Метастазите на Блудницата Вавилонска

Знаjте, кога ќе ви спомнат „владеење на правото“, „слобода“ и „демократија“, ве лажат! Промената на името на државата Македонија и идентитетот на македонскиот народ е спротивно и на владеењето на правото и на слободата и на демократијата!
Промената на името на државата Македонија и идентитетот на македонскиот народ претставува најтешко кривично дело, велепредавство, геноцид врз македонскиот народ и злосторство против човештвото што не застарува!

Американскиот унилатерализам и европскиот центризам сѐ повеќе се трајно минато свршено време. Светот ниту започнува во Брисел и Вашингтон, ниту историјата таму завршува.
Светот се гради на мултиполарни основи, вредност и правило на однесување меѓу народите и државите сѐ повеќе станува членот 1 од Повелбата на Обединетите нации – основниот принцип на меѓународното право на „суверена еднаквост“, што значи: заемно разбирање и почитување, соработка со сите по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи на суверените држави и реципроцитет во меѓусебните односи. Што ти мене, тоа јас тебе! Моето постоење не зависи од твоето признавање, како што твоето постоење не зависи од моето признавање. Ако не ми отвориш порта да влезам кај тебе дома, нема да умрам на прагот од твојата куќа, светот е преголем за со пат под нозе да не појдам кај други.
Арно ама, Европската комисија како одговор на ветото на Виктор Орбан, кое унгарскиот лидер го потврди за време на самитот на ЕУ минатата недела, изјави: „Нема објективни причини“ да се спречи Украина да ја започне првата фаза од процесот на пристапување!
– Кога земјата кандидат е задржана без објективна причина, и покрај тоа што ги исполнува критериумите, целиот процес на проширување го губи својот кредибилитет – изјави портпарол на Европската комисија.
Патем, ова горново важи ли и за Македонија? Или лицемерството и дволичноста на европската администрација немаат мерка и граница?
Е, затоа, Македонците оваа Европа ја опеале како Блудница Вавилонска. Таква била, таква и ќе остане, додека престане да постои.
Ама, македонскиот народ тоа сосема одлично го оценил и затоа на референдумот одржан на 30 септември 2018 година речиси две третини од вкупниот број запишани избирачи, Македонци по род и државјанство, НЕ ГЛАСАА „за членство во ЕУ и НАТО“ и ја отфрлија спогодбата Димитров-Коѕијас од 17 јуни 2018 година за промена на името на државата Македонија и идентитетот на македонскиот народ.
ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ.
За жал, пратениците и членовите на Владата на шарла….. Зоран Заев, ја суспендираа слободно изразената волја на Македонците по род и државјанство и гласаа за членство на Македонија во НАТО, а водат и постапка под ненормални услови на демонтажа на државноста и народот за членство на Македонија во Европската Унија под услов промена на името на државата и „историјата и културата на Македонија како дел од хеленската цивилизација“. И затоа треба да одговараат со казна доживотен затвор и конфискација на личниот имот и имотот на членовите на семејствата дома и во светот!

Знаjте, кога ќе ви спомнат „владеење на правото“, „слобода“ и „демократија“, ве лажат! Промената на името на државата Македонија и идентитетот на македонскиот народ е спротивно и на владеењето на правото и на слободата и на демократијата!
Промената на името на државата Македонија и идентитетот на македонскиот народ претставува најтешко кривично дело велепредавство, геноцид врз македонскиот народ и злосторство против човештвото што не застарува!
И, досадните пораки од ЕУ… Со две изјави на прес-конференцијата со премиерот Мицкоски, комесарката за проширување Марта Кос ја оплеска работата пред македонската јавност.
Првата тема на која падна Марта Кос, која е Словенка, е македонскиот идентитет, а втората е впишувањето на Бугарите во Уставот како недоволен услов за влез во ЕУ.
Марта Кос на прес-конференцијаta во Скопје рече дека не може да ни даде никакви гаранции дури и да ги внесеме Бугарите во Уставот! Веќе чуено и видено…
Веројатно несвесна за тоа што го стори, Марта Кос навредливо го спореди македонскиот идентитет со тавче-гравче, полнети пиперки и пинџур.
– Идентитетот е нешто што си го носиме во душите и во нашите срца. Идентитетот е како се чувствуваме и како ја чувствуваме нашата татковина, идентитетот е она како се грижиме за нашата традиција. На пример манастирите во Македонија, погачата, тавче-гравчето, пинџурот или полнетите пиперки, како ги одржуваме традиционалните носии, какви односи градиме со постарите во земјата, каков однос имаме кон зачувување на нашиот јазик, и никој не може да ви го одземе ова на вас Македонците – рече Марта Кос.

Премиерот Христијан Мицкоски не сакаше да влезе во дијалог со Марта Кос и ѝ одговори дипломатски, но со јасна порака дека Марта Кос прави грешка.
– За мене, мојот идентитет не е само прекрасната македонска кујна, туку е и Гоце Делчев, и Шапкарев, и Миладиновци, и Илинденското востание, и Дамјан Груев и Јане Сандански… Не знам дали ќе го споделат истото мислење и колегите од исток, но тоа се луѓето што се дел од нашиот идентитет, македонски идентитет!
Крај на приказната! Итно и безусловно еднострано раскинување на Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година и спогодбата Димитров-Коѕијас од 17 јуни 2018 година и итно и безусловно продолжување на членството во ООН под единственото државно историско и генеричко име, кое се состои само од еден единствен збор – зборот Македонија! И итно и безусловно еднострано распуштање на македонско-бугарската и македонско-грчката меѓувладина комисија за ревизија на македонската историја!
Никогаш северна, само Македонија вечна од исконот до бескрајот! Амин!

Тодор Петров