Говорот на омраза на социјалните медиуми

Најново истражување покажува дека објавите во онлајн медиумите што содржат говор на омраза покажуваат сличности во шемата на говор со објавите од луѓе што страдаат со нарушувања на личноста, како што се гранично, нарцисоидно и антисоцијално нарушување на личноста. Затоа, разбирањето дека говорот на омраза отсликува одредени психолошки стилови на говор би можело да помогне во развивање терапевтски или стратегии базирани на борба против токсичното однесување на интернет

Живееме во ера во која доминираат социјалните медиуми, кои се користат некритично дури и од најмала возраст. Исто така, сведоци сме на разни лажни вести или клевети и навреди објавени токму на овие медиуми, кои, за жал, прават големи психолошки трауми.
Најново истражување покажува дека објавите во онлајн медиумите што содржат говор на омраза покажуваат сличности во шемата на говор со објавите од луѓе што страдаат од нарушувања на личноста, како што се гранично, нарцисоидно и антисоцијално нарушување на личноста. Затоа, разбирањето дека говорот на омраза отсликува одредени психолошки стилови на говор би можело да помогне во развивање терапевтски или стратегии базирани на борба против токсичното однесување на интернет.
Во новата студија за која станува збор биле користени алатки за вештачка интелигенција и се откри дека онлајн објавите полни со говор на омраза многу личат на шемата на говор што се гледа во форумите за одредени нарушувања на личноста. Иако тоа не имплицира дека луѓето со психијатриски дијагнози навистина се посклони кон искажување омраза, преклопувањето сугерира дека говорот на омраза преку интернет може да биде резултат од особини како што се ниска емпатија или емоционална нестабилност.
Потврдено е дека објавите што потекнуваат од заедниците со нарушувања на личноста имале најголема јазична сличност со групите за говор на омраза. Овие наоди можат да бидат полезни за идните интервенции преку приспособување на терапевтските стратегии што обично се користат за справување со вакви нарушувања.
Сеприсутноста на социјалните медиуми предизвика загриженост токму поради нивната улога во ширењето на говорот на омраза и дезинформациите, што потенцијално придонесува за многу предрасуди, дискриминација и насилство во реалниот свет.
Авторите на најновата студија објавена во „ПЛОС диџитал хелт“ (al. PLOS Digital Health) во јули, сугерираат дека нивните наоди би можеле да помогнат во подготовка на нови стратегии во борба против говорот на омраза и дезинформациите на интернет, како и нивното лекување со користење елементи на терапија развиена за психијатриски нарушувања.
Претходните истражувања открија поврзаности меѓу одредени особини на личноста и чинот на објавување говор на омраза или дезинформации на интернет. Сепак, дали постојат какви било поврзаности меѓу психолошката благосостојба и говорот на омраза или дезинформациите на интернет е доста нејасно прашање. За да помогнат во разјаснувањето, двајца автори користеле алатки за вештачка интелигенција за да анализираат објави од 54 заедници на Редит релевантни за говор на омраза, дезинформации, психијатриски нарушувања или за неутрална споредба. Да појаснам, Редит е мрежа од заедници каде што луѓето можат да се изјаснуваат за своите интереси, хобија и страсти.

Избраните групи вклучувале АДХД (ADHD) – заедница за дискутирање за нарушување на вниманието/хиперактивност, „Ноу њу нормал“ (NoNewNormal) – посветена на дезинформации за ковид-19, и инцели, заедница забранета токму поради говор на омраза.
Истражувачите го користеле моделот ГПТ3 за да конвертираат илјадници објави од овие заедници во нумерички претстави што ги опфаќаат основните обрасци на говор користен во објавите.
Овие претстави, или „вградувања“, потоа можеле да се анализираат преку техники на машинско учење и математички пристап познат како тополошка анализа на податоци.
Оваа анализа покажала дека обрасците на говорот користен во заедниците што бил полн со говор на омраза биле слични на обрасците на говор во заедниците со комплексно посттрауматско стресно нарушување или гранични, нарцисоидни и антисоцијални нарушувања на личноста. Врските меѓу дезинформациите и психијатриските нарушувања биле помалку јасни, но силни со некои врски со анксиозни нарушувања.
Важно е што овие наоди воопшто не сугерираат дека луѓето со психијатриски нарушувања се посклони кон говор на омраза или дезинформации. Прво, немало начин да се знае дали анализираните објави се направени од луѓе со дијагностицирани нарушувања.
Затоа се потребни повеќе истражувања за да се разберат и да се истражат заедниците со говор на омраза што ги имитираат обрасците на говор што се гледаат кај психијатриските нарушувања.
Авторите сугерираат дека нивните наоди би можеле да помогнат во создавање нови стратегии за борба против говорот на омраза и дезинформациите преку интернет, како и нивното лекување со користење елементи на терапија развиена за психијатриски нарушувања. Притоа, авторите додаваат: „Нашите резултати покажуваат дека говорните обрасци на оние што учествуваат во говор на омраза преку интернет имаат силни сличности со говорот на оние од заедници на лица со одредени психијатриски нарушувања. Главни меѓу нив се нарушувањата на личноста како што се: нарцисоидно растројство на личноста, антисоцијално растројство на личноста и гранично растројство на личноста. Овие нарушувања се генерално познати по недостиг од емпатија/почит кон благосостојбата на другите или тешкотии во управувањето со лутината и односите со другите.
Иако се барани сличности меѓу говорните обрасци на дезинформациите и психијатриските нарушувања, врските што се најдени биле многу послаби. Освен потенцијалната компонента на анксиозност, може да се каже во овој момент дека повеќето луѓе што веруваат или шират дезинформации се всушност доста здрави од психијатриска гледна точка.

Овие резултати не значат дека лицата со психијатриски состојби имаат поголема веројатност да се вклучат во говор на омраза. Наместо тоа, тие сугерираат дека луѓето што се вклучуваат во говор на омраза преку интернет имаат тенденција да имаат слични говорни обрасци како оние со нарушувања на личноста. Можно е недостигот од емпатија кон другите, поттикнат од говорот на омраза, да влијае врз луѓето со текот на времето и да ги тера да покажуваат особини слични на оние што се гледаат кај нарушувањата на личноста, барем во однос на целта на нивниот говор на омраза.
Во таа смисла, појавата на многуте социјални медиуми доведе до зголемена загриженост за нивниот потенцијал за ширење говор на омраза и дезинформации, за кои, покрај тоа што придонесуваат за предрасуди и дискриминација, постои сомнеж дека играат улога во зголемувањето на социјалното насилство и злосторствата, особено во Соединетите Американски Држави.
Иако литературата покажа постоење на поврзаност меѓу објавувањето говор на омраза и дезинформации на интернет и одредени особини на личноста, општата врска и релевантноста на говорот на омраза/дезинформациите на интернет во контекст на целокупната психолошка благосостојба остануваат нејасни. Една тешкотија лежи во пронаоѓањето алатки за анализа на податоци способни соодветно да го анализираат огромното количество објави на социјалните медиуми за да ги откријат скриените врски.
Машинското учење и големите јазични модели како што е ЧетГПТ (ChatGPT) овозможуваат таква анализа. Во оваа студија, собрани се илјадници објави од внимателно одбрани заедници на страницата на социјалните медиуми Редит. Потоа е искористен ГПТ3 на „ОпенАИ“ за да се изведе вградувања на овие објави, кои се вектори со високи димензии со реални броеви, кои веројатно ја претставуваат скриената семантика на објавите.
Потоа се извршени различни класификации на машинско учење врз основа на овие вградувања, со цел да идентификуваат потенцијални сличности меѓу моделите на говор на омраза/дезинформации и оние на различните заедници. Конечно, на вградувањата била применета тополошка анализа на податоци (ТДА) за да се добие визуелна мапа што ги поврзува говорот на омраза преку интернет, дезинформациите, разните психијатриски нарушувања и општото ментално здравје.
Разбирањето дека говорот на омраза отсликува одредени психолошки стилови на говор би можело да помогне во развивање терапевтски или стратегии базирани на заедницата за борба против токсичното однесување на интернет.

Клучни факти

Преклопување на говорот – заедниците за говор на омраза покажале јазични особини слични со заедниците за нарушувања на личноста.
Нема дијагностичка врска – студијата не тврди дека лицата со ментални болести се поомразени – само дека јазичните модели се слични.
Терапевтски потенцијал – сознанијата би можеле да водат до нови стратегии за борба против говорот на омраза со користење пристапи за ментално здравје.
Значи, пораката би била – внимавајте на објавите на социјалните медиуми и пристапете им со голема резерва ако објавувачот е непознат (што е најчесто). Би можело да се работи и за ментално проблематична личност. Конечно, социјалните медиуми треба да бидат поттикнувачи на доброто и позитивното кај луѓето, а не да сеат омраза и невистини.