) е сила, фашизмот уште поголема, а НЛ – најголема („невидливата рака“). Хајек на Маргарет Тачер ѝ сугерирал да воведе диктатура. Таа рече „Британија е демократска традиција“. А демократија нема без сила. Демократија е Дарвин, секој против секого (Хобс). Законот го прави најсилниот. Манична компетиција генерира групи, заговори (Веблен) и канибализам (Фреизер). Сѐ е програм. Викиликс е програм. Ленин е програм! Џихадот е програм. Никсон е тргнат, а потоа Картер – програм. Тргнати демократи со Трамп – програм! Можен атентат – програм! И аферата „Вотергејт“ е програм – Фридман-Никсон-Кина-Бжежински-Зелен змеј-Азија-Визел-Буш-Андропов-Горбачов-НЛ! Пад на Пахлави и Картер се програм. НЛ е пуч програм! Блискиот Исток е програмот: петрол-долар-џихад. Парите се програм. Госпоѓата Тачер (програм) стана втор пример за ЛК по Чиле, поддржана од армијата и службите (МИ5, МИ6). Ахааа, службите (intelligence) прават пуч-програми, „буричкаат“ по светот. Некогаш службите ги криеја Менгеле, Бринер, Барби, Павелиќ, Лубуриќ, Борман…, а сега го кријат Груби. Дали ќе го вратат – е програм! Тачеровиот програм (Фридман-Хајек) беше – тотална приватизација, слободен пазар („lessaiz faire“ или снајди се и профитирај) и дерегулација (држава/закон малку, а за тебе многу). Глобализација е наместо „фирер“ имаш пазар. Потоа – атлантизам („сакаш мир – спремај војна“), берза, забрзување, коли, станови, молови, бутици, Гилеизам, агоризам, мас-количина што носи неквалитет – храна, продукти (дури и авиони – афера „Боинг“), анти-Кеинс, анти-Маркс, биополитика (Фуко), ниски даноци, мегабизниси, разузнавање што е над системот (кај нас се чепатиме со шунд-разузнавање). Приватизацијата е „рај“ на нетвоето – здравство, школство, пензии, ЦИА, НСА, Мосад, армија. КГБ е нов феуд – „шок-терапија“ (Наоми Клајн). Кај нас шок е Бранко-Љубчо – бричи-земај, а државата е рој скакулци – пустош, чад, дупка, болест, човек-бубашваба (Кафка).
По Вучиќ и Србија ќе биде ко нас. Украина е гробница за Европа, а добивка за Русија и Блекрок. НАТО има апоплексија (пари, кадри, идеи). Ладната војна е програм – капитализам против комунизам. НЛ е капитализам против капитализам. И двете му простија на нацизмот. Израел версус џихад – е борба на Запад со себе (проучи оружја). Иднината е конспирација, а не инспирација. Утре – бедни, без вера, пол и фамилија. Лажно невидливи појави се Карл Попер и Сорош „теории на заговор“ – војни (Блиски Исток, Украина, Азија), преврати (Перестројка, Југославија, Сирија, Арапи), атентати, хунти, инфлации, „блек-сван“ (Рубини, Фејбер), клима итн. Психолошки ефекти се нарцис, себичност, депресија, лакомост субјективност, кибернетизам (Тикток, Фејсбук), шизо (Делез-Гуатари), самотија, сурплус на уживање – мултисекс, проституција. Машки сурплус е сила, пик, супремација (робови, долгови, профит, Пикети), порив – блиц-пенетрација, пост-успех-трансексуација, хомосексуалност, напад, војна, растур и оргазам (Џулиус Евола). Пазарот е бордел, куплерај, рај на нетвоето, ејакулација од етнореволуции, шарено-револуции, „1968-изми“, Југораспад и западораспад. Во филозофијата и културата се јавуваат „аквариус“ (Хаксли, Битлс, Мерлин Фергусон, дрога) и постмодернизам – деконструкција, крв, пот, сперма, антиестетика, парафилии и смрт. Религијата е декор, а Евреите филм за почетокот. Историја е стрип на силните. Опашки на Тачер се Блер, Џонсон и Сунак. Мојот пријател Стоимил Петров, анестезиолог од САД и близок на Реган, велеше дека тој е дериват на WASP (white anglo saxon protestant) и варијанта на НЛ – мали даноци и нови фондови (социјални, пензии, фабрики итн). Светската банка и ММФ се алатки на НЛ (од Бретон-Вудс) за финансиско „посинување“ на Третиот Свет. Корпорациите, банките, војската, разузнавањето и медиумите се сервиси на моќниците. Демократите во САД се квазисоцијал-НЛ партија (Клинтон, Обама, Бајден). Кризата во 2007-2008 е од предатор-балон-кредити и лакомост.
Пазарната цена е кражба и расте како канцер (кај нас ќе букне). НЛ продолжува. Трамп иде со нови вертикали (МАГА) – мир, индустрија, вештачка интелигенција, пари, долар, Тедер, Нвидиа-аутомотив, пумпани порези, антиинфлација (Рубини и Џонсон-нобел – стагфлација, ќе кажуваме подоцна), космос, антиимиграција, антиџихадизам, анти-Кина, антитрансекс, про-Израел, тег за НАТО, ЕУ и Јапонија. Неизвесно е за ФБИ, ЦИА, армија, Федс, медиуми, Русија, БРИКС, Иран, Балкан Турција, Сирија и Либан. Можен атентат (ветерани, пентагон, ФБИ). Убиството значи војна. Лошо за: клима и медицина. Од Кина притисок со дампинзи, нови оружја и Тајван. Ќе има нов глобализам – деградеза за ресинтеза. Можни се посветли денови за Македонија (црни листи, политика) и Балканот. Беда за Украина. Криза за НАТО, ЕУ и Пацификот. На нишан се Романија и Хрватска (нафта, море). Нова „исламска пролет“. Азија станува Европа, а Европа Азија (по правец на свилен пат и тектонска линија). НЛ не е крај, туку почеток. Читајте пак.