Лишувањето од сон е лошо за здравјето

По три дена без сон, човекот обично не може да зборува јасно или да оди нормално. Додадете уште два дена и тој или таа најверојатно ќе халуцинира и ќе биде на работ на ментален слом.
Со други зборови, лишувањето од сон е лошо, па дури и без да се изложувате на екстремна будност со денови, продолжените периоди без препорачаните седум-осум часа навечер може да доведат до сериозни здравствени последици.
Тим американски лекари и научници открија дека „неоптималниот“ сон измерен во текот на пет години може да доведе до зголемување на ризикот од „смрт од сите причини за 29 проценти“.
Истражувањето објавено од Американската медицинска асоцијација (AMA) вклучува проучување на 46.000 луѓе и ја истакна потребата да се одржи „здраво времетраење на спиењето со текот на времето“ за да се остане здрав и да се спречи можноста од рана смрт.
Истражувањето на AMA ја следи работата објавена во „Џрнал оф имунолоџи“, која покажува како една ноќ на слаб сон кај здраво младо возрасно лице негативно влијае на имунолошките клетки, што укажува на тоа дека подолготрајниот модел на недоволен сон може да ја зголеми веројатноста дека лицето не само што ќе страда од воспаление туку и ќе го поткопа имунолошкиот систем.
Со седиште во институтот за дијабетес „Дасман“ во Кувајт, тимот откри дека иако прекумерната тежина придонесува за веројатноста за воспаление, она што оттаму го нарекоа „посредни анализи“ покажаа дека нарушувањето на спиењето „независно придонесува“ за воспаление без оглед на тоа дали дебелината е фактор.

Американската медицинска асоцијација (АМА)