Лицем светци срцем волци

Нашата денешна колумна, драг читателу, е мотивирана од скандалот со ракометното финале во европскиот куп во Скопје меѓу грчкиот АЕК и нашиот Алкалоид и агресивниот испад на грчките навивачи и пред да влезат во арената „Борис Трајковски“, а сè подло и кукавички смислено за да се избегне и вториот грчки пораз по поразот среде Атина. И така и се случи. Но нам сè ни е познато во врска со нашето историско и цивилизациско искуство со Грците од една, и Европа од друга страна, која секогаш им помагала беневолентно во ништењето на Македонија и Македонците. И грдиот (не)спортски настан во Скопје така сега отвора подлабоки и посериозни теми од спортските. Тие сега имаат цивилизациски и ментален карактер. Во нивното средиште е менталната и етичката слика на едно племе, народ, раса и цивилизација. Таквиот поглед на нештата секако може сериозно да се критикува од аспект на индивидуата и индивидуализмот, нешто што стрчи надвор од рамката на колективната ментална и етичка слика. Па сепак воленс/ноленс таа постои и не може да се игнорира, оти понекогаш се гледа и со голо око, како што е тоа и во примерот со скандалот со грчките навивачи во Скопје со кој го започнавме текстов.
Да. Антрополозите (Строс, Малиновски, Елијаде…) исто така се занимавале со феноменот на таквата слика на колективната психа, или душа на одделни племиња и народи. Со големата ментална и етичка слика. Во таа смисла е и сугестивната теорија на Иполит Тен, на пример, за расата, средината и моментот како најбитни компоненти/маркери на културолошката слика во која се вглобени и менталниот и етичкиот покрај естетскиот елемент на еден колектив, и пошироко на една раса и цивилизација.
Кус вовед, драг читателу, а со цел да дојдеме во епицентарот на нашава тема ‒ Грците, на кои сме им историски кошмар и неспокој како никој друг народ, но, парадоксално, и катапулт за мегаскок во историска слава. Грците „лицем светци срцем волци“, како што ги дефинира нив како врвен антрополог Григор Прличев, кој ги проучи и со лично искуство нив и рана, нивната лукава одисејска и кон нас варварска психа. Грците, ем светци, ем волци. Светци во волчешка лика. Крволочни волци, кои никогаш во однос на Македонците не се откажале од тој темен анимален нагон на нивните андарти да се хранат и живеат од македонската крв. А тука во видното поле на Прличев се и поандартените грчки фанариоти со кои тој водел беспоштедна борба, бранејќи го своето „смачкано племе“ (Конески) од погубна грцизација по веќе грцизираните Филип и Александар. Да. Но ние не се поучивме од примерот на храбриот мартирски поет. Ни свештениците на нашиот Синод, кои во односот сега со Фанар и проклетиот варварски томос од светците со волчешка лика, дури формираа и комисија (каков срам) за да го испита и утврди генеричкото име на македонската црква. И таму има северни. Нивниот европски владика, на пример, да не остане покусо од Брисел и Атина се бореше за севернизациската смрт на Македонците. Па и еден „патриотски“ владика, лицем светец, изјави јавно дека нему не му пречи придавката на смртта северна пред генеричкото име на нашата црква. Боже мил! Трговци во храмот!
Долга тема. Сепак се враќаме како варијација на тема на дефиницијата на Прличев за Грците, кому тие, откако виделе за каков гениј се работи по освојување на наградата за најдобра поема („Сердарот“) на конкурсот во Атина му понудиле стипендија да студира на најпрестижните универзитети во Европа само и само да го грцизираат. Грците „лицем светци срцем волци“, кои крволочно се хранат со македонска крв. И тука се отвора едно длабоко и деликатно прашање: дали, сам по себе, наклеветен, е непоправливо крволочен волкот. Се разбира, пак, тука ја имаме како варијација на тема и историјата на волкот од еволуциски аспект, кој е патем иманентен за сите живи суштества. Тука како молња ни се јавува во свеста сјајниот императив наменет за човекот на свети Климент Охридски да расте од анималното кон ангелското.

Тој постапен еволутивен процес некои психолози и филозофи го викаат „трансцендентален скок“, скок од пониско во повисоко ниво на обожествена свест и етика. По аналогија такво нешто слично еднаш во далечното минато се случило и кај некои животни. Тоа се случило, имено, во неолитот кога се братимат човекот и животните што ги припитомува тој. И тоа, колку и да звучи парадоксално, драг читателу, јас би го нарекол според божјата промисла и него „трансцендентален скок“. Погледнати работите, пак, од тој аспект и не е чудно што од Господ во пештерата во Витлеем му е укажана честа на добитокот и пред ангелите, пастирите и мудреците да го види штотуку родениот Богомладенец во прегратката на Марија од Назарет. Па не е случајно во таа смисла што и асировавилонските бикови се крилести и така се некој вид префигурација на ангелите. Имено, не случајно и поимот херувим доаѓа во еврејскиот од сумерскиот јазик.
Итн. Зацапавме во мистицизам и метафизика, драг читателу, без интелектуална принуда, кои спонтано ја исполнуваат нашата интуиција и мисла. Но кон сето ова не нè одведе темата или митологемата „грчки волк“, која ја промислуваше во јанѕа и Прличев. Тој волк е македонски историски крвопиец, но неговиот енормен успех во тоа крвопијство со цивилизациски печат се темели и на неговата родствена здруженост со западниот „европски волк“ со истиот како него крвопиен нагон кон Македонците. Сè е познато тука. Сум размислувал и пишувал многу за тој темен феномен. Сепак во контекст на по кој пат варираната тема пак ќе кажам нешто за грчкиот волк, или едноставно за Грците и нивната колективна ментална слика со волчешки нагон за ништење на Македонците. Погледнато од нашето историско искуство со нив слично стојат работите и со Бугарите и Албанците, колку за да не е осамен грчкиот волк. И тие како и Грците се номадски дојденци на огништето на домородните Македонци што се генеричка фиданка на Пелазгите. Едните како Татаро-туркмени се дојдени од Казан на Волга, другите од Кавказ, а Грците од супсахарска Африка, за што неподмитливо, надвор од гркоевропската лага, пишува таткото на историјата Херодот. Поверодостојно здравје. Во сиот овој и таков случај, пак, драг читателу, станува збор за архетипалниот историски и цивилизациски пар дојденци-домородци, кој од своја страна го промовира близначкиот пар варварство-култура.

Во таквиот концепт, пар, се вглобени и Грците и Македонците. Грците дојденци од Африка, како што вели Херодот се вгнездиле како крлежи во домородните Пелазги, позајмувајќи (еуфемизам за кражба) митови, легенди, преданија, обичаи и традиција од домородното пелазгиско население. А потоа, како што покажува историската меморија, украденото го претставуваат исклучиво како свое. На тоа свесно наседна на мегафалсификатот на Јохан Дројзен и Европа, дека Грција е безусловно праизвор на европската културолошка генеза, промовирајќи ги за да биде тоа така и Античките Македонци во Грци. А за да биде тоа убедливо, бидејќи сомнежот во мегалагата сепак постоел, Европа во корист на Грците, и заедно со нив, почнувајќи од Берлинскиот конгрес 1873 наваму сè до денес во континуитет ги стигматизира, порекнува и ништи Македонците, преземајќи акт за нивна конечна идентитетска ликвидација со одземање на нивното генеричко име и подарувајќи му го истото на грчкиот волк во Преспа 2018. Така и најславниот војсководач, визионер и цивилизациски и културолошки реформатор во историјата на човештвото Александар Македонски е промовиран од Македонец во Грк, иако Плутарх пишува како им рекол тој во екстаза на своите војници: „Јас за Македонија го освојувам светот“.
Од Грција и Грците, Дројзен и колонијалистичка Европа (да не ја мешаме другата, невината) направија со фалсификат историско и културно-цивилизациско чудо со многу лаги. Така, на пример, во тој комплекс од лаги влегува и лагата за Хомер и неговата „Илијада“ како грчко културолошко наследство со кое патем се гордее и Вавилонската блудница, денес со седиште во Брисел со маската ЕУ. Лага за авторот и книгата, која Европа ја рангира по вредност веднаш зад Библијата. Да. Ама за чудниот пат на Хомеровиот еп кај Грците пак непоткупливо говори Плутарх, на кого, заслепени од мегафалсификатот на Дројзен, не му веруваат ни „Кембриџ“, ни „Оксфорд“, ни „Сорбона“. А античкиот историчар ја говори вистината. Вели дека Хомеровиот еп го открива Ликург во Мала Азија, за што, дециден е тој, постоело некое темно и нејасно спознание. Неговите песни стануваат познати во времето на Солон (околу 591 пр. н. е), но бидејќи јазикот во нив бил нејасен за Грците, Солоновиот наследник Пизистрат во 560 пр. н. е. дал налог епот да се преведе и накити со грчки јазик. Целта всушност била да се запознаат Грците со нивната победа над Тројанците на чија страна бранејќи ја љубовта се бореле и Македонците. Но неподмитливиот Плутарх тука открива еден факт со кој тој како врвен историчар го раскрива грчкиот ментален синдром на крадци и лажливци. На ненадминливи фалсификатори. Имено, тој вели дека „Солон се послужил со Хомеровиот углед“, злоупотребувајќи го, во делот на „Илијадата“ во кој станува збор за пописот на бродовите што тргнуваат кон Троја „вметнал неколку стиха за атинските чети“. Според свое грчко наоѓање. Тие чети според Солон наравно ги придружуваат преостанатите бродови, кои педантно како книговодствен запис ги набројува на почетокот од „Илијадата“ Хомер. Но за стиховите-фалсификат, како што вели Плутарх „и самите Атињани мислеле дека се тие празни дрдорења“. Имено, Атина е основана во 776 пр. н. е., а Тројанската војна се датира некаде 1200, 1190 пр. н. е.

Доволно. Така фалсификуваат, делат и крадат и денес Грците. Но грчката мегалага со Античките Македонци како Грци ја усвои како своја вистина и модерна Европа, која ја создаде и за наша голема „среќа“ грчката држава во 1831, назначувајќи го Германецот Ото Баварски за грчки крал, чиј советник му беше Јохан Дројзен, кој имаше за задача да го обликува како веродостоен грчкиот мегафалсификат во кој и Античките Македонци на Филип и Александар се промовирани за Грци, со што е до небо возвеличена грчката историска слава. Него го прифати со двете раце и Европа и го вгради во својот образовен систем, трупајќи, како што вели Д. Х. Лоренс, „по инерција сè во грчка вреќа“, вклучително и неговата омилена етрурска култура. А за нас во неа ја натрупа огромната и славна со непроценливо историско и културно-цивилизациско богатство античка Македонија. Па сепак и покрај тоа во грчката и европската потсвест постоеше сомнеж дека сета таа лажно, со фалсификат конструирана слика за Грција не е вистина. Сомнежот дека Македонците не се Грци. И мислам дека е тоа, драг читателу, и причината што Европа, а тука се впрегна и Америка со жесток англосаксонски нарав, заедно со Грците решија идентитетски да ги ликвидираат Македонците, кои со милениуми го носат своето генеричко име, за што сведочи и Библијата, и да ги исклучат од струјата на историската и културно-цивилизациската меморија, префрлајќи им ја неа без остаток на Грците „лицем светци срцем волци“. Така всушност и се случи од 1990 наваму (претходните ликвидации се познати) во брзо темпо чекор по чекор, понижение по понижение, Голгота по Голгота, клинец по клинец на распнатите Македонци да се дојде до Преспа 2018, кога како идентитетски мртовци со пресечување според Иродов модел на нашата идентитетска глава нè закопаа во гробницата на цивилизацијата како идентитетски мртовци. Nocturno. De profundis. Memento mori. Така и беше нахранет крвожедниот за македонска крв грчки волк, а од неа лижеше во Преспа лакомо и западниот европски волк на цивилизацијата. Прославата на таа македонска мемориска смрт, драг читателу, беше канибалистичка и анимално катарзична на тој темен празник на цивилизацијата. А по погребението на идентитетскиот мртовец, меѓутоа од пред раѓање полн со скриена воскресенска моќ, неговите џелати што му ја отсекоа идентитетската глава ‒ Името, прославија дополнително на мрачната иродовска гозба во Брисел и Атина, на која новата Саломе во волчешка грчка и европска лика го играше во екстаза својот делириумски танц до рамената во крв.
Така се случи тоа. Така се збидна. Но темниот нагон за македонска крв не згаснал ни по Преспа 2018. Нешто сличен волчешки мирис имаше и глутницата екстраагресивни грчки навивачи што дојдоа на финалето на европскиот ракометен клуб куп меѓу грчкиот АЕК и нашиот Алкалоид. Не беа доволни англиските бомбардери со напалм-бомби што ги убиваа македонските деца во 1948 и ги чистеа во етноцид Македонците од нивните родни огништа, ниви и полиња за да јадат Грците крвав леб, не е доволна изгледа и Преспа 2018. Има нови знаци на варварство. Сè уште не се целосно задоволни од своето злосторство ни оние во Атина, ни оние во Брисел накази „лицем светци срцем волци“, кои се толку наказни што тешко ќе може да ги наслика и Гоја во своите сомнамбулни каприча. И по Преспа ние го чувствуваме нивниот волчешки здив, оти тие и по таквата наша гибел, и по таквото нивно злосторство се неспокојни: чувствуваат дека полека почнува да се будат електроните на воскресението во атомите од кои е составен масакрираниот труп на мртовецот што мислат дека засекогаш го погребале. Иако ни тој ни Господ не мислат така.